Offside

Весна Витанова e екс македонска репрезентативка и прва жена од Македонија со лиценца за тренер на УЕФА и ФИФА. Во само неколку реченици ја објаснува филозофијата на игра на Шпанците.

Атмосфера за ежење на Сампдорија во втора лига

Некогаш ја тренираа Вујадин Бошков, Свен Горан Ериксен, Спалети, Мацари, Михајловиќ, Ѕенга. Славни имиња го имаат и носено овој дрес. Меѓу нив Манчини, Виали, Михајловиќ, Монтела, Руд Гулит, Кваљарела, Касано...Во 2023-та се смени сопствеништвото. Кусо време како тренери се пробаа Станковиќ, па Пирло. Но Сампдорија клизна во втора лига, каде не котира добро и на едно коло до крај успеа да се избори за опстанок, но затоа има сјајни навивачи. 37.000 грла во еден глас. Фантастично.

Спиеш ли мирно Новаче?

Ма каков Вимблдон, каков Роланд Гарос. Погледнете ја вие оваа тениска претстава.

Европа го доби новиот Лестер, шампион на Швајцарија од втора лига

Неверојатен успех остварија фудбалерите на швајцарски Тун кои ја освоија шампионската титула во оваа земја само неколку месеци откако во втора влегоа во прва лига и станаа најголемо изненадување на сезоната во Европа. Во нападот игра и македонскиот репрезентативен центарфор Елмин Растодер.

Бајката на Лукас Подолски крунисана со трофеј

Легендарниот Лукас Подолски ќе се оди во пензија со најдрагоцениот пехар освоен на самиот крај од кариерата. Неговиот Гурник го победи Раков со 2-0 во финалето на Купот на Полска и стави крај на „сушата“ која траеше цели 54 години! Еден од најтрофејните полски клубови не освоил титула во најмасовното национално натпреварување речиси пет и пол децении, а чека каков било трофеј уште од далечнаа 1988-ма.

Тројната круна на Киву за прв пат освоена во италијанскиот фудбал

Кога се зборува за тројна круна во Интер која Италијанците ја викаат „триплета“, се мисли на онаа на Мурињо, прва во историјата на клубот. Но, оваа со Киву е поинаква.

Хакан ги има потезите на Мајкл Џексон

Фудбалерите на Интер ќе одиграат три релакс натпревари во Серија А до крајот на сезоната. Како и да завршат, остануваат први. Титулата број 21 викендов ја обезбедија. Чалханоглу беше главен на подиумот.

Шеталицата на Кавадарчани која ги налути ФФМ и Вардар

Екипите на Тиквеш и Арсими 1973 одиграа возбудлив натпревар во Кавадарци, кој заврши со поделба на бодовите 1-1 (1-1) во рамки од 30. коло на Првата македонска фудбалска лига.  Навивачите на кавадаречкиот клуб, популарните „Лозари“ кренаа шеталица поради која делегатот на натпреварот бараше истата да биде остранета.

Кога Германците не можеле да се изначудат на Харлем Глобтротери

Од 1953-та година кога легендарните Харлем Глобтротери, кошаркарските чудотворци со баскет во рака првпат дошле во Германија, па до денес уште неколку пати едно по друго, гледачите не можеле да се изначудат на сите потези на овој патувачки циркус.

Панини албумот за Светско колку Стокец на старо

Дечки, Панини манијата е почната. Само пред да почнете, проверете си ги амбициите, односно џебот. Бидејќи со парите од еден пополнет албум, на одмор може да се оди. До 1.000 евра стигнува крајниот есап.

Кики Светско се ближи, бери памет

Ова кој го виде, го виде, ама на Светско подруго е со публика. Немој и од тебе мемиња да почнат да прават. Како прволаче ја одигра еден на еден.

Ројевиќ за Охрид: „Го разбудивме градот, сала со 10.000 места би била мала, сонуваме трофеј“

Српскиот стручњак на клупата на ГРК Охрид Борис Ројевиќ прави фантастични резултати, во согласност со целите на клубот и составот кој го има на располагање. Вели дека му е право уживање во Охрид да работи и да живее, дека луѓето го застануваат на улица да им дадат поддршка и да помуабетат. „Охриѓани се многу добронамерни“.

Кога ќе ти легне од 50 метри

Шахтјор Доњецк го доби украинското дерби против Динамо Киев со пресврт од 1:2, а потегот на мечот го направи Матвиј Пономаренко, кој го отвори резултатот за домаќините на спектакуларен начин, со бомба од пола терен.

Заврши првата рунда од доигрувањето за титула во НБА, кој оди понатаму?

