Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Шеј Гилџес-Александер уфрли 52 поени

Лидерот на Западната конференција во НБА, Оклахома Тандер изгуби од Голден Стејт 116:109 и тоа е нивен само деветти пораз од почеток на сезоната. Лидерот на Оклахома Шеј Гилџес-Александер постигна дури 52 од 109 поени на неговиот тим. Имаше и четири асистенции а шутираше 14/23 од игра, 2/6 за три и 18/21 слободни фрлања.

Безобразен гол на поранешна ѕвезда на ПСЖ

Некогашниот германски репрезентативец и голема ѕвезда на ПСЖ, Јулијан Дракслер синоќа му донел победа на својот тим Ал Ахли во Катар на гости кај Ал Кор со прекрасен гол со ножички во 87' минута. Збудалеа и коментатор и публика и соиграчи.

Шоуто на Волф кој експлодираше со 21 одбрана

Репрезентација која има голман со ретко видени 21 одбрана е нереално да не победи. Но на Германците ни тоа не им беше доволно против разиграната и полетна Португалија, најголемата сензација на ова Светско, која славеше во продолженијата.

Последните 12 секунди и голот вреден историско полуфинале за Португалија

По Хрватска и Франција, четвртфинале со драматичен крај донесе селекцијата на Португалија, која со златни букви ќе го запише овој Мундијал во својата историја, откако за прв пат влезе во битка за медал. Го елиминираше поранешниот светски и европски првак Германија со 31:30 по продолженијата. Ја реши Мартим Кошта во последниот напад од мечот за делириум на паркетот.

Страшен проектил на Канга, вреден победа за Црвена Ѕвезда

Фудбалерите на Црвена Ѕвезда ја завршуваат сезоната во ЛШ на 29-та позиција со 2 победи и 6 порази. Се одјавуваат победнички од гостувањето кај последниот на табелата, Јанг Бојс. Човек на одлука е 34 годишниот Гелор Канга од Габон, кој испука бомба во Швајцарија.

Манчестер Сити со подобра гол разлика до плејоф, ПСЖ го исфрли Штутгарт

Драматична разврска во последното 8. коло од новиот формат во ЛШ. Манчестер Сити со триумф над Клуб Бриж се избори за нокаут фаза, а Штутгарт излезе од топ 24 поради дебакл на домашен терен против ПСЖ. Големи победи за Лил и Атлетико, вредни директен пласман во осминафинале.

Динамо на „Максимир“ со Ристовски и Адеми го урна Милан, Реал на екскурзија во Брест

Стефан Ристовски и Аријан Адеми вечерва беа дел од тимот на Динамо Загреб кој оствари една од најголемите победи во клупската историја. Во Хрватска падна Милан а „модрите“ чесно се простија од понатамошната фаза на Лига на шампиони. Реал Мадрид лесно се справи со Брест, Интер лесно со Монако, Баерн со Слован а Баер Леверкузен со Спарта Прага.

Идеја како да гледате вечер 18 меча во ЛШ

Последното 8. коло од чаршав групната фаза во Лига на шампиони се игра вечерvа и тоа сите 18 натпревари стартуваат во 21:00 часот. О-с-у-м-н-а-е-с-е-т. Да не знае како да ги пофати човек. Еве ви една идеја. Сè гледаш, а уствари ништо не гледаш.

Кам бек на Елмас во Серија А со насмевка и шал на Торино

После слабата минутажа и недоверба од страна на тренерот, нула постигнати голови и по некоја повреда, Елиф Елмас се врати во лигата која повеќе му лежеше и каде освои Скудето и Куп.

Херојот Иван Пешиќ кој без бубрег бранеше за Хрватска и соиграч избодеа пред него

„Кога дознав дека сум останал без бубрег, првото нешто на што помислив беше Иван Класниќ“, рече Иван Пешиќ, човекот кој со своите блескави одбрани на голот против Унгарија и помогна на Хрватска да се пласира во полуфинале на Мундијалот.

АИК Стокхолм и осветлено небо

Навивачите на шведскиот трофеен клуб АИК Стокхолм во подготвителниот период на нивниот клуб за новата сезона, на првиот тренинг направиле шоу. Што ли ќе прават кога од 2-ри февруари ќе почне новата сезона во Шведска?

