Offside

Денвер Нагетс слави голема победа во полуфиналето од Западот. Ја доби Оклахома Сити Тандер на гости и тоа со пресврт и победнички кош во финишот. Монструозен дабл дабл учинок на Јокиќ.

Како Арсенал го демолираше Манчестер Сити?

Арсенал долго време чекаше слабост кај Сити и конечно ја дочека па го развали со 5-1 на својот стадион „Емирати“ во 24. коло од англиската Премиер лига. За тоа во колкав канал е Сити говори и податокот дека во 55' минута гостите израмнија на 1-1, но „топџиите“ до крајот дадоа 4 гола и му го нанесоа на Пеп еден од најтешките порази во тренерската кариера.

Страшен дриблинг на Рафиња, чуварот излета надвор од терен

Рафиња дефинитивно игра во животна форма и заедно со Јамал сезонава се атракција за гледање. Погледнете што му направи на играч на Алавес. Воздишки се слушнаа од цел стадион.

Нови шоу дриблинзи на Иско

Бетис и Билбао одигра супер натпревар со дури четири гола. На крај реални 2:2 и поделба по бод. Иско го даде првиот гол за домашните и имаше неколку акробативни дриблинзи. Антони кој дојде на позајмица од Манчестер Јунајтед дебитираше и доби награда играч на мечот. На првиот негов натпревар за Бетис.

10-те гола на незапирливиот Гидсел

Данска воопшто не треба да се грижи за ланското репрезентативно пензионирање на Микел Хансен. Наследството го презеде Mатијас Гидсел, кој е прогласен за МВП, а воедно е и прв стрелец на Мундијалот, исто како и на претходниот. Вкупно 74 гола од кои 10 во финале.

Таткото на Дончиќ: Лука не заслужи вакво лицемерие, играше 100 меча по 40 минути

Во гостување за словенечна Арена спорт, Саша Дончиќ има забелешки кон Далас Маверикс поради начинот на кој бил трејдуван неговиот син. Тој е разочаран од третманот и критиките упатени кон Лука во заминување.

Лука Дончиќ се збогуваше со Далас

Кошаркарскиот земјотрес е официјализиран. Лос Анџелес Лејкерс објави слика со словенечката ѕвезда, која со збогува со Далас Маверикс преку социјалните мрежи.

Што е со велеслаломов на Јамал, пола тим не можеа да го стигнат?

Барселона го совлада Алавес со 1:0 со голот на Левандовски. Погледнете го дриблингов на Ламин Јамал - Меси. Да потсетиме, 17 години има.

Ерик Ламела за пријави за Пушкаш наградата

АЕК Атина славеше на гостувањето против ПАОК со 1:2 со двата гола на Ерик Ламела. 32 годишниот аргентински напаѓач кој настапуваше за Рома, Тотенхем и Севиља, режираше лудорија од волеј удар и тоа на асистенција од корнер.

Данците се тргнаа Дувњак да даде гол за збогум

Убаво заврши мундијалското ракометно финале во Осло, со гол на Домагој Дувњак за конечни 26:32. 36 годишниот член на Кил му гестикулираше на голманот да се тргне по што никој не го спречи Хрватот да се прости од презентацијата со гол во финале. Потоа следуваа и прегратки. Голем гест на Данците.

Најлудата одбрана со глава, вредна медал за Франција

Франција и Португалија одиграа неизвесен натпревар во битката за бронзениот медал кој го освоија Французите со триумф од 35:34. Португалците имаа напад за реми и продолженија, но голманот Болзингер направи чудесна одбрана и со глава го спаси голот.

Данска е неприкосновена ракометна сила, четврто мундијалско злато по ред

Селекцијата на Данска предводена од селекторот Николај Јакобсен, како и лидерот Матијас Гидсел, дефинитивно е друга димензија. На четири светски првенства во низа, никој не може да и го најде лекот.

Гром од ведро небо во НБА: Далас го дава Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс

Новинарите од САД кои одблизу ја следат НБА и имаат информации од самите клубови, рано утрово на големо пишуваат за шокантна трампа меѓу Далас Маверикс и ЛА Лејкерс. По триумфот на Лејкерс над Њујорк Никс во саботата, стигнува вест за една од најлудите можни размени на играчи во НБА историјата.