Раното испаѓање на Никола Јокиќ и Денвер Нагетс и пласманот на ЛА Лејкерс без Дончиќ и делумно без Остин Ривс во следна рунда се главни настани во првата рунда од трката за титула во НБА лигата.

Играч на Рен го повтори легендарниот волеј на Тоти

Лион го совлада Рен со 4:2. Гостите го отворија резултатот во 6 минута со волеј удар од косо, кој многу ретко се гледа во фудбалот. Мајсторот се вика Муса Тамари и би рекле дека оваа мајсторија е и појака од онаа на Тоти против Сампдорија.

Дадов гол, па еве ви визит карта пред камера

Високиот центарфор на Јорк Јунајтед од канадската Премиер лига, Чехот Томаш Скублак постигна гол во триумфот од 4-1 над Отава а прославата му е штосна: извади од шорцеви визит карта зошто надвор од фудбалските терени работел како агент за недвижнини.

Две мајстории на Винисиус со иста фора

Реал Мадрид го доби Еспањол на гости со 0:2 и само го одложи славјето на Барселона која води со +11 на 4 кола до крај. Губеле, не губеле титула, Винисиус држи лекции со двојно проигрување на различни начини.

Карате гол на сезоната - кандидат за најубав на годината

Првенство на Танзанија, 22. коло. Екипите на Симба против Јанг Африканс. На крај резултатот 2-2, а домашниот фудбалер Папе Осман Сако го постигна најуавиот гол на сезоната таму во Танзанија а и пошироко.

Сјајниот Мејну го реши Ливерпул и го фрли во еуфорија „Олд Трафорд“

Големиот талент и англиски репрезентативец Коби Мејну го прослави новиот договор со Манчестер Јунајтед со прекрасен гол за победа 3-2 против Ливерпул. Дербито им припадна на домаќините кои прво водеа 2-0, па Ливерпул израмни 2-2 за да Мејну постигне гол кој го распали „Олд Трафорд“ и практично на Јунајтед му обезбеди место во Лига на шампиони следна сезона.

Милано е во пламен, Интер слави Скудето број 21

Интер и официјално на три кола до крај математички ја обезбеди шампионската титула. Со триумфот над Парма од 2:0, сега се на недостижни +12 пред Наполи кој ремизираше против Комо. Кристијан Киву, кој е трикратен првак со Интер како играч, слави титула во деби сезоната на кормилото. Славјето традиционално се случуваше на Пјаца Дуомо.

Прекината е најдоглата фудбалска доминација: во Бугарија Левски го симна Лудогорец од тронот

Неверојатни сцени доаѓаат од соседна Бугарија каде Левски Софија ја прекина хегемонијата на Лудогорец кој освои 14 шампионски титули по ред. Левскарите стигнаа до пехарот благодарение на победата над ЦСКА 1948 1-0 со гол на Хрватот Марко Дуганџиќ кој влезе во игра во 60' минута а само 11 минути подоцна го постигна најважниот гол на сезоната.

Како згрмна „Лихнида кајче веслаше“ на историскиот дуел Охрид - Целје

Автентично и изворно, околу 2.000 гледачи во салата „Билјанини извори“ пред почетокот на реваншот РК Охрид - Целје во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ, ја згрмеа легендарната песна „Лихнида кајче веслаше“. „Рибарите“ се пласираа во големото финале после драматична пенал серија со словенечки Целје.

РК Охрид е во финале на Европскиот Куп после драмата на пенали

Ракометарите на Охрид го остварија најголемиот успех во клупската историја откако се пласираа во големото финале на Европскиот Куп. На реваншот одигран во преполната сала „Билјанини извори“, Охриѓани го совладаа словенечки Целје на пенали 4-3 откако во основниот дел резултатот беше 25-24.

Лидс практично обезбеди опстанок, па тераа мајтап со Мајкл Џексон

Новиот привремен, в.д. тренер Барнли се вика Мајкл Џексон и тоа предизвика доста духовити коментари во Англија. Синоќа Лидс Јунајтед со 3-1 го победи Барнли, избега дефинитивно од опасната зона за опстанок и мирно плови до крајот на сезоната во Премиер лига. После мечот на „Еланд Роуд“ на разглас ја пуштија „Смут криминал“ од Мајкл Џексон.

Венеција еуфорично прослави враќање во Серија А

Во 37. коло од италијанската Серија Б, Венеција на една рунда пред крајот осигура место назад во елитната Серија А со ремито 2-2 против Специја. Со овој освоен бод Венеција остана прва со 79 бода односно бод повеќе од Фрозиноне кој е втор и четири повеќе од Монца со што и математички обезбеди Серија А за следната сезона. Клубот од 2027 ќе игра на нов и модерен стадион кој се гради.