Offside

Ал Наср го совлада Ал Фаисали на гости со 1:3. Очите се вперени кон голот во 49-та минута со кој Роналдо стигна до 982. Но не според сите. Opta, Sofascore, Flashscore и FotMob го запишаа како автогол. Саудиската професионална лига пак му го препиша на Роналдо. На забавената снимка се гледа како топката прво ја удира Роналдо, па играчот од спротивниот тим со број 5, по што влегува во гол. Официјално, Роналдо е на 18 гола до јубилејната 1000-ка.

Гримасата на Пикфорд пред да му го фати пеналот на Халанд

Манчестер Сити продолжува да се мачи и на Боксинг деј и на полувреме против Евертон имаше само 1:1. Халанд во 53 минута не успеа да реализира пенал, бидејќи се соочи со човекот кој е познат по тоа што анализата за тоа кој и каде ги изведува пеналите, ја запишува на шишето. Него што е со гримасиве?

Најчуваниот судија на сезоната

Во баражот за опстанок и пласман во најдобрата боливиска лига се играат два натпревари. Првиот натпревар меѓу прволигашот Ројал Пари и второлигашот Реал Оруро домашните го добиле 4-0. На реваншот второлигашот прави чудо и до 38-ма минута води 3-0. На 10 минути пред крајот главниот судија свири пенал за домаќинот кој на тој начин можел да ја стигне огромната негатива и да направи голема сензација до крајот. Во тој момент главниот тренер на Ројал Пари влетал во терен да протестира и настанал хаос. Полиција едвај ги извадила судиите.

Еврејскиот боксер кој добил 76 меча во Аушвиц вредни живот или смрт

Приказна за човекот кој преживеал логор за време на втората светска војна, без избор и на безмилосен начин. Бил принуден на борби кои го прогонувале до крајот на животот.

Дедо на сезоната

На еден дедо, инаку голем навивач на Атлетико Мадрид за Божиќните празници му носат прекрасен подарок. Кога ќе го види ќе го стигнат емоции.

Само 4 секунди има до крај? Дај му ја на Џордан

Кога ќе се спомете светото кошаркарско име Мајкл Џордан и game winner, се мисли на шестиот меч против Јута кога го завери шестиот прстен. Да е само тој натпревар кој го решил. Одиме со друг пример од драгоцениот историјат на најголемиот. 

Ред Бул веќе го има наследникот на Макс Ферстапен

Макс Ферстапен без исклучок е и ќе биде еден од најголемите шампиони во историјата. За тоа се свесни и во Ред Бул, како што се и свесни дека Холанѓанецот нема засекогаш да биде со нив, без разлика дали поради тоа што ќе ја напушти Формула 1 или ќе потпише со друг тим.

Му дале на Онана да витка подароци

На „Олд Трафорд“ се сетиле во спремањето новогодишни подароци да учествуваат и играчите. Меѓу нив и тој, голманот Андре Онана.

Кога Англичаните не можеа да писнат против најмоќната италијанска одбрана

Мечот е пријателски, датира од 2000-та, а јадните Англичани на Деле Алпи во Торино требаше да се соочат со дефанзива составена од Неста-Малдини-Канаваро, па уште и Буфон на гол. Колку гола им дадоа? Нула. Ќе ви стане јасно зошто откако ќе погледнете како триото газдува на своја половина. Знаете кој го реши мечот? Гатузо и тоа со голот на кариерата, кој инаку му е единствен во репрезентативната кариера (2000-2010).

Сезоната на Јокиќ во 1 минута

30.9, поени 12.5, скока, 9.7 асистенции е просекот на Никола Јокиќ оваа сезона на првите 24 НБА средби. Оствари трипл дабл дури 11 пати. За коментарите во суперлативи, ќе слушате додека ја гледате компилацијата.

Супер драматична победа на Лејкерс против Голден Стејт на 1 секунда пред крај

Во јак трилер меч меѓу Голден Стејт Вориорс и ЛА Лејкерс, гостите славеа 113-115 во Сан Франциско со кош на 1 секунда пред крајот. Претходно Стеф Кари погоди тројка за израмнување од голема далечина на 7,1 секунди до крајот и ја фрли во еуфорија целата сала, но на крај Остин Ривс стави печат на триумфот на Лејкерс.

Расположението во соблекувална после 5 трофеи во една година

Ла Лига, Супер Куп на Шпанија, Лига на шампиони, Супер Куп на Европа, Интерконтинентален Куп. Тоа е одговорот на Реал Мадрид ако некој ги праша, по што ќе ја паметите 2024-та.

