Offside

Весна Витанова e екс македонска репрезентативка и прва жена од Македонија со лиценца за тренер на УЕФА и ФИФА. Во само неколку реченици ја објаснува филозофијата на игра на Шпанците.

Венеција еуфорично прослави враќање во Серија А

Во 37. коло од италијанската Серија Б, Венеција на една рунда пред крајот осигура место назад во елитната Серија А со ремито 2-2 против Специја. Со овој освоен бод Венеција остана прва со 79 бода односно бод повеќе од Фрозиноне кој е втор и четири повеќе од Монца со што и математички обезбеди Серија А за следната сезона. Клубот од 2027 ќе игра на нов и модерен стадион кој се гради.

Леброн го води Лејкерс понатаму, Јокиќ и Денвер испаднаа од трка за титулата

Кошаркарите на ЛА Лејкерс неочекувано лесно го елиминираа Хјустон Рокетс од доигрувањето за титулата. Синоќа ветеранот Леброн Џејмс одново покажа дека е еден од најдобрите НБА кошаркари во историјата на лигата. Лејкерс победи 98-78.

Јака средба на Невил со навивач на Евертон

На Гери Невил му приредија големо изненадување. Во април 2005-та добил црвен картон на Гудисон Парк, поради тоа што рогнал топка кон навивач, откако овој прв го удрил. 21 година подоцна, навивачот му го носат во подкаст.

Ко ќе утнеш улица на Џиро д'Италија

Убаво е вака да те пречекаат, ко Наполеон на точак да поминал. А жената случајно поминала по улица каде проаѓа Џиро д'Италија.

Леброн Џејмс, 41

Прв човек во НБА историјата со 23 сезони: Кливленд (11), Мајами (4 ), Лејкерс (8 сезони). Прв кој стигна до 40.000 поени, а во моментов има 43.440. Со сè плејоф тоа се преку 51.000. Плус освои 4 титули. Доста е со броење. Погледнете го клипов. Едноставно Леброн.

Како на Црногорците им „го украдовме“ Бо Мекејлеб?

Лестер Бо Мекејлеб беше една од најсилните карики во блескавата Македонија на незаборавното Европско 2011 каде завршивме четврти. Ама за да го направат репрезентативец имало страшна трка со времето. Врба Стефанов фаќал врски, а за вадење на пасошот помогнала министерката Јанкуловска која прашала дали е добар? :). Целата сага ја раскажува тогашниот директор на КФМ, Илија Мерџановски.

Грожјан удрил птица со 370км/ч, па го расчеречија за лош хумор

Познатиот 40-годишен француско-швајцарски возач во ИМСА натпреварувањето, Ромен Грожјан за време на тренингот на патеката во Индијанаполис, удрил птица во лет. После тоа направил неумесен обид за хумор и сега е на удар на критики.

Да се потсетиме како беше кога Фиго дојде со Реал на Камп Ноу

Ден-денес навивачите на Барселона ја сметаат оваа селидба од нивниот во дресот на Реал Мадрид како најголемо предавство во клупската историја. А не е дека немало и други од еден во друг правец. Ама со Фиго тоа беше светски потрес.

Симеоне за инвеститор во Скопје, што викате?

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Лејкерс губи чекор, Леброн му се изнавика на Шенѓун

Кошаркарите на ЛА Лејкерс имаа убедлив, скоро неверојатен почеток на доигрувањето за титулата откако поведоа со 3-0 во серијата против Хјустон Рокетс, но „ракетите“ го искористија овојпат отсуството на Дончиќ и со нов триумф намалија на 3-2 во серијата.

Како во Париз се спремаше оригинална кореографија?

Во морето шунд во навивачкиот свет, остана и по некој уникатен оригинал. Четка, платно, боја. Навивачки, изворно, автентично. Без принт, без штампа, без печатење. Навивачите на Пари Сен Жермен кои за спектаклот со Баерн Минхен (5:4) приредија кореографија на која Наполеон ја освојува Европа:

Навивачите на Атлетико направија фешта со тоалетна хартија

Навивачите на Атлетико Мадрид, едни од најжестоките во Шпанија, ја оживеаа традицијата за добредојде со ролни хартии како што е славно на стадионите во Аргентина. Обичајот да се фрлаат конфети и ролни хартија за да се направи прекрасен спектакл станал популарен за време на Светското првенство 1978 во Аргентина а подоцна навивачите ширум светот само го копираа.

