Фудбалер на Ница доби црвен картон во 9-та секунда и постави рекорд за најбрзо исклучување

Мечот на Ница против Анжер ќе се пишува во фудбалските книги. Започна надреално за домаќинот зошто во првиот напад на гостите, Жан-Клер Тодибо жестоко фаулираше противнички фудбалер и во 9-та секунда доби директен црвен картон.

Судијата на мечот Ница - Анже (0:1) Бастиен Дешепи не можеше да се задржи на жолт картон иако само што почна мечот.

Тодибо на тој начин влезе во историјата: статистичката компанија Opta пишува дека ова исклучување е најбрзо во историјата на францускиот фудбал (Опта следи статистика од сезоната 2006/2007).

Ница играше повеќе од еден час со играч помалку зошто во вториот дел Софиан Буфал од Анже доби втор жолт картон и се израмнија на теренот. Но Ница на крај изгуби 0-1.

Најбрзиот црвен картон на Тодибо е веројатно и најбрзо добиен во сите топ5 европски лиги. Во Премиер лига рекордот го држи Гарет Маколи од Вест Бром кој во 2015-та на меч против Манчестер Сити бил исклучен во 63’ секунда.

Но уште поинтересно е дека фаулот го направил Крег Доусон врз Вилфред Бони а судијата Нил Сворбик му покажал црвен на Маколи. Ги помешал броевите на дресовите, 23 и 25. После откако му го укажале ја сменил одлуката и црвениот му го препишал на Крег Доусон.

Во шпанска Ла Лига најбрзиот црвен картон во историјата го добил Уго Гиљамон од Валенсија кој во 31’ секунда на мечот против Хетафе бил пратен назад во соблекувална. Ова било прво коло од сезоната 2021/2022.

Во германската Бундеслига негативниот рекорд го држи гоманот Лукаш Храдецки кој во 2017-та година бранеше за Ајнтрахт Франкфурт и во 131’ секунда од мечот играше со рака надвор од својот шеснаесетник и доби црвен.

 

Необично, Храдецки во првото коло од сезонава 2022/2023 добил црвен картон и од клупа влегол резервниот голман Андреј Лунев.

Во Серија А исто има неколку супербрзи исклучувања. На пример шпицот на Болоња Џовани Лоренцо во 1991-ва година добил директен црвен картон во 10’ секунда од мечот.

Во XXI век, најбрзиот црвен го доби Џулио Миљачо додека играше за Аталанта - на дуел со Палермо го исклучија за 32’ секунди. Интересно го исклучија против тимот од Сицилија каде подоцна играше многу долго.

19 септември 2022 - 09:57