Offside

Атлетико Мадрид го доби дербито на вечерта во 2. коло од ЛШ, а фудбалерите на Барселона со пресврт го решија жешкото гостување во Истанбул во 2. коло од ЛШ. Сензацијата на вечерта ја направи Клуб Бриж со голеада од 3:4 на Меаца. Им пресуди Николо Тресолди со хет-трик. Викинг имаше 2:0 над Баерн, па се избори за реми во финишот.

Кој со кого во нокаут фаза? Мега судир Модриќ - Роналдо

Летнаа 17 дена од Светското или вкупно 72 натпревари од групната фаза. Голем успех за Конго, БиХ и Зеленортските Острови кои за прв пат се радуваат на мундијалска нокаут фаза, последниве како дебитанти. Уругвај и Турција разочaраа.

Узбекистан се одјави со прекрасен гол на Шомуродов, Конго слави

Конго, кој го игра второто Светско првенство, ја запиша првата победа која им носи голема вредност, а тоа е пласман во нокаут фаза за прв пат. Беа подобри од Узбекистан со 3:1. Колумбија заврши прва после ремито 0:0 со Португалија.

Ивана од Битола да си ја повтори „Македонско девојче“ во Филаделфија

Конечно се најде по нешто македонско на Мундијалов. Работи како келнерка во Филаделфија, а навива за Хрватска. 

Си одигравте нерешено колку што ви требаше а? И тоа 3:3

Селекциите на Австрија и Алжир си ја завршија работата онака како што веројатно се претпоставуваше и очекуваше. Првото сценарио со реми им носеше сигурен пласман и на двете, а со второто кој ќе загубеше ќе ја избегше Шпанија, ама не можеше да биде 100% сигурен дека ќе помине. Се случи првото сценарио. На Шпанија налета Австрија како втора.

Слободниот удар на Меси се вика интелигенција

Три од три за Аргентина, три од три за Лео Меси кој Мундијалот ни го прави спектакл. Три комада против Алжир, два против Австрија и еден против Јордан, кој е уживање да се гледа од повеќе агли. Од слободен стрелаше и Ло Селсо. Лаутаро Мартинез погоди од пенал.

Мајсторија на Сучиќ од 25 метри, Хрватска ја доби Гана и заврши втора

Англија и Хрватска ги оправдаа очекувањата во групата Л. Англичаните ја добија Панама и останаа први. Хрватска беше подобра и Гана, која куртули и ќе игра нокаут фаза како трета.

Кога Зеленортските Острови одат понатаму, а ти со светски првак си одиш дома

Уругвај одигра очаен Мундијал: 1:1 против Саудиска Арабија, 2:2 против Зеленортските Острови и пораз од Шпанија 0:1. Да видиме како е расположен селекторот Марсело Биелса.

Иран за влакно остана без нокаут фаза во 93 минута

Египет и Иран одиграа 1:1 во групата Г со рани голови во 5` и 14` минута. Иранчаните дадоа гол во судиско и експлодираа од радост мислејќи дека одат понатаму, но полскиот судија Шимон Марчињак им го поништи поради офсајд.

Белгија ја наполни мрежата на Нов Зеланд, нокаут фаза за Египет по 92 години

По двете нерешени против Египет (1:1) и Иран (0:0), Белгија конечно стигна до првата победа, убедливо со 5:1 против аутсајдерот Нов Зеланд. Со овој триумф, Белгијците се први со 5 бода, исто колку има Египет кој одигра 1:1 против Иран. Египет е во нокаут фаза прв пат по 1934-та, а Иран и Нов Зеланд си одат дома.

А ќе речеш куче, што разбира фудбал

Светското има некоја магија распространета во цел свет, не само таму каде што се игра. Погледнете што улови камерата во еден локал, кога Еквадор и даде гол на Германија.

Муслера пак ја оплеска, го стасаа годините

Прочуениот 40 годишен голман на Лацио и Галатарасај киксна еднаш против Зеленортските Острови (2:2), ама киксна и втор пат, а овој пат тоа го чинеше пораз Уругвај 1:0 од Шпанија и елиминација. Токму Зеленортските Острови профитираа од нивниот пораз.

Најмалата земја на Мундијалот без пораз оди во следна фаза, Уругвај настрада

Зеленортските Острови играат чудесно историско Светско. Ниту победија, ниту загубија натпревар во групната фаза и како дебитанти стигнаа до сензационален пласман во нокаут фаза. Тие се најмалата земја во историјата која успеала да стигне до ваков успех. Шпанија го испрати Уругвај дома.

Дембеле ја суреди Норвешка со спектакуларен хет-трик за 25 минути

Франција перфектно ја мина групната фаза на Мундијалот со 3/3. Ја збриша Норвешка со 4:1. Дембеле експлодираше во прво полувреме со три убави гола. Сенегал му пукна петарда на Ирак.

Зошто во трето коло понекогаш е подобро да се загуби натпревар?

На Светско одиш да победиш и да се докажеш колку што можеш повеќе. Но што ако поразот е подобар резултат? За него во моментов размислуваат Австрија и Алжир.

Вардарци ги избегнаа гигантите во Лига на шампиони

Во седиштето во Виена, ЕХФ ги извлече групите за новата сезона од Лигата на шампионите каде се враќа и нашиот првак Вардар.

Пеколна ждрепка за Ѓорческа и се падна ланската финалистка

Најдобрата македонска тенисерка во прво коло ја очекува дуел со шестата носителка и шеста тенисерка на ВТА-листата, Американката Аманда Анисимова.

Лина за Вимблдон ТВ: Не е лесно од мала земја, за сè се грижам сама

Лина Ѓорческа за момент го засени Мундијалот. Барем за нас кои со посебно уживање пишуваме за успесите на македонскиот спорт. Ова е историја луѓе. Радости. Ежење. Имаме човек на Вимблдон. За прв пат. На тревата каде што гази уште Ѓоковиќ и каде газеа Надал и Федерер. Само напред девојко и гордо.

Опасна ложа е ова

Какви играчишта беа овие мајко мила. Ај да не им отвораме работа на младите да гуглаат. Ќе фатиме од лево на десно:

Турците го победија домаќинот во 98-ма и се радуваа како да одат понатаму

Тимот на Винченцо Монтела, кој се покажа како најголемо разочарување со оглед на силниот состав се израдува на прва победа, откако го доби САД со 3:2. На табела ништо не промени овој резултат. Американците остануваат први, Турците последни.

Еквадор со лудачки пресврт над Германија до нокаут фаза

Фудбалерите на Еквадор ја направија до сега најголемата сензација на Мундијалот. Го урнаа четирикратниот светски првак Германија и тоа со пресврт (2:1). Во нокаут фаза одат после 20 години како трети. Германија останува прва поради подобрата гол разлика од Брегот на Слоновата Коска. Толку од Курасао.

Поенот вреден историја за Лина Ѓорческа која ќе игра на Вимблдон

Додека во САД се игра Светско, македонскиот спорт влегува во историски момент. Лина Ѓорческа се избори за плсман на Вимблдон, турнир кој се смета за неофицијално светско тениско првенство во Лондон.

Си ја знае режисерот работата, ај ти

Светското во Јапонија и Јужна Африка 2002, на Бразил им ја донесе последната петта светска титула. На берберите пак им се отвори работа да ја прават најславната и најглупава мундијалска фризура. Уште е популарна човече. Да не му се верува на човек.