Галатасарај одржа тренинг пред 53.153 навивачи

Турците се фанатици за фудбал, тоа го знаеме, ама па до волку? Стадионот го распродале не за натпревар, туку за тренинг. Галатасарај на три гола до крај има +7 пред Фенербахче. Ако во сабота го победат Самсунспор на гости, ќе бидат шампиони четврти пат по ред или 26-ти во историјата.

Ноер со маалска финта се снајде со топката

Сè и сешто се случува зад фудбалските сцени, па дури и на меч од ЛШ. Мануел Ноер имаше проблем со еден мангуп кој не сакаше да му ја даде топката, а за тоа е ставен таму. Ама сега погледнете што ти е искуство.  40 годишната легенда му ја даде топката да му ја чуваат како резерва и тоа на админот на социјалните мрежи на Баерн. Прејако.

Роналдо лудачки го прослави 970-от гол во кариерата

Кристијано Роналдо баш ужива во Саудиска Арабија. Синоќа неговиот Ал Наср со 2-0 го победи Ал Ахли. Головите ги дадоа Кристијано Роналдо со глава во 76' минута и Кингсли Коман во 90-та минута. Ова беше 970. погодок на официјален натпревар во кариерата на Португалецот кој го прослави бурно.

Дефанзивец на Арсенал спаси чист гол, ова го викавме во маало „Рука ус тело“

Атлетико и Арсенал одиграа далеку понеатрактивен меч во однос на празникот кој го гледавме во вторникот. Паднаа само два гола и двата од пенал. Габриел Магаљаеш му одбрани чист гол на Гризман со лакт, ама махерски го направи тоа за да нема основ за пенал.

Бен Вајт од Арсенал згази по грбот на Атлетико, Чоло Симеоне реагираше

На излезот на терен од подтрибинскиот простор на стадионот „Метрополитано“ стои голем грб на Атлетико Мадрид. И играчите од почит обично го заобиколуваат. Бекот на Арсенал Бен Вајт синоќа веројатно ненамерно не го забележа и газеше под него. Симеоне и фудбалерите на Атлетико му се пуштија.

Што направи бе пријателе?

Разни промашувања сме гледале на празен гол, ама од ова некако срам да го фати човек. Кевин Силвио од Монтевидео го изгуби компасот непречен од никого. Па подобро да ја оставеше.

Фудбалер на Гремио промаши три пенали по ред!

Цели 27 години поминаа од култниот натпревар на кој легендарниот Аргентинец Мартин Палермо промаши дури три пенали во дресот на Аргентина на еден натпревар. Сега Бразилецот Карлос Винисиус од Гремио промаши дури три пенали односно сите три му ги одбрани јунакот на сезоната Себастијан Перез од Палестино.

Бандата на Чоло Симеоне не ги скроти „топџиите“, Арсенал и Атлетико Мадрид ремизираа

По спектакуларниот натпревар со 9 гола меѓу ПСЖ и Баерн Минхен каде домаќинот славеше 5:4, за очекување беше дека средбата Атлетико Мадрид - Арсенал ќе биде потврда. Така и беше.

И Ноер е човек

Ноер за прв пат прими повеќе од 4 гола на меч од Лига на шампиони и тоа му се случува само 8-ми пат во кариерата на вкупно 922 натпревари. Синоќа стана прв голман во последните 16 сезони во нокаут фаза, кој примил 5 гола БЕЗ да забележи ниту една интервенција.

Фото на денот

Јап Стам беше поим за цврстина во одбрана. Тоа најмногу го осетија оние кои се обидуваа да го поминат додека ги носеше дресовите на Манчестер Јунајтед, Лацио, Милан. Делуваше и на мирен човек, ама не сме го знаеле и за домаќин.

Хари Кејн е институција

Ај што им донесе експлозија во напад со 44 гола во првата сезона, 41 во втората и 54 во третата која сè уште не е завршена, погледнете ја оваа негова борбеност. Вилијам Пачо го собори на земја и тоа се послужи и со рака, а овој не се пожали, туку ја загради топката ВО СЕДЕЧКА СОСТОЈБА, стана и ги направи мајмуни и него и Маркињос. Друг да беше ќе се виткаше на земја.

Идол на една генерација

Во 3. коло од Судамерикана бразилски Сантос гостуваше кај Сан Лоренцо во Аргентина. Кога децата што излегуваат на терен со играчите сфатија дека ќе бидат со Нејмар почнаа да плачат од среќа.