Offside

Жешко лето во Рим. На навивачите на Лацио им е прелејана чашата со Клаудио Лотито, кој поради несовесно работење, го блокираше клубот со забрана за трансфери. Тимот остана без пласман во Европа, но и без можност за купување играчи.

Видеото на денот ни доаѓа од Мароко

Двајцава дефанзивци од предновогодишна прослава отишле директно на натпревар, а третиов ги чекал да згрешат. Резултатот е ремек дело.

Командант Марек од Турција

Еден од најголемите миленици на Наполитанците, Марек Хамшик, после долгото искуство во Серија А, комендува искусно во играта на Трабзонспор. Погледнете какво видео му извадија од средбата против Инстанбул Башакшехир. Ги разигрува со велемајсторски пасови од каде сака.

„We Are the Champions“ со новиот тренер на Вардар

Тогаш ја имаше функцијата на помошник тренер, а четири години подоцна добива поголема одговорност, а тоа е да го води двократниот првак на Европа. Незаборавното шампионско селфи на Давид Дејвис за време на вардаровата ерупција на плоштад, на 6 јуни 2017-та.

Нов лудачки тикет со четири погодени резултати на полувреме

Мислевме дека вакво нешто ќе се повтори за едно 10 години, а тоа се случува два пати во ист месец. Повторно четири резултати на полувреме, но овој пат одиграни исто, уплатени во Демир Хисар и за поголема добивка.

Атракција на Дибиров кој направи пируета на ревијален натпревар

Чеховски Медведи славеше јубилеј од 20 години постоење, а на спектаклот го повика и Тимур Дибиров кој го носеше нивниот дрес од 2004-та до 2013-та година. Шоу со освртување од 360 степени приреди во една контра еден на еден со голманот.

Кој е кошаркарот кој од МЗТ Скопје отиде во НБА и таму се разигра

Спортската судбина е толку непредвидлива што буквално ниеден кошаркар, фудбалер, ракометар не знае каде во некој даден момент ќе заврши. Приказната со еден американски кошаркар е многу интересна.

Бобо Виери: „Во неволја сме, ќе биде многу тешко да се победи Македонија“

Некогашниот центарфор на Интер, Јувентус, Лацио и Атлетико Мадрид, кој жареше и палеше пред противничките голмани, сега води своја емисија на неговиот профил на Твич. Фудбалски настани коментира со Касано, Никола Вентола и Даниеле Леле Адани. Во интервју за Кориере дела Сера Виери даде неколку интересни одговори. 

Уште едно ненормално фрлање во НБА, погодена жена со баскет

Откако Фрејзер од Орландо фрли една топка под сводовите во салата на мечот со Мајами, синоќа и Кристијан Вуд имаше глупава реакција па топката ја заџитари во трибини каде погоди една дама.

Чуден гол со несфатливо изведување слободен удар

Не паметиме ваков апсурден гол како овој во Бразил. Ботафого добива фаул на своја половина, а стоперот најлабаво ја враќа топката на голман. Тоа што е нејасно е дали ја изведува или па му да ја дава на голманот да ја изведе? Никој не тргна на таа топка, а Интернационал ја искористи и ја претвори во гол, кој потоа му беше признат со помош на ВАР.

Соло акцијата на Рашфорд за која цел стадион му пукна сеир

Имаше желба за еден дриблинг до два, па и за еден убав центар шут, ама...

Давид де Хеа го спаси Манчестер Јунајтед од пораз со првокласна интервенција

Манчестер Јунајтед одигра само 1:1 на гостувањето против Њукасл, а можеше да биде и полошо. Кавани го израмни резултатот во 71-ва минута, откако домаќините водеа по 7 минути игра, а на три минути до крај Де Хеа се фрли како мачка

Дедото кој цел живот го следи Атлетико доби дрес што го расплака

Авторот на видеото во описот вели: „За да разберете што се случува, мора да сте плачеле на Калдерон („Висенте Калдерон“ стариот легендарен стадион на Атлетико Мадрид) кој беше мој дом. Или на Метрополитано (новиот ултра модерен стадион на Атлетико) каде дедо ми плачел со татко ми за рака“. 

Најсмешно фрлање на сезоната во НБА

Ова не може да се опише како додавање, ни како асистенција. Само Тим Фрејзер од Орландо Меџик знае што сакаше на мечот со Мајами кој „магичните“ го изгубија 93-83 и го забележаа 27-от пораз во сезоната.

Леташ 11.000 км за Премиер лига и ти ја одложуваат поради Ковид

И плус требало да биде божиќен подарок...За среќа на малиот, му се случува неочекуван пресврт.

Што вика најдобриот тренер на светот за маските

На Пеп Гвардиола кој во неделата со својот Манчестер Сити го совлада Лестер со неверојатни 6:3 и е апсолутен лидер на табелата во Премиер лига, не му е јасно како е можно никој никаде по маркети, молови, да не носи маска.

Идеален слободен удар и супер гол за навивачите

И во Шкотска имаше Боксинг деј, фудбал за време на празниците. Абердин го пречека Данди и победи со 2-1, ама голот или голчиштето што за гостите го даде легендарниот шкотски шпиц Леих Грифитс е за најавна шпица на колото.

Слободниот удар за 2021-ва ни доаѓа од Индија

Мајсторот се вика Грег Стјуарт, а во септември годинава направи трансфер од Ренџерс во Џамшедпур. Од кај го извади бе фелшов младичу?

Најди го натрапникот за црвен картон

Меч од Премиер лига на Кувајт, Ал Салмија со 3-2 го победи Ал Кадисја. Пред сам крај на мечот во 102’ минута од судиско продолжение 34-годишниот голман на Ал Кадсија расипнички од зад грб сакаше да го сопне судијата.

Сме виделе сè, ама ова уште не - доктор доби жолт картон во Турција

Турскиот фудбал стварно вреди многу, многу поголемо внимание од она што го има. Во најдобрата Суперлига таму играат многу богати клубови со врвни играчи, ама има и многу интересни несекојдневни ситуации и во втората турска лига.

Комедии со Јокиќ на фрлање топка, судијата прсна од смеење

Ако изминатиов период беше почесто во кавги со судиите, овој пат во Лос Анџелес мечот не можеше да стартува поради неговите будалаштини. Циркуз направи, а на тоа не можеше да одолее ниту судијата.

Работен викенд за Ѓоковиќ

Добар еве, во Белград сум малце да поиграм тенис со другарчињата. Има време за Австралија, ќе видиме.

Да видиме Евра како е расположен за празнициве

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Јувентус на 40 години во пензија ја живее својата втора младост. Без фудбал и обврски, туку со дух кој го краси. Прв е за будалаштини.

Голман не се нервирај, нема што да и правиш на таа топка

Од натпреварите на „Боксинг-деј“ најзборуван е оној меѓу Манчестер Сити и Лестер кој заврши со резултат 6:3. Ама и средбата меѓу Брајтон и Брентфорд има со што да се пофали. Заврши 2:0, а најјак мангуп излезе Тросар, кој го изработи голманот на несекојдневен мајсторски начин.

Бомбастичниот погодок на Балотели кој на големо се коментира во Турција

Турскиот шампионат беше еден од ретките кој викендов понуди фудбал, а таму дуел имаа Марио Балотели и Адис Јаховиќ. Заврши 1:1, а Италијанецот го постигна голот на колото.