Offside

Минесота Тимбервулвс повторно се обиде со груба и пргава игра уште еднаш да го скроти Денвер Нагетс, но Никола Јокиќ овојпат не дозволи пак да го изгуби својот терен. На домашен паркет Нагетс славеа 125:113.

Голема победа на Алкалоид среде Атина пред 9.000 жестоки навивачи

Ракометарите на Алкалоид одиграа феноменален натпревар во Грција и во Атина го совладаа АЕК 25-29 во првиот натпревар од финалето на Европскиот Куп на ЕХФ, па во Скопје за една недела ќе има можност да го освои првиот европски трофеј во својата клупска историја.

Редари рагбисти на дербито Челси - Манчестер Јунајтед

Челси го победи Јунајтед со 1-0 со голот на Кукуреља и ја продолжи трката за Лига на шампиони. Во судиското продолжение кога цела клупа на Челси и сите играчи креваа раце од судијата да свири крај поскоро, еден глупан влета во терен и го пролонгираше продолжението дополнително. Редари му влегоа ко рагбисти.

Најсмешните чекори некогаш видени во НБА лигата

Расел Вестбрук во времето кога играше за Оклахома, еднаш ептен се заборави со топката. Еден му искоментирал дека за вакво патување ќе му треба пасош.

Како тренира јунакот кој и спречи финале на Барса во ЛШ?

Јан Зомер на 36 години доживува втора младост. Погледнете со какви топки, односно топчиња му изгледа еден тренинг.

Ќе го стигне ли некој Дон Карло во Реал?

Името Карло Анчелоти има и ќе има посебна тежина на Сантијаго Бернабеу. Со него завршува една славна и многу тешко достижна ера. Тоа што него му успеа, не го можеше никој во 123 години Реал Мадрид. Заминува како апсолутен рекордер со 15 трофеи. Мигел Муњоз на времето освоил 14. Зидан има 11. Нема четврто тренерско име со двоцифрен број на трофеи.

Њујорк Никс го разби Бостон како никој и оди во финале после 25 години

Екипата од Њујорк во својата култна сала „Медисон Сквер Гарден“ го растури шампионот Бостон Селтикс на парчиња 119:81 во шестиот натпревар и со вкупни 4:2 оди во финале на Истокот каде веќе ги чека Индијана Пејсерс.

Најдобрите соиграчи на Саша Ќириќ

Легендарниот македонски напаѓач кој стигна до Бундеслигата и успеа да стекне статус на легенда во Нирнберг, има посебна почит спрема своите сонародници. Секоја чест за финишот мајсторе.

Екипи со најмногу потрошени пари за одбрана изминативе 5 години

Што ли купувале Тотенхем и Манчестер Јунајтед кои ќе испаднеа за малку сезонава или Арсенал? Па трофеј со очи немаат видено овие три екипи. На Манчестер Сити му се исплати овој влог, тројна круна освоија, а најинтересен е податокот на Реал Мадрид. Со 5 милиони евра вложени изминативе 5 години за одбрана, освоиле 12 трофеи од кои две во ЛШ.

Прослава на денот

Англискиот фудбал има посебна драж. Вековна традиција негувана од колено на колено, пролеана со многу кригли пиво. Особено интересен е овој дел од сезоната кога се играат баражи за пласман во повисок ранг. Тоа за нив е фестивал. Синоќа играа Чарлтон и Викомб, реванш натпревар од полуфинале за пласман во втора лига Чемпионшип. Чарлтон победи 1-0 со гол во 81' минута и ќе игра во големото финале на Вембли против Лејтон Ориент. Победникот оди во втора лига.

Неколку секунди женски фудбал

Ваква среќа пред еден гол во фудбал не се видела.

Тотенхем го избра најубавиот гол на сезоната

Лондонскиот гигант од учесник во финале на Лига на шампиони падна толку ниско што сезонава едвај спаси жива глава од испаѓање од Премиер лига. Ама на крај може да ја спасат цела сезона зошто стигнаа дури до финале на Лига Европа каде противник ќе им биде Манчестер Јунајтед. Победникот ќе оди во Лига на шампиони. А баш против Јунајтед капитенот и лидер на тимот, Кореецот Сон постигна фантастичен гол. Избран е од навивачите за најубав на Спарс сезонава.

Бобо и другарите

Кристијан Виери, Франческо Тоти, Винсент Кандела, Луиџи Ди Бјаџо и Фабио Канаваро. Тоа е славниот состав во еден кадар, кој се собрал на Олимпико за финалето од Купот на Италија меѓу Милан и Болоња.

Приказна за фудбалскиот пат на чудото Ламин Јамал - баба Фатима и двајцата мудреци

Ламин Јамал е најголема фудбалска ѕвезда во моментов, двократен шампион на Шпанија, европски првак со репрезентацијата на Шпанија и освојувач на шпанскиот Куп. Има само 18 години. Што е познато за неговото семејство?

Марк Касадо, со народот

Барселона повторно покажа, после неколку години, дека нивната фудбалска школа, фабриката Ла Масија е прав извор на таленти. Во првиот тим на Каталонците последниве пар сезони главен збор водат деца од нивната академија. Ламин Јамал веќе е светска ѕвезда а има само 18 години. Тука се уште и Гави, Педри, Кубарси, Ињаки Пења, Фермин Лопез, Дани Олмо, Марк Бернал, Ектор Форт, Балде, Марк Касадо... Токму последниов кој синоќа беше на клупата за резерви при шампионското гостување кај Еспањол (0:2), подоцна дошол на познатата фонтана Каналетес во Барселона да слави со навивачите.

Реал е доминантен со титули, Барса освоила повеќе во XXI век

Во уште една возбудлива завршница на шпанскиот фудбал, Барселона заслужено прва минува низ целта. Каталонците играат невозможно убав фудбал, ефикасни се на ниво на славната генерација на Лионел Меси и ја намалија разликата во титули со Реал Мадрид.

Јокиќ никогаш не брза

Ако не е трипл, тогаш е дабл-дабл учинок. Јокиќ ја закажа мајсторката против Оклахома со нова одлична партија и учинок од 29 поени, 14 скока и 8 асистенции. Две куса видеа ни фатија око.

Шампионската дружина што игра најубав фудбал

Барселона со еден од најдобрите напади на светот заслужено стигна до шампионска титула во шпанска Ла Лига и по освоените Супер Куп на Шпанија и Кралски Куп, ги обедини сите три пехари сезонава.

Лапорта одлепи во соблекувална, а Јамал и Гави не можеа дома да си одат

Општо лудило и внатре и надвор од стадион. Првиот човек на Барселона слави во соблекувална како ултрас, а надвор настана тотална блокада пред колите на играчите. Јамал и Араухо од кров им се појавија на навивачите.

Карма тешка губење титула за Ајакс

Вториот голман на Ајакс одбива да му ја даде топката на едно од децата што е задолжено да ги собира и тоа се случува при резултат 1:2. Потоа Гронинген израмнува, а детето му се враќа на голманот и му нуди друга топка за да ја крие во скут. Со други зборови, го шамара во фаца. Со голот на Гронинген во 99 минута за конечни 2:2, Ајакс ја губи лидерската позиција и во последно коло прв на табела е ПСВ.

Фантастична одбрана на Шчесни кој од пензија го вратија

Пољакот се задоