Offside

На почеток на доигрувањето за титулата во НБА, Денвер Нагетс ја совладаа Минесота Тимбервулвс со 116:105 и поведоа 1-0 во серијата.

Аргентинецот кој дава само дрски голови

Николас Барос Скелото е 10-ка во Химнасија Ла Плата. Има само 19 години а веќе е лидер на екипата. Во 1. коло од аргентинската фудбалска лига постигна прекрасен гол од корнер, а сега даде можеби уште поубаво од скратен корнер. Вредноста на пазарот му е 500.000 евра и наскоро би можел да замине во некој голем европски клуб ако продолжи вака.

Џани Инфантино: „Да се тргне забраната за настап на Русија, само се шири омраза“

Првиот човек на светската фудбалска куќа ФИФА Џани Инфантино вели дека тој лично сака забраната за Русија да настапува на меѓународни фудбалски натпреварувања конечно после четири години да прекине затоа што ништо не се постигнало со тоа.

Судија морам до тоалет, направете пауза

Триесет и осум годишниот бразилски голман кој бранеше и за репрезентацијата пред неколку години, а бранеше и за Гремио, ПСВ и Спарта Ротердам, стана легенда на Коринтијанс со 548 настапи. Сега е во Крузеиро. Пред некоја вечер на дуел против Бетим на гости, на старт на вториот дел побарал од судијата да го прекине на кратко натпреварот за да отиде до тоалет. И го чекаа 5-6 минути.

Ништо друже, побарај боловање

Џовани Мпетши Перикард е 57-ти на АТП и веројатно прв тенисер на кој му успеало вакво нешто со топчето. Се работи за турнир во Монпеље. Епилог? Морал да го предаде мечот поради болки во окото на крајот од првиот сет.

Слободниот удар со кој Удинезе ја совлада Рома

Со необичнииот погодок на Јирген Екеленкамп во 49' минута кога топката се одби од Дориен Мален кој беше во живиот ѕид и го зафркна голманот Миле Свилар, Удинезе со 1-0 ја победи Рома.

Сигурдсон е кафански човек, ја грабна гитарата

Кој вика дека Дагур Сигурдсон е Исланѓанец? Пази ова. Од плоштад, ракометарите продолжија со кафанско славје, а таму во еден момент селекторот на Хрватска со една рака го остави пивото на маса, со другата му ја зима гитарата на музичарот. Потоа се ореше песна по име „Далматинац сам“, која во негова чест ја имровизираа и му ја отпеаа со рефрен „Са Исланда сам“. Јак момент. Добар лик е Дагур, може и кај Чамо да го земеме.

Спектакуларно славје за бронзената Хрватска

После сите политички натегања, на плоштадот во Загреб сепак се организираше пречек за ракометарите кои го освоија третото место на Европското ракометно првенство. Славјето беше лудо со илјадници навивачи, а за забавата беа задолжени Запрешиќ Бојс, Хрватске руже и контроверзниот Марко Перковиќ Томпсон, за кого се дебатираше дали воопшто треба да настапи.

Еуфоријата на Хрватите почна уште на аеродром

Ракометарите на Хрватска одиграа повеќе од задоволително Европско првенство кое го крунисаа со трето место и бронзен медал. Навивачите го наполнија аеродромот во Загреб за да ги пречекаат своите јунаци. Славењето може да почне.

Најлегендарен волеј во кариерата на Џејми Варди

Каква незаборавна екипа беше тој култен Лестер Сити во 2016-та. Со Ријад Марез, со Каспер Шмајхел, со Н'Голо Канте и секако лидерот Џејми Варди кои со своите голови му ја донесе на Клаудио Раниери и навивачите сензационалната титула во Премиер лига. Таа сезона Варди го постигна можеби и најубавиот гол во неговата кариера. Против Ливерпул.

Пародија на мечот Бенфика - Реал Мадрид 4:2

Си немале дечкиве попаметна работа и фатиле во хангар со коли, да го „прераскажат“ лудиот меч меѓу Бенфика и Реал Мадрид, кој заврши со гол на голманот на домаќините и тоа во 98-ма минута. И тоа добро се спремиле, со сите нишани.