Турците ја сумираат годината и потсетуваат на ремек делото на Осимен

Галатасарај на стартот на оваа сезона направи бомбастичен трансфер и го донесе во напад Виктор Осимен, еден од најзаслужните за Скудетото на Наполи. Во првите 4 месеци одговори со 12 гола на 15 средби. Оној кој денеска се вртеше во Турција, како за крај на годината, е спектакуларната акробација против Анталијаспор на гости.

Носталгија за секој навивач на Милан која не умира

„Кога Франко се повлече од играње му рековме дека не смееш да помислиш да бидеш далеку од Милан и му дадовме одговорна функција во нашиот младински сектор. Направивме и една работа која ниту еден друг клуб не ја направил за никого. Го повлековме засекогаш неговиот број 6. Потоа решивме дека истото треба да го сториме за уште еден играч. А за кој, ако не за големиот Паоло. Две бројки кои повеќе нема да постојат на дресовите на Милан кај други играчи“.

НБА стокми врвна листа со најјаки забивања во последниве 25 години

Со Ентони Едвардс, Леброн Џејмс, Трејси Мегреди, Коби Брајант, Винс Картер, ДеАндре Џордан...Не може да се лоши клипчињава. Одиме со топ 10 мераци за гледање.

Роналдо на -20 во вода во Финска

Кристијано Роналдо ужива со семејството во посета на местото кое се смета за седиште на Дедо Мраз. Во Лапонија, во најсеверниот дел од студената Финска, Португалецот покажа во каква врвна форма се наоѓа и на неколку недели пред неговиот 40-ти роденден.

Највредната колекција од соништата на Меси

Лионел Меси пред неколку дена стигнал во родниот Розарио, во Аргентина каде ќе ги помине Новогодишните и Божиќни празници како и секоја година. Лео многу ретко ги користи социјалните мрежи на кои сега сподели еден интересен детал.

Уште ова немало: одбојкарски судија турнат од својата кула

Во натпревар од групната фаза во одбојкарската Лига на шампиони, Перуџа го совлада француски Сен Назар со 3-0 во сетови. Натпреварот ќе се памети по екцесот кој случајно го направи францускиот одбојкар Анри Леон кој го урна судијата Пол Каталин Шабо-Алекси од неговата судиска кула.

Што значи најновото стори на Рики?

Само два дена по промените на раководството во ФФМ, довчерашниот капитен на Македонија Стефан Ристовски, објави фотографија на Инстаграм на која е во репрезентативен дрес заедно со Адеми. Значи ли ова кам бек и нормализирање на односите со селекторот Милевски, со помош на новиот директор на националните селекции, Горан Пандев, со кој се блиски.

Од Бетис за дечињата, празничен дожд од плишани мечиња

Шпанскиот клуб Бетис пред католичкиот Божиќ одигра 1:1 против Ваљадолид, но навивачите беа во празнично расположение и го направија пред натпреварот традиционалниот играчкопад, односно подарија од трибините илјадници плишани мечиња за децата од најранливите социјални категории.

Чудото од дете на Ајакс кое жонглираше 2.424 пати

Холандскиот гигант отсекогаш вадел сјајни бисери од својата школа, која важи за една од најдобрите на светот. Еден таков сега е 11-годишниот Зинедин Чајат кој жонглираше 2.424 пати за време на паузата на натпревар на Ајакс. „Можев уште, ама ме прекинаа поради натпреварот“, рекол малиот Зинедин кој ги воодушевил присутните.

Панче Ќумбев: Масар метлата и чисти, оти очекуваме големи промени

Претседателот на Синдикатот на фудбалери, Панчев Ќумбев, а воедно и поранешен репрезентативец на Македонија, даде краток и јасен коментар околу смената на раководството во ФФМ. За промени, смета дека е потребна чистка и рестарт.

Зезалиците на Нејмар

Триесет и две годишниот Бразилец во последните 2-3 години повеќе е надвор од теренот во закрепнување од повреди отколку што е на терен. Член е на саудискиот клуб Ал-Хилал, важи за еден од најскапо платените фудбалери во историјата, но по сè изгледа дека веќе не му е до фудбал. А го играше стварно со неверојатна леснотија.

Најубавото лизгалиште - стадионот на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид штуцаше на почеток на сезоната но во финишот на првата полусезона, есента и зимава игра маестрален фудбал и со 12 победи, 5 нерешени и само 1 пораз се први на табела во Шпанија. Добро им оди и во Лига на шампиони, а во меѓувреме овозможија на нивниот ултра модерен стадион „Ријад Ер Метрополитано“ да се направи и лизгалиште.

Омерагиќ на средба со Милевски, вработените во ФФМ и новинарите

Еден ден по вонредното изборно генерално Собрание, новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ го одработи првиот ден во куќата на фудбалот. Се запозна со вработените во федерацијата, ги повика на брифинг новинарите, а имаше и прва средба со селекторот Боби Милевски, кој за три месеци ги стартува мундијалските квалификации.