Offside

Шампионот на Франција оствари голема победа на Емирати и со минимална предност влегува во реванш полуфиналето од ЛШ, кое се игра веќе следната недела.

Австралија го има најлошото и најнелогично промашување

„Ова никогаш повеќе нема да го видите. Најневеројатното промашување. Веројатно сака да потоне во земја“, вели коментаторот кој одлично го опиша срамот кој го изеде Патрик Вуд од Сиднеј, кој патем игра на позиција напаѓач. Нереално.

Нов кошаркар на Лејкерс би добил отприлика 58 денари ако освојат титула

Новото засилување на ЛА Лејкерс, 30-годишниот Спенсер Динвиди во Лос Анџелес доаѓа од Бруклин Нетс како слободен агент без обештетување, а во договорот со „езерџиите“ има една чудна ставка.

Спектакуларниот финиш на голманот на Еурофарм кој им ја спушти завесата на вардарци

Од спортските викенд возбудувања, најголемо на домашната сцена беше се разбира ракометното дерби во плејофот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое домаќините го добија со 27:21. Словенечкиот голман Урбан Лесјак го заврши на начин со кој ја крена на нозе цела сала во Битола. Статива, па две одбрани за делириум меѓу навивачите.

Сите 10 натпревари во кариерата на Кари добиени со негови решавачки поени

Деталните НБА статистичари ги собрале на куп сите 10 меча од кариерата на Стефон Кари кои тој ги решил во финишот. Секогаш решетал на помалку од 5 секунди до крај, а повеќете му се тројки. Неверојатен снајперист.

Чудесно куцање со небесен скок против Барселона

Барселона ја победи Манреса на гости 77-87 и после 22 кола со 15 победи и 7 порази е трета на табела во шпанската лига зад лидерот Реал Мадрид (19-3) и второпласираната Уникаха (18-4). Каталонците до триумф ги носеа Џабари Паркер со 16 поени, Томаш Саторански со 15 поени, 4 скока и 5 асистенции, Вили Ернангомез и Дарио Бризуела имаа по 12 поени. Токму Ернангомез „искрка“ неверојатно постер-забивање од домашниот играч Девин Робинсон кој со 15 поени беше најефикасен кај Манреса.

Дали ја видовте најлудата асистенција во НБА?

Индијана Пејсерс убедливо го совлада Њујорк Никс 125:111. Најефикасни кај победничкио ттим беа Мајлс Тарнер со 23 поени, 8 скока и 4 асистенции и Тајрис Халибуртон со 22 поени, 3 скока и дури 12 асистенции од кои една неверојатно итра и мудра.

Голман - глумец на годината

На натпреварот меѓу Шлонск Вроцлав, второпласираниот тим од полската Екстракласа и петтопласираниот Погон Шецин, гостите победиле 0-1 и ја направиле трката за титулата во Полска многу интересна. Првопласираните два тима имаат по 41 бод, третиот 36, четвртиот 35. Но друг ни беше муабетот. Гостинскиот голман, Романецот Валетин Којокару имал кардинално глуп обид за глума.

Еврогол на сезоната во полу-аматерски фудбал

На мечот меѓу Чешем Јунајтед и Супермарин во англиската таканаречена седма и осма лига, домаќините славеле 4-0. Рајан Апворд постигнал гол каков што не се гледа никаде често.

Тео во еден момент е бек, во друг момент се претвора во Шевченко и го решава шампионот

Тео Хернандез на Википедија е претставен како еден од најдобрите бекови во свет, што е жива вистина. Зборуваме за ултрамодерен и продорен бек, со страшна брзина и многу моќен шут. Погледнете го колку го едноставно го изведе ова во соработка со Жиру и Леао со трк од 50 метри, си завршница вредна 3 бода против Наполи. 28 гола има постигнато за Милан, а е дефанзивец.

Фергусон сурово искрен за Тотенхем

Тотенхем Спарс му беа еден од најголемите ривали на Фергусон во неговата тренерска кариера. Имаа многу мегдани во Лондон и во Манчестер. На прашање денес што мисли за шансите на Тотенхем некогаш да освои титула, 82-годишниот Ферги има само едно:

Филмска приказна - Брегот на Слонова Коска после триста перипетии стана шампион на Африка

Репрезентацијата на Брег на Слонова Коска ја совлада Нигерија во големото финале на Африкански Куп на нации со 2-1 после пресврт и на домашен терен во Ебимпе, 20 километри од главниот град Абиџан прослави уште една шампионска титула во овој највреден турнир во Африка.