Магијата на Куња може да биде гол на колото во Премиер

Дваесет и осум годишниот бразилски репрезентативец Матеус Куња денес му донесе на Вулверхемптон голем триумф над Астон Вила од 2-0 и три златни бода во борбата за опстанок во Премиер лига. Голот на Куња лесно може да биде избран за најубав на колото.

Фраерски лоб на Гризман, Атлетико гризе за титула

Во 22. коло од шпанска Ла Лига, Атлетико Мадрид со 2:0 ја совлада Мајорка и ја продолжи потрагата по Реал Мадрид кој има 1 бод повеќе но и натпревар помалку кој го игра вечерва со Еспањол на гости. Антоан Гризман ја потврди победата во 90+3“ минута и покажа дека е во врвна форма со маестрален лоб.

Најинтересните моменти од белградското дерби во Евролига

Црвена Звезда успеа да го совлада Партизан 73-71 пред повеќе од 22.000 навивачи на црно-белите во белградска „Арена“. Грчкиот тренер на клупата на Црвена Звезда Јанис Сферопулос по 9-ти пат го совлада Жељко Обрадовиќ во нивните меѓусебни дуели како тренери на вечните ривали. Обрадовиќ има 3 триумфи. Синоќа во 14-та евролигашка победа сезонава на црвено-белите, мечот го реши Немања Недовиќ со поени од слободни фрлања на 1 секунда пред крајот.

Чкембари на лет за Хановер со Маки во авион

Во екот на Светското ракометно првенство кое во недела ќе кулминира со финалето, битолчани извадија јако ретро за почит. Одат на гостување против Лемго од Хановер во рамките на ЕХФ Купот. Атмосферата е скроз на ниво, а го има и Марјан Начевски. Штета што не трае повеќе.

Ретро гол на Просинечки како задолжителна лектира

Налетавме на клип, кој не може да помине така без да го споделиме, па макар и сме го имале на сајт. Тие што почнале да гледаат фудбал од време на Меси и Роналдо и мислат дека сè почнува со нив, ништо не виделе. Ова е Светско 1998 во Франција, каде Хрватите завршија трети, а Роберт Просинечки ја превари Јамајка како никој. Да, превара е правиот збор.

Ждреб за Лига Европа: Рома доби најтежок противник, АЗ Алкмар пак со турски клуб

Како и Лига на шампиони така и Лига Европа има нов систем: првите осум тимови на табелата автоматски одат во осминафинале, а екипите кои завршија од 9-то до 24-то место ќе играат двомеч во бараж за пласман во осминафинале. Денес ги дознавме паровите за тој бараж.

Мега плејоф битка во ЛШ: Манчестер Сити - Реал Мадрид

Извлечени се првите нокаут средби во првото ново и необично издание од Лигата на шампионите.

Никола Карабатиќ во кадар за време на славјето на Хрватите

Тазе пензионираниот нишлија и великан со 11 златни медали (4 светски, 4 европски, 3 олимписки), на лице место го следеше дебаклот на неговата Франција. Неговата кисела фаца кажува сè.

Банани на колото

Студентската кошарка е многу популарна во САД, а завршницата кога се одлучува за новиот шампион е следена од милиони гледачи. Сега се уште се игра основниот дел од сезоната. На мечот Дрексел - Монмаут играле дури две продолженија а на крајот славел Монмаут 104-97. Главен играч кај победникот бил Медисон Дер со 40 поени, 5 скока и 4 асистенции. А бананите на вечерта ги има Мека.

Најлуда двојна сервис грешка на годината

За време на мечот од турнирот во Кобленц во Германија меѓу Мика Брунолд и Кристоф Негриту, вториов имал двојна сервис грешка каква што се гледа еднаш годишно. Вториот сервис му беше ко да сервирал почетник.

Респект кон Модриќ од навивачите на Брест

Лука Модриќ важи за величина во фудбалот. Легенда која му служи на овој спорт и покрај тоа што е влезен во 40-та година од животот и има освоено сè. И во Франција му аплаудираа навивачите кога Анчелоти го повлече од игра.