Offside

Голден Стејт Вориорс приредија спектакуларен и историски пресврт, совладувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 112–95 во рамките на НБА Купот во „Чејс Центар“.

Баскиско зига-зага

Во големото баскиско дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао, кое домаќините го добија убедливо со 3-0, домашните навивачи направија еуфорична атмосфера. Во 8 кола од новата сезона Сосиедад има 4 победи, 3 нерешени и 1 пораз и е на петто место во Ла Лига.

Асистенција на Трајковски за победа против Динамо и блескава кореографија на Торцида

Александар Трајковски ќе има убави спомени од првото хрватско дерби како играч на Хајдук. Влезе како џокер и асистираше за победа на големиот ривал Динамо Загреб.

Што е со потезиве во одбрана на Рудигер?

Реал Мадрид без проблем ја симна Жирона од врвот на табелата, со гостински триумф од 0:3. Ама Антонио Рудигер има некој проблем. Мавташе со рацете ко луд.

Јак перформанс на навивачите на Салернитана во чест на Пинк Флојд

Легендарниот англиски рок бонд одбележува 50 години од излегувањето на албумот „Dark Side of the Moon". Навивачите на Салернитана на мечот против Интер, тоа го одбележаа на феноменален начин.

Шкотско навивачко лудило во 95 и 97 минута

Навивачите на Мадервил и Селтик приредија сцени кои ретко се гледаа. Домаќините до толку прснаа од радост за израмнувањето против 53 кратниот првак на Шкотска во 95-та, што се симнаа на терен, мислиш титула слават. Ама тоа не беше крај на мечот. Селтик победи 1:2 со гол во 97-ма.

Во Јужна Америка овој не би поминал вака

Реал Сосиедад има убаво водство од 3:0 над Атлетик Билбао, доволна причина за домашните навивачи да се опуштат и да ја подигнат атмосферата на стадион. Меѓу нив се најде падобранец, кој на многу стадиони низ светот не би го ни пуштиле вака во туѓо друштво.

Моќна порака на Ајдуци Струмица

Навивачите на Беласица од каде произлезе најголемиот фудбалски бисер со светска слава, Горан Пандев, со една парола ги затнаа устите на сите власти и моќници кои дозволија кладилниците да го окупираат градот и да го надвладеат интересот за спорт кај младите.

Ливерпул драстично покраден, во Премиер има лоши судии

Дербито во Премиерлига меѓу Тотенхем и Ливерпул ја разгори жестоката дебата за лошото судење во англискиот фудбал. Спарс победи 2-1 со автогол на стоперот на Ливерпул Жоел Матип во длабоко судиско продолжение во 90+6' минута но претходно имаше чудни судиски одлуки.

Прекинат меч на Ајакс, голманот на РКЦ реанимиран на терен

Потресни епизоди имаше на натпреварот РКЦ Валвејк - Ајакс во холандската Ередивизија. Во 85' минута од мечот во самиот финиш при водство на гостите 2-3, голманот на домаќините Етиен Васен изгубил свест по силен судир со напаѓачот на Ајакс Брајан Броби.

Кога Зидан играше самба против Бразилците

Уф на каков клип налетавме. 1 минутен фудбалски празник со неповторливиот Зинедин Зидан. Франција vs Бразил, конечни 1:0 во четвртфинале на СП 2006. Никој друг во свет нема вака играно против Бразилците. Не е нормален.

Паненка на денот

На дуелот меѓу АЕК Атина и Атромитос во грчката Супер лига досудени биле дури три пенали. Домаќинот повел во 31’ минута преку Нордин Амбрабат. Гостите израмниле во 89’ минута со гол на Карол Ангриелски. Последниот пенал на мечот го изведе Мијат Гачиновиќ кој направи чудесна паненка во последни секунди од натпреварот. Храбро.

Вардар три месеци чека одговор од УЈП, ПУИК, владата, како и 15 милиони денари од Град Скопје

Најновата прес конференција, Вардарци ја почнаа во 5 до 12, како симболика на времето во кое веќе подолго време се наоѓа клубот. Во преговори се со инвеститор од странство. Главните институции и натаму глуви.

Лука Модриќ го кани Лука Дончиќ на партија баскет

Реал Мадрид и Далас Маверикс закажаа пријателска за на 10 октомври. Кралевите изгледа ќе имаат фудбалско засилување кое барем на видеово се покажа добро.

Рома сo посебно видео му го честиташе роденденот на Тоти

Симболот на Рома завчера наполни 47, а вчера го покажаа на трибините во Џенова, како го гледа дебаклот на неговиот тим од 4:1. Админот на Рома објави перфектно добра монтажа со 14 асистенции и 14 голови на Тоти, односно топки кои би оделе од Тоти за Тоти.

Ривиера, бакљи, спектакл за 130 години Порто

На рибеира, односно на култното пристаниште во славниот град Порто, истоимениот фудбалски клуб прослави јубилеен 130-ти роденден. Илјадници навивачи излегле да му честитаат на славеникот.

Фудбалерот со најдобар прием на свет

Ријад Марез по бројните трофеи кои ги освои со Лестер Сити (шампионска титула 2015/2016), со Ман. Сити (Лига на шампиони 2022/2023, 4 шампионски титули во Премиер, 2 ФА Купа, 3 Лига Купа и 1 Комјунити Шилд, на 32 години реши да замине во Саудиска Арабија. За астрономски богат договор потпиша со Ал Ахли. И таму како во Европа ја демонстрира својата чудесна техника.

Ти да видиш Рафа како игра фудбал

„Бикот од Мајорка“ е голем навивач на Реал Мадрид и не пропушта прилика да го гледа „кралскиот клуб“. И самиот Рафа неколку пати играл фудбал на ревијални средби и може да се каже дека левицата со нога му е прецизна и силна и како со рака.

Прво ова не е вечера, второ Шарапова ни должи видеа

Славната руска тениска убавица, Марија Шарапова раскажува кога излегла со Новак Ѓоковиќ.

Не е секој Проведел, да се разбереме

Во мексиканската Liga de Expansión MX, основана во 2020-та година во рамки на „Проект на стабилизација“ од Мексиканската фудбалска федерација играат послабо рангирани и финансиски послаби клубови. На меч меѓу Морелиа и Селаеи домашниот голман Сантијаго Рамирез сакал да биде јунак во продолжение при резултат 1:2 за гостите. Ама неговиот колега од другата страна испадна помудар.

Маестрални дриблинзи и гол на дете на Јуве во Фрозиноне

Масимилијано Алегри одлучи во финишот на преодниот рок да позајми два млади бисери во Фрозиноне. Да добијат поголемо играчко време. Аргентинецот Матијас Суле (20) веќе покажува дека е спремен играч за Јувентус. На мечот со Фиорентина постигна гол и имаше маестрални потези.

Фантастичен амбиент на Бомбонера за полуфинале со Палмеирас

Бока го пречека бразилскиот Палмеирас во првиот меч од полуфинале на Копа Либертадорес. Натпреварот заврши без голови, а домашните како по обичај направија неверојатна атмосфера.

Најлогичното новинарско прашање до Чави пред битките со Рамос и Пепе

Барса вечерва игра дома против Севиља, а во вторник му гостува на Порто, па новинар од тоа извлече интересно прашање со кое го изнасмеа Чави. Вели вака: Следните два меча ви се против тимот на Рамос и тимот на Пепе, се плашите ли за безбедноста на вашите играчи?

Индонезиски хаос на денот

Кога Мегваер би имал улога на стопер, голман и напаѓач, од прилика вака би изгледала една контра.