Што се случува кога јапонски одбојкар удира некого со топка?

Неверојатната јапонска култура, уникатна во светот, ја гледаме често преку видеа од разни ситуации. Сега стаса нешто од епизода во јапонска одбојка. Играч ненамерно погодил со топка некого во публика и доаѓа да се извини.

„Тумба“ и ПАОК се збогуваа со своите загинати браќа

Во 27' минута од дуелот меѓу ПАОК и Пансераикос кој заврши 4-1, целиот стадион „Тумба“ во Солун со неверојатна бакљада се збогуваше за последен пат со 7-те трагично настрадани навивачи. Седум поддржувачи на ПАОК загинаа на лице место минатата недела во стравична и незапаметена сообраќјна несреќа со комбе, во Романија на пат кон Франција на натпревар со Лион од Лига Европа.

Ракетата на баскиското дерби Атлетик Билбао - Сосиедад

29-годишниот Португалец Гонзало Гуедеш кој играше во Бенфика, ПСЖ, Валенсија, Волвс и Виљареал, од минатото лето е во Реал Сосиедад. Сезонава на 22 средби веќе има 6 гола и 2 асистенции и се покажа како одлично засилување. Синоќа во баскиското дерби против Атлетик Билбао на гости постигна прекрасно голчиште во 37' минута за 0-1. Подоцна домаќините израмнија во 88-ма минута за конечни 1-1.

Дувњак во навивачко издание експлодираше од емоции

Хрватска е сериозна ракометна сила која го запечати 16-от медал на големите натпреварувања. И покрај сите перипетии кои ги имаа поврзани со лошата организација на Европското, собраа сили и го добија мечот за третото место против незгодниот Исланд. Домагој Дувњак, кој две децении го потеше националниот дрес, овој пат ги бодреше од трибини и тоа доста јако, со многу жар и страст.

Го имаме ли голот на сезоната во Премиер лига?

Тотенхем успеа да анулира негатива од 0:2 на дуелот со Манчестер Сити на домашен терен, благодарение на двата гола на Доминик Соланке. Англискиот напаѓач поднесе кандидатура за гол број 1 на сезоната. Ова е сериозна велемајсторија.

Волкановски е неприкосновен крал во УФЦ, ја одбрани светската титула

Александар Волкановски ја одбрани титулата во перолесна категорија на настанот УФЦ 325 во Сиднеј. 

А го видовте ли лизгачкиот старт на Волф?

Андреас Волф е дефинитивно еден од најдобрите ракометни голмани во светот, ако не и најдобар. Европското го заврши со 91 одбрана на 9 меча со 32% успешност. Одигра страшни партии, како онаа против Португалија кога експлодираше со 22 интервенции, а синоќа повторно беше фантастичен со 16 одбрани. Во еден момент се фрли со клизачи.

Данска со тотална доминација стигна до тронот на Европа

Ракометната селекција на Данска ја оствари мисијата и стигна до европската титула, прва после 14 години и вкупно трета во историјата. Со овој триумф успеаа да ги обединат сите три титули во три години.

Кралот на Австралија опен не успеа, прв трофеј за Алкараз

Изгледаше дека може, одигра перфектен прв сет, но потоа следуваше пад по кој само привремено се врати и ја одржа неизвесноста. Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија опен.

Заврши конкурсот за најдобри ножички за 2026-та

Да не сте помислиле да ни праќате други видеа. Овие ги баравме.

Ѓоковиќ со порака до хејтерите во неговата земја

Во лавовска битка, Новак Ѓоковиќ го доби 14 години помладиот Синер, кој потклекна на искуството и инаетот на великанот со 24 Гренд слем титули. „Нешто сте рекли“, гласеше неговиот натпис на камерата, наменет за оние во Србија кои не се баш од негова.

Се врати Јокиќ и тоа со 31 поен и 12 скока

Повредата на Никола Јокиќ е минато. Направи кам бек и одигра партија како да не отсуствувал еден месец. Денвер Нагетс ги доби Лос Анџелес Клиперс со 122-109, а Србинот го заврши мечот со 31 поен, 12 скока, 5 асистенции и 3 украдени топки.