Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Хрватската ракометна мега лудорија која повеќе не се повтори

Откако го испративме супер интересното 29. Светско ракометно првенство, од преполнетата спортска медиумска сцена, на површина излезе еден кус клип кој се гледа минимум три пати. Се работи за Олимписките игри 2004 на кои златото го освоија Хрватите. Ова е меч против Грција, а велемајсторот е Никша Калеб, инаку светски шампион една година порано.

Кристијано Роналдо со нови два гола се приближува до лудата цел

Во натпревар од 7. коло на азиската Лига на шампиони, Ал Наср со 4-0 го совладал Ал Васл. Кристијано Роналдо дал два гола, во 44-та и во 78-ма минута. Со тоа стигна до бројката од 923 погодоци на официјални натпревари. Најдобар стрелец е во историјата на репрезентативниот фудбал (135 гола), најдобар стрелец во историјата на Лига на шампиони (140 гола), најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид (450 гола).

Паб во Англија најавил кригла за секој гол на Нотингем, Нотингем победи 7:0

Некогашниот двократен европски шампион, Нотингем Форест кој предводен од легендарниот Брајан Клоф станал најголема сензација на крајот од седумдесетите и почеток на осумдесетите години, сега повторно прави навивачите да сонуваат. Нотингем Форест после години и години во втора и трета лига, конечно фати ред.

Интересно корео на навивачите на Цирих

Во швајцарската Супер лига после 21 коло прв е Лугано со 38 бода, втор е Базел со 37, трет Луцерн со 36 а четврти Сервет со 32. До крајот ќе има голема борба за титулата. Минатиот викенд Цирих го пречекал Базел во дербито на колото кое гостите го добиле 0-1. Домашните навивачи направиле супер досетлива кореографија.

Роналдо: Јас сум најдобар фудбалер кој постоел, не сум видел појак од мене

Во три децении следење фудбал, не сме чуле и виделе некој играч до толку да е опседнат со себе. Неверојатно нарцисоиден лик, од коцките на стомакот до головите и успесите. Си се самопрогласи за број 1 :). Каква величествена скромност.

Манчестер Сити во неколку дена на трансфери потроши 218 милиони евра!

Во последните мигови од зимскиот трансфер преоден рок, англискиот шампион Манчестер Сити беше најактивен од сите клубови во европските топ5 лиги.

Проштално видео на Далас за Лука

422 натпревари, 12.089 поени, 3.489 асистенции, 3.655 скока. Прв играч во НБА историјата со 60 поени, 21 скок, 10 асистенции. Лидер по број на трип-дабл на Далас. Многу решавачки поени, луди тројки, атракции. Словенечкото чудо од дете со број 77, остави голем и тешко достижен белег во седум годишната авантура во Далас Маверикс.

По страшен дуел, го прашувале Гави кој ден е и колку е часот?

Барселона во неделата едвај го совлада Алавес 1-0 со гол на Роберт Левандовски во 61' минута и ја продолжи трката за врвот. Сега Барса е трета со 45 бода, Атлетико Мадрид втор со 48 а прв е Реал Мадрид со 49 бода. Сите имаат одиграни по 22 натпревари. На овој дуел со Алавес Гави заработил силен удар во глава после што малку како да се подзагубил па докторите го прашувале кој ден е и колку е саат.

Ја имаме ли интервенцијата на месецот во Премиер лига?

Челси го доби лондонското дерби против Вест Хем со пресврт од 0:1 на 2:1. Погледнете го совршениот слободен удар на Кол Палмер, кој се соочи со одбрана, онаму каде што обично голманите се немоќни. Маестрална парада на Алфонсо Ареола.

Прв пораз на бодигардот на Меси, се соочи со најнесмасниот клизач во историјата

Обично прв стасува секаде и не дава мува да прелета преку Лео Меси, ама овој беше екстремно изненаден. Сте виделе ли некој да направи клизач со глава?

Јокиќ: „Се допишував со Дончиќ, тоа е, никој не е сигурен“

Никола Јокиќ одговорил на новинарско прашање за големата и неверојатна трампа на Лука Дончиќ од Далас во ЛА Лејкерс.

Мајсторија со ножички на Боби Фирмино во Саудиска Арабија

Ал Ахли со 1-3 го совлада Ал Сад во саудиската лига. Роберто Фирмино постигна прекрасен гол во 10' минута за израмнување откако домаќините повеле уште во 1' минута на сам старт. После Роџер Ибањез и Ријад Марез ги поставиле конечните 1-3. На клупата за резерви кај тимот на Фирмино бил и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Маестрална игра и 23-ти трипл-дабл на Никола Јокиќ сезонава

Српскиот центар го носеше Денвер Нагетс до нов триумф, овојпат против Њу Орлеанс Пеликанс 125:113 на свој терен. Сјајна вечер имаше и најефикасниот поединец кај Нагетс, Мајкл Портер-Џуниор.

Фешта во Загреб во чест на сребрените јунаци

Хрватска не успеа да го направи последниот исчекор и да ја добие моќната Данска во финале, но сепак илјадници навивачи ги наградија за игрите, борбеноста и одличното второ место на Мундијалот.

Овој па со хеликоптер отишол на тренинг

По 12 години Нејмар се врати во својот матичен клуб Сантос, каде што ја започна кариерата. Се расплака на претставувањето од атмосферата која му ја приредија на стадион и уште на првиот тренинг почна да лета високо.

Ла Лига се тресе, Антони изгазил на дебито?

Пропаднатниот Бразилец (можеби ќе пркне), за кој Манчестер Јунајтед пред три години му плати на Ајакс 95 милиони евра, од 25 јануари е на позајмица во Бетис. Синоќа дебитираше против Атлетик Билбао (2:2) и пази ова, прогласен е за играч на натпреварот. Прашање е за што? Океј, останува да веруваме дека заслужил и ќе замижиме пред клипов.

Ватерполо асистенција на Јокиќ

Нова победа на Денвер, овој пат против Шарлот, нов трип дабл на Јокиќ и нова асистенција за чудење во НБА светот. Што сака прави со баскетот.

Халанд подај патиката

Абе не ти барам рака да ми подадеш, патиката дај ми ја да не газам со една чорапа.

Реакцијата на Кевин Дурент за трампата на Дончиќ

„Лудо. Лудост е, лудост“, не можел да се начуди големиот Кевин Дурент на трампата која Далас Маверикс сама ја иницирал до Лејкерс. Претходно за време на мечот на Феникс Санс во НБА лигата додека одморал на клупата за резрви, ја видел веста за Дончиќ на мобилен и се шокирал.

Дончиќ слета во Лос Анџелес

Светот на кошарката уште чувствува последици по земјотресот кој го направи Далас Маверикс кој се реши да го трампа еден од најдобрите светски играчи Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејекрс. Луѓето од Лејкерс биле збунети кога од Тексас им се јавиле со понуда за трампа која го вклучува и Дончиќ. Сега го пречекаа на аеродром и навивачите едвај чекаат да го видат на паркетот во култниот жолт дрес.

Влаховиќ го прекина постот со голчиште

Јувентус го совлада Емполи со пресврт од 0:1 на 4:1, а на листата на стрелци се запиша Душан Влаховиќ. За српскиот напаѓач ова е прв гол после декември минатата година. Издрибла двајца, а потоа го изненади голманот.

Најчудна сцена во тенис што скоро е видена

Синоќа во градот Хаселт, во Белгија се играа натпревари од квалификациите за Дејвис Куп меѓу репрезентациите на Белгија и Чиле.