Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Фудбалер на Ница доби црвен картон во 9-та секунда и постави рекорд за најбрзо исклучување

Мечот на Ница против Анжер ќе се пишува во фудбалските книги. Започна надреално за домаќинот зошто во првиот напад на гостите, Жан-Клер Тодибо жестоко фаулираше противнички фудбалер и во 9-та секунда доби директен црвен картон.

Сте виделе ли рафал од жолти картони?

Во Аргентина на дербито Банфилд - Ланус, гостите славеа 1-2, а мечот покрај црвениот картон на домашниот играч Арон Факундо Квироз, го одбележи и главниот судија кој во еден момент покажа жолт картон на четврорица фудбалери во две секунди.

Блесокот на Хернангомез кој ги шашардиса Франзуците со седум тројки

Вили Хернангомез е прогласен за МВП на Европското, ама внимавајте што правеше во финалето брат му кој постигна 27 поени од кои дури седум тројки од девет обиди. Само во втората четвртина Хуанчо Хернангомез беше немилосрден со шест тројки во шест минути.

Потоп на пресот на европските прваци

И покрај тоа што не беа меѓу главните кандидати за титулата на ова првенство, сепак Шпанците блеснаа од сенка и со триумф над Франција стигнаа до европската титула број 4. Селекторот и капитенот ги избањаа од глава до петици.

Навивачите на Абердин смислија песна за Бојан Миовски

Со 5 гола уште по првите 5 кола, македонскиот напаѓач ги придоби навивачите на шкотскиот прволигаш кои најдоа доста добар начин како да го мотивираат уште повеќе. Му посакуваме многу голови и за репрезентација. Македонија на 23 септемвтри гостува во Грузија, а на 26-ти ја пречекува Бугарија.

Рома изгуби, Мурињо збесна и доби црвен

Аталанта ја скроти Рома на Олимпико со 0:1, а Жозе Мурињо во второто полувреме беше исклучен. Португалецот се изнервира поради прекршок врз Заниоло од кој очекуваше пенал и потоа побудале. Прво влета на терен да се објаснува, а потоа неконтролирано го пцуеше судијата, па дури и му се сипа.

Убаво голче на Адеми во стил на напаѓач

Динамо Загреб ја совлада Локомотива со 1:2, а Аријан Адеми го отвори резултатот по само 6 минути игра откако одлично се снајде во шеснаесетник. Македонскиот репрезентативец игра во топ форма во пресрет на последните два дуели од Лига на нации против Грузија и Бугарија. Сезонава има 4 гола и 2 асистенции, а беше прогласен и за најдобар играч на мечот против Челси.

Резилот на Јувентус во Монца

Тимот на Макс Алегри е дефинитивно во криза откако денеска стигна до петти меч без триумф. Има два порази во ЛШ од ПСЖ и Бенфика и нерешено со Фиорентина и Салернитана. Кулминацијата им е денешниот пораз од новиот прволигаш Монца кој ја слави првата победа во Серија А од 1:0.

Голманот на Аугзбург спречи прекрасен гол на Нојер и донесе победа над Баерн

После седум одиграни кола во германската Бундеслига, Баерн Минхен никако не може да ја пронајде формата. Имаат 3 победи, 3 нерешени и 1 пораз кој синоќа им го нанесе Аугзбург со голот на Мергим Бериша во 59' минута. Баварците имаа 19 шута од кои 6 во рамки на противничкиот гол а на крајот во последни секунди можеше да ги спаси капитенот Мануел Нојер. Јунак испадна домашниот голман Рафал Гикјевич со бравурозен рефлекс.

Гатузо во својствен стил прослави гол на Валенсија

Џенаро Гатузо ја презема Валенсија неодамна и веќе разви добар однос со навивачите на „Месталја“ каде секогаш има амбиент каков што е карактерот на Италијанецот, жустар и жесток. Валенсија на домашен терен ја оствари и третата победа сезонава, падна Селта Виго со 3:0 а при вториот гол на „лилјаците“ Гатузо дрмаше еден навивач на трибините.

На легендарниот Дејвид Култхард во кафана му свиреа брмчење на формула

Легендарниот шкотски пилот Дејвид Култхард кој повеќе од една деценија беше дел од Формула 1 и возеше со легенди како Шумахер, Баричело, Хакинен, Жан Алези, Монтоја и др. Во Белград дојде како промотор на Ред Бул со кого е под договор, а работи и како стручен консултант на БиБиСи.

