
25-годишниот центарфор роден во Калифорнија, по неколку клубови во САД, потпиша богат договор со дански Нордсјеланд. Сега Данците го позајмиле во Сан Диего.
Тоа се испоставило како полн погодок!
Милон Илоски сезонава веќе на 3 средби има дури 79гола меѓу подобрите стрелци во МЛС лигата каде играат и ѕверки како Лионел Меси, Луис Суарез, Оливие Жиру и други. На мечот меѓу Сан Диего и Ванкувер Вајткепс кој неговиот тим го добил на гости 3-5, Илоски постигнал дури четири гола и тоа за само 12 минути.
Илоски станал 20-ти играч во американската МЛС лига кој постигнал најмалку 4 гола на 1 меч и трет играч што го сторил тоа сезонава но прв кој го направил за само 12 минути.
Договорот на Милан Илоски со Нордсјеланд е до 2027 а сезонава ќе ја игра како позајмен во Сан Диего. Сан Диего е прв во западната конференција на МЛС и после 19 кола има 36 бода.
Милан Илоски е роден на 29-ти јули 1999-та година во Ескондидо, Калифорнија. Кариерата ја почнал во Ријл Солт Лејк АЗ а потоа играч и за колеџ тимот на Бруинс. Во сениорската кариера дебитирал за Голден Стејт Форс, потоа настапувал за Ријл Солт Лејк, Оринџ Каунти и во 2024-та потпишал со Нордсјеланд. За данскиот тим кој играше и во еврокуповите, постигнал 2 гола на 16 натпревари.