Offside

Денвер Нагетс слави голема победа во полуфиналето од Западот. Ја доби Оклахома Сити Тандер на гости и тоа со пресврт и победнички кош во финишот. Монструозен дабл дабл учинок на Јокиќ.

Мега плејоф битка во ЛШ: Манчестер Сити - Реал Мадрид

Извлечени се првите нокаут средби во првото ново и необично издание од Лигата на шампионите.

Никола Карабатиќ во кадар за време на славјето на Хрватите

Тазе пензионираниот нишлија и великан со 11 златни медали (4 светски, 4 европски, 3 олимписки), на лице место го следеше дебаклот на неговата Франција. Неговата кисела фаца кажува сè.

Банани на колото

Студентската кошарка е многу популарна во САД, а завршницата кога се одлучува за новиот шампион е следена од милиони гледачи. Сега се уште се игра основниот дел од сезоната. На мечот Дрексел - Монмаут играле дури две продолженија а на крајот славел Монмаут 104-97. Главен играч кај победникот бил Медисон Дер со 40 поени, 5 скока и 4 асистенции. А бананите на вечерта ги има Мека.

Најлуда двојна сервис грешка на годината

За време на мечот од турнирот во Кобленц во Германија меѓу Мика Брунолд и Кристоф Негриту, вториов имал двојна сервис грешка каква што се гледа еднаш годишно. Вториот сервис му беше ко да сервирал почетник.

Респект кон Модриќ од навивачите на Брест

Лука Модриќ важи за величина во фудбалот. Легенда која му служи на овој спорт и покрај тоа што е влезен во 40-та година од животот и има освоено сè. И во Франција му аплаудираа навивачите кога Анчелоти го повлече од игра.

Навивачите на Селтик против кралското семејство во живо

Во само неколку дена во Англија имаше инвазија на шкотски навивачи. Прво во Манчестер, на меч против Јунајте дојдоа илјадници навивачи на Глазгов. А во средата Астон Вила во Бирмингем го пречека Селтик. Во градот на „Пики Блајндерс“ дојдоа неколку илјади навивачи на Селтик. За Астон Вила навива принцот Вилијам кој често го бодри овој тим од трибините.

Махериште на колото за 2,1 милиони денари

Фатил 7 фиксови во Лига на шампиони, меѓу кои две храбри двојки на Бенфика и ПСЖ. Вложил 15.000 денари, им земал 2,1 милион или 35.000 евра.

Најјака презентација на нов играч има Џенова

Дваесет и пет годишниот камерунски фудбалер Жан Онана е нов член на италијанска Џенова која од клупата ја води легендарниот Патрик Виера. Онана има веќе 10 настапи за Камерун а доаѓа од Бешикташ. Претходно во кариерата играше за Олимпик Марсеј и Ленс. Маркетинг тимот на Џенова важи за еден од појаките во европските лиги. Гледајте како го претставија:

Червар: Ги убивме

„Хрватска направи Французите да изгледаат смешно. Ги убивме. Заслужено и повеќе од сè ја заслуживме победата“.

Пресек од врвната партија на Кузмановиќ кој беше извонреден со 14 интервенции

Франција имаше многу проблеми во полуфиналето. Се изгуби во сопствената игра, немаше лек за мега мотивираната и полетна Хрватска, а не умееше да се справи ниту со Доминик Кузмановиќ. 22 годишниот голман на бундеслигашот Гумерсбах бранеше како во транс.

Силни прегратки, солзи и многу емоции кај Хрватите

Хрватска пука од емоции после две нестварни ракометни партии. Најпрвин со луд пресврт ја победија Унгарија во четвртфинале, па неочекувано и целосно ја надиграа Франција во полуфинале. Ќе се борат за мундијалско злато за прв пат после 2009-та година. Како и самите да не веруваа што направија. Имаа блескава ноќ за паметење.

