Offside

Пејсерси направија подвиг против Оклахома како фаворитот за титулата и се изборија за седми натпревар кој ќе се игра само 20-ти пати во историјата на НБА лигата.

Му ја бранам на Бруно и ги тепаме

Манчестер Јунајтед неуспешно ја стартуваше 2022-ра, со пораз дома од Вулверхемптон од 0:1 и сега е седми на 4 бода зад четвртата позиција. Мечот го реши Жоао Мутињо во 82-ра минута, а во последниот миг од средбата, трепера срцата на Олд Трафорд.

Радовишки навивач vs струмички судија, прекрасна средба

Едни велат дека зад убавиот репортоар на зборови стои Тони Дрога од Радовиш, други дека тоа е Марчело Липи задолжен за балкански пазар, а трети дека се работи за Роберто Баџо кој влегува во вербален дуел со судиската тројка.

Јокиќ се загрева, а за во позадина ечи „Зицер“ од Карлеуша

Ај што Балканци газат во НБА, него јакото е што турфо фолк им рокаат во сала. Пред дуелот меѓу Денвер и Далас, односно Јокиќ vs Дончиќ, на загревање одеше нумера од извесна Оља Карлеуша која се вика „Зицер“ и на која Никола држеше ритам со глава.

Пенал на пијано

Да водиш 5:0 и да пробуваш нешто ајде, ама ова глупирање се случи во пенал серија за тоа кој оди понатаму во Куп на Франција. Пациентот се вика Елиот Симое и треба да биде среќен што неговиот Нанси успеа да го мине Рен на пенали. Инаку ова е за ластици и греење клупа.

Асистенцијата на Дончиќ, хаотичната контра на Лејкерски и монструозното забивање на Смит

Од сите три, само тоа во средина не може по ниту еден параметар да влезе во топ 10 потези на колото во НБА лигата, бидејќи Вестбрук и Џејмс не знаеа кај тераат.

Ковачиќ е ова или Зидан?

Не бил само лудачкиот волеј празник за очи од страна на Хрватот на дербито против Ливерпул. Погледне го како ја залепи оваа тешка топка за смирување, а потоа и дуелот со Фабињо, кој е пишман што го нападна.

Воодушевувачки гест на Аспас за време на прослава за гол

Изненадувачки резултати во Шпанија во пост новогодишното коло. Хетафе го совлада Реал Мадрид, а третопласираниот Бетис загуби дома од Селта. Јаго Аспас го реши мечот, ама и покажа голема почит.

ЕХФ: Ќе ги однесе ли Кире Лазаров Македонците до слава како тренер – играч?

Европската куќа на ракометот ја анализираше македонската ракометна репрезентација и постави три прашања. Едно од нив се однесува на младите и нивниот потенцијал. Велат внимавајте особено на централниот бек Марко Мишевски и десното крило Ненад Костески.

Мангупска паненка во Франција со која го измести голманот

Французите на 2 јануари фатија да играат Куп натпревари. Брест го совлада Бордо со 3:0, а Роман Фавр немаше исаф за кичмата на голманот.

Индија може слободно да го затвори конкурсот за гол во 2022-ра

Наградата за гол на годината на момаков, да му ја врачи лично и персонално Жунињо. Бразилецот е синоним за изведување велемајсторски „сув лист“ удари, ама ова е нешто посебно. Како ли успеа толку високо да одлета топката и да падне во гол? Прегоре коментаторот.

Спектакуларната одбрана на Тер Штеген во 92-ра и ножичките на Де Јонг ала Роналдо

Со крпен состав и 16 отсутни фудбалери, Барселона освои многу важни 3 бода на гостувањето против Мајорка. Мечот го реши Лук де Јонг, а Марк Андре Тер Штеген во судиско реагираше како Арпад Штербик.

Проба да му ја земе на Кампацо од раце, ама го снема

Имаме нова забава со легендарниот кошаркар на Реал, Факундо Кампацо кој овој пат си поигруваше со играчите на Хјустон. Денвер славеше 124:111, а аргентинскиот плејмејкер постигна дабл дабл учинок од 24 поени и 12 асистенции. Погледнете го ова дробење.

Кој пукаше во Трезеге?

Изгледа во Англија и на 2 јануари се слави Нова година, судејќи според реакцијата на Трезеге од Астон Вила. Навивачите се едногласни дека ова е најлошата, најсрамната и најглупавата глума која ја виделе во Премиер лигата.

Ковачиќ мајсторе од утре ќе се гледаш на најавни шпици

Челси и Ливерпул приредија гол шоу на полувремето од новогодишното коло во Премиер лигата. Првите 45 минути завршија со резултат 2:2, а страшното голчиште на дербито постигна Матео Ковачиќ.

Дриблерот кој не успеал да се отрезни

Најјакиот дриблинг е овој и ниту еден друг, откако е измислен фудбалот како спорт. Еднаш го споделивме, ама моравме да го споделиме пак. Дајте му медал на човеков под итна постапка.

2021-ва е за Дејан Георгиевски, јунакот кој на Македонија и го донесе најголемиот спортски резултат

Најизговорениот и најпишуваниот спортски збор во Македонија во текот на Летните Олимписки игри, без конкуренција беше теквондо. Заслугите за тоа одат кај Дејан Георгиевски, скромното и храбро момче кое до финале ги истепа сите и стана вицешампион во светот.

Најдолгите пенали на годината што изминува

Имаше на фудбалските терени секакви циркузи. Од годинава ќе паметиме и пенали на едни младински фудбалери од Азија кои траеа безмалку со саати.

Шпанија еднаш со Македонија пушти фудбалер за тој да нема право да игра за Мароко

Барселона не го пушта својот талентиран играч на Куп на Африка (9 јануари - 6 февруари 2022), селекторот Халилхоџиќ револтиран. Ист случај имаше и во минатото.

Еден од најјаките фудбалски моменти за 2021 - со турскиот бек

Алпаслан Озтурк има 28 години и игра десен бек за Галатасарај и репрезентацијата на Турција. Роден е во Антверпен, Белгија, од родители кои мигрирале во оваа земја. Играше за неколку белгиски клубови пред да дојде во Турција. Пред мечот на Турците со Црна Гора во септември 2021 добива телефонски повик дека е на списокот репрезентативци. Се израдува како дете, во некоја приватна установа.

Убави глетки се ова, Ериксен почнал да тренира

Летоска на Европското им преседна фудбалот на Данците, па и пошироко, бидејќи животот му висеше на конец, шест месеци подоцна го гледаме на терен со топка. Браво јунак. Кариерата не е завршена.

Кој му дозволил на овој да игра фудбал?

Леандро Бакуна е роден во Холандија, игра за селекцијата на Курасао поради потеклото, член е на Кардиф во Чемпионшип и нема акал. Погледнете го овој старт над играч на Бурнмаут со две нозе. Па ова е нехумано.

На Партизан им ја пееја „Чија је ово Звезда“, Обрадовиќ со чаша ќе ги гаѓаше

На предновогодишната прослава на Партизан, пејачот ги измеша брзините. Треба да ги види реакциите на Жељко Обрадовиќ и Предраг Даниловиќ и да заборави на бакшиш цела вечер.