Што беше синоќа со Никола Јокиќ?

Српскиот центар игра неверојатна сезона, а синоќа против Јута го израмни личниот рекорд со 47 поени од кои дури 22 во првата четвртина. Јокиќ во триумфот на Денвер против Јута 128-117 имаше и 12 скока за 20-ти дабл-дабл по ред, 5 асистенции и 2 украдени топки.

Во првата четвртина Јокиќ си поигруваше со одбраната на Јута Џез: 

Јокиќ го заврши мечот со 17/26 од поле, 4/4 за три поени и 9/10 слободни фрлања. Во прво полувреме даде 33 поени што е права реткост дури и за НБА. Центарот на Денвер е најсериозен кандидат за МВП на сезоната во НБА:

1 февруари 2021 - 09:27