Искривена слика за фудбалски навивачи од серија на Нетфликс

Новата италијанска серија ACAB (на Нетфликс Public Disorder) снимана според истоимената книга на италијанскиот автор Карло Бонини, одработува тема на специјална единица за разбивање демонстрации и нереди. Во една епизода снимиле навивачи на Вест Хем пред меч во Рим против Рома, како со знамиња и бакљи (иако островскиот стил никогаш не подразбира мавтање знамиња и палење бакљи, особено не на гостување во Рим), скокаат како зомбија по полициски автомобили. Везе со везе нема приказнава.

Делириумот во соблекувалната на Хрватска на чело со капитенот

Хрватите приредија фасцинантна драма во првото четвртфинале против Унгарија, селекција која се изнамачи и не успеа да ја победи Македонија во прво коло. Обезбедија полуфинале и покрај тоа што на 5 минути до крај губеа 29:25. За Домагој Дувњак победата донесе посебна радост, бидејќи синоќа не му заврши репрезентативната кариера. Хрватска ќе одигра уште два меча, полуфинале, а потоа финале или меч за трето место, а легендарниот капитен и покрај повредата ќе биде покрај нив, како што беше вчера со една нога.

Тешка и невидена лакрдија во женскиот англиски фудбал

Налетавме на клип од мечот Ватфорд - Луис, жени. Ама излегоа три на крај, кој од кој почуден и нејасен. WTF?

Сантос направи екстра мотивирачко видео за Нејмар со гласот на Пеле

После импресионирачки 7 настапи и 1 гол, како и два танкери со пари, разгалената бразилска ѕвезда заминува од арапскиот свет и се враќа дома. Онаму каде што почна, каде што играше самба со топката, каде освојуваше трофеи и од каде го направи трансферот во Барселона. Сантос е синоним за Пеле, кој таму остана речиси цела кариера. Клубот со помош на вештачка интелигенција направи посебно видео со гласот на Пеле за да го мотивира Нејмар.

Азар со искрена исповед за неуспехот во Реал Мадрид

Верувале или не, Еден Азар беше член на големиот Реал Мадрид од 2019-та до 2023-та. Никој и никаде не памети некој негов блескав меч за „кралскиот клуб“ во толку долг период. Азар во своето време во Челси важеше во еден момент за најдобар играч на светот. Пеколен техничар, брз, динамичен, експлозивен.

Од таму шутирај колку сакаш

Аргентинскиот фудбал ни носи голчиште од необична или нетипична позиција. Го постигна Хамилтон Кампаз од Розарио. Скроз неочекуван шут за голманот.

Голман со кохонес

Во 4. коло од мексиканската Лига МХ Круз Азул на гости ја совлада Некакса со 1-3. На овој натпревар гостинскиот голман, Колумбиецот Кевин Милер имаше еден интересен мини соло продор.

И Франција во полуфинале после невозможен гол во последна секунда

Репрезентациите на Франција и Египет одиграа прекрасен натпревар со изобилство дуели, многу голема борба, и 67 гола. Египет имаше нерешено и продолженија во рака во последни секунди но Лука Карабатиќ погоди од пола терен на празен гол на 0,2 секунди пред крај и Французите обезбедија ново полуфинале на Светско првенство. 34:33.

Луда ракометна драма, Хрватска со гол во последна секунда во полуфинале

Еден од домаќините на Светското првенство 2025, Хрватска е прв полуфиналист откако вечерва во луд натпревар во загрепска Арена ја совлада Унгарија со гол во последната секунда. Унгарците имаа 4+ гола предност на пет минути пред крајот.

Старо, ама актуелно

Програма во живо. Никогаш не знаеш на што си.

Федерер vs Мареј, лудница од поен

Коментаторот: Треба да викнеме полиција, бидејќи има едни двајца кои треба да одат во затвор.

Прекинато големото израелско дерби

Натпреварот меѓу Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив во израелското првеснтво бил прекинат откако во 11' минута домашните навивачи фрлиле десетина бакљи на теренот а со една од нив го погодиле и сопствениот голман на Макаби Хаифа, Шариф Кајоф. Судијата после десетина минути решил да го продолжи натпреварот но на полувреме по лично барање на министерот за спорт натпреварот бил прекинат. Властите сега бараат од фудбалската федерација драконски казни за изгредниците и за клубовите како и затворање трибини на стадионот во Хаифа.

Најјакиот буцко-шутер и најсмешните коментари

Шутира со стил како Зидан, со фелш како Пирло, со чувство како Синиша Михајловиќ, со дарба како Жунињо.