Супербол спектаклот во Лас Вегас решен на три секунди до крај

Канзас Сити Шифс е освојувач на 58-от Супербол во НФЛ лигата, откако славеше против Сан Франциско со 25:22.

Пандев раскажува каква идеја реализирал Станковиќ за прославата на Интер во ЛШ

Што направил Пандев со парите од првите богати договори. Како Дејан Станковиќ ја организирал музиката за прославата кога освоиле ЛШ? Функционирањето на ФФМ во последните 30 години. Ова се дел од темите со нашата најголема фудбалска легенда во вториот дел од емисијата „Еден на еден“ на Канал 5.

Страшна тројка на Кари за победа во последна секунда

Тешко може да се каже дека постои појак тројкаш во НБА од Стефон Кари. Голден Стејт Вориорс имаше само 3 секунди за напад за да избегне пораз од Феникс Санс, а маестралниот Кари во тоа кусо време успеа со луда тројка од 9 метри да погоди и тоа за победа од 113:112 и да ја фрли во транс цела сала. Неверојатен потег.

Дончиќ го исфрли Лу Дорт од игра и го прати во соблекувална

Не можевме да му ги донаброиме велемејасторските асистенции само против Лејкерски од сезоната, за што почнаа и читателите да ни помагаа и ете го пак одлепи, овој пат против Оклахома.

Баер Леверкузен го декласираше Баерн Минхен

Под водство на Шпанецот Чаби Алонсо, Баер Леверкузен игра неверојатна сезона. „Фармацевтите“ во големото дерби со шампионот Баерн Минхен славеа убедливо и лесно со 3:0, се одлепија на 5 бода на врвот на табелата пред Баварците и го запишаа 31-от меч без пораз во сите натпреварувања. Имаат 27 победи и четири нерешени а следниот викенд играат против Хајденхајм на гости.

Два нови гола на Миовски кој му исполни желба на едно дете

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски игра во неверојатна форма и викендов одново е во фокусот.

Зидан vs Балак, безпоштедно малтретирање

Реал Мадрид - Баерн Минхен. Да не знае човек дали да се чуди на мајсторлукот и стилот на игра на Зидан или да го жали Балак? Си поигра како со забаваче.

Најубавата кореографија во Шведска за 2023-та е од Гетеборг

„Кога ноќта е најтемна, зората е најблизу“ парола под врвна шеталица на која е нацртано бурно море со големи бранови и бродот на ИФК Гетеборг, шведскиот прволигаш.

Стивен Жанг од Интер, најуспешниот претседател во Европа за негови години

Неколку факти за најмладиот претседател во историјата на 19 кратниот шампион на Италија.

5 мајстории на Сон од слободен удар за Кореја постигнати за 20 месеци

Во периодот од 6 јуни 2022-ра до 3 февруари 2023-та, ѕвездата на Тотенхем се претворил во Синиша Михајловиќ против Чиле, Парагвај, Коста Рика, Колумбија и Австралија. Му легнале јужноамериканските држави.

Само што го избраа на Ол стар, таблата ја изделка

22 годишниот Скоти Барнс од Торонто кој сезонава држи просек од 20 поени, 8 скока и 6 асистенции по натпревар, ќе биде дел од Ол стар спектаклот како резерва на Истокот. На мечот против Шарлот кој го добија, тој постигна 18 поени, ама имаше и еден обид за тројка кој сигурно посакува да исчезне од Твитер, Јутјуб и пошироко.

Коби Брајант е вечен

На свечена церемонија пред Крипто арената, Лејкерси ја открија една од трите планирани статуи во чест на легендата Коби Брајант. Излезе и емотивно видео со наратив на Шек.

Лејкерси ја открија статуата на Коби Брајант инспирирана од легендарната партија со 81 поен

Натпреварот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс на кој шоуто го украде Лука Дончиќ со асистенцијата на сезоната, имаше емотивна увертира. Откриена е статуата на Коби, една од трите планирани.