Голманот на Аугзбург спречи прекрасен гол на Нојер и донесе победа над Баерн

После седум одиграни кола во германската Бундеслига, Баерн Минхен никако не може да ја пронајде формата. Имаат 3 победи, 3 нерешени и 1 пораз кој синоќа им го нанесе Аугзбург со голот на Мергим Бериша во 59' минута. Баварците имаа 19 шута од кои 6 во рамки на противничкиот гол а на крајот во последни секунди можеше да ги спаси капитенот Мануел Нојер. Јунак испадна домашниот голман Рафал Гикјевич со бравурозен рефлекс.

18 септември 2022 - 10:42