Франција доби ракометна лекција до перфекција, Хрватска е во финале

Селекцијата на Хрватска приреди сензација против актуелниот европски првак и со страшен ракомет целосно го надигра и го исфрли во битката за финале. Хрватите ќе се борат за светско злато со подобриот од дуелот Данска - Португалија.

Андриј Шевченко vs Тони Адамс

Налетавме на јака фудбалска класика од 90-те. Дуел меѓу две легенди, едната Тони Адамс, кој цел живот му го посвети на Арсенал (1983-2002) и Андриј Шевченко, симбол на Милан и Динамо Киев. Тешко се поминуваше Англичанецот. Стол беше во одбрана.

Убедливо најубави гол и асистенција на неделата

Џејми Дојли има 20 години и доаѓа од школата на Тотенхем Хотспур. Тој игра на позајмица во третолигашот Лејтон Ориент и веќе има 5 гола и 5 асистенции сезонава. Дојли на мечот кој неговиот Лејтон го доби на гости убедливо 2:6 кај Ексетер, имаше феноменална асистенција за првиот гол на мечот кој го даде Азим Абдулаи (хет-трик) а на крајот Дојли даде и гол за конечен резултат.

Нереално додавање во лет, Барела едиција

Шест сезони во Интер, седум трофеи, по едно финале во ЛШ и ЛЕ. Средниот ред на Интер не може да се замисли без Николо Барела. Како ли му успеа ова против Монако?

Среќен 50-ти роденден Жунињо, доктор за слободни удари

Дефинитивно еден од најдобрите изведувачи на слободни удари со префинет стил, каков што немаше друг играч. Специјалист за сув лист кој не се брани. Легенда на Лион со 7 титули по ред и 100 гола од кои 44 од слободен удар. Роден е на 30 јуни 1975. Има и 40 настапи за Бразил. Уживајте во 1 минутната компилација која најдобро покажува од каков материјал беше Жунињо.

Златан по интервју за ХРТ: „Каков бев“?

Едно расположение имаше Ибрахимовиќ пред натпреварот Динамо Загреб - Милан, друго по натпреварот кој росонерите го изгубија 2-1 и ги изгубија шансите да се пласираат во топ8 па така да одмораат подолго од другите кои ќе играат бараж. Интервју за ХРТ пред мечот дал Златан Ибрахимовиќ.

Пораснаа браќата Петар и Павле

Браќата Атанасијевиќ имаат по 21 година, Никола Митревски 39. Тоа се 18 години разлика. Некогаш бараа фотографија со славниот голман, а сега се борат заедно и во клуб и во репрезентација.

Пеп Гвардиола кога брза ништо важно не е

Манчестер Сити се спаси во последното коло од првата фаза во Лига на шампиони и откако губеше 0-1 од Клуб Бриж од 45' минута, направи пресврт во вториот дел и со головите на Матео Ковачиќ, автоголот на Жоел Ордоњез и Бразилецот Савињо, славеше 3-1 и обезбеди пласман во следна рунда. Пеп Гвардиола брзаше кога бркаа резултат па ништо друго не му беше важно.

Убаво видео претставување на Елмас

Елиф Елмас и официјално е нов член на Торино каде ќе настапува како позајмен фудбалер до јуни. Платата не му е воопшто лоша.

Најлошите 30 секунди снимени во фудбалот

Сè е тука лошо и погрешно. Од дресовите, тревата, па до вувузелата. Ама тоа некако е поправливо. Што правиме со малоумноста на оној, кој инаку е играч? Има ли казна за него? Црвен картон не е ништо.

Комесарот на НБА Силвер: „Натпреварите да се скратат на 40 минути“

Првиот човек на НБА лигата Адам Силвер откако ја презеде улогата започна да воведува некои новости во НБА системот кому му се закануваше пад на интерес. Силвер и соработниците заедно со клубовите донесоа неколку нови решенија за Ол-Стар натпреварите (додуше сите беа помалку бесмислени и не кренаа интерес).

Конечниот изглед на табелата во ЛШ со Џејми Карагер и Мика Ричардс

Овој пат со друг стајлинг и со засилување во студио, за уште поголема забава.