Судијава во маало го викаат Јап Стам

Необичнава фудбалска сцена се случува во Бразил на меч на Фламенго. ВАР ќе има ли? И кој ќе го казни судијава?

41 поен на 41 годишниот маестро Федерер кои и пркосат на физиката

Ова е материјал на кој не можеш да му правиш никакви поделби или рангирање на поените од 1 до 41. Се гледа во еден здив и се ужива. Хајлајт на една кариера која мора да се овековечи во документарен филм. Роџер Федерер изгради тениски стил на игра кој го издигна до совршенство.

Ги изгубивме дресовите и опремата, вие ќе ни дадете маици па ќе лепиме амблем

Пред мечот во Лига Конференции меѓу романскиот клуб Клуж и турскиот Сиваспор, гостите слетале во Романија и по кратко време сфатиле дека на аеродром го изгубиле целиот багаж опрема за фудбалерите и стручниот штаб. Немале резервна опрема, а до мечот имало само неколку часа.

Махериште на колото за милион денари

Прашајте го охриѓанецов како сезонава и ќе ви рече никогаш појака. За него таа почна со влог од 100че и добива од нешто над 1 милион денари. Четири комада му ги даде од ЛШ и тоа полувреме/крај со комбинација на голови.

Играњето во голем клуб како Барселона ти носи секакви погодности

Младиот бисер на Барса и фудбалската репрезентација на Шпанија, Гави, реши да ги одбие сите понуди за него и да го продолжи договорот со својата Барселона. На коктелот по повод новиот договор, една девојка се фотографираше со Гави и на ливче му остави нешто. Некои би рекле бројче.

Гледајте сега како ќе го издриблам Дрогба додека ми потпишува дрес

Легендарниот напаѓач на Челси сепак ја прифати шегата во целост и му го направи филмот на малиот.

„Играј за стан во Скопје“ - нова акција на Sport Life

Натпреварот „Играј за стан во Скопје“, Sport Life им го овозможува ексклузивно на своите лојални играчи - членови на СЛ клубот. Во финалната етапа, победникот ќе треба да погоди најголем вкупен коефициент на еден или на повеќе добитни тикети.

Жалната судбина на номадскиот клуб Шахтор Доњецк кој со свои деца веќе освои 4 бода во Лига на шампиони

Украинскиот гигант и повеќекратен шампион на оваа земја, Шахтјор Доњецк, во средата освои драгоцен бод на мечот против шкотски Селтик, одигран илјаднници километри далеку од нивниот дом, во Полска.

Голчиште на Хоакин, ветеранот кој со 41 година игра врвен фудбал

Бетис и Лудогорец одиграа прекрасен дуел во Лига Европа. Домаќините славеа 3-2, бугарскиот претставник одигра добар натпревар а момент на мечот беше голчиштето на ветеранот Хоакин кој со 41 година стана највозрасниот стрелец во историјата на Куп Уефа/Лига Европа.

Голманот на Фиорентина е цреп на колото

Турски Башакшехир ја згроми Фиорентина со 3:0 во рамки од Лига Конференции. Најслаба карика кај гостите беше голманот Пјерлуиџи Голини кој беше директен кривец за еден од головите.

Хулигани на Милан демолираа сендвичара, вработената вришти без престан

Не само што ја кршат насилнички, туку потоа и се пентарат на излог и ги напаѓаат вработените. Нездрава работа. Инаку ова се случува ноќта кога играа Милан и Динамо во ЛШ. Од страна ни полиција ни бутур, само луѓе за сеир.

Македонскиот клупски фудбал е 52-ри од 55 земји, пред нас е и Гибралтар

Излезе ранг листа на УЕФА, која подобро да не ја видевме. Ни ја грди и омаловажува репрезентацијата со кој се израдувавме на историски успеси.

Роналдо одби убава Молдавка за сликање

Кристијано Роналдо против Шериф Тираспол го постигна првиот гол сезонава, кој инаку му е деби погодок во Лига Европа каде настапува за прв пат во кариерата. На полувреме му пријде девојка од лекарскиот тим на домаќините која се спремаше со телефонот за фотка, ама и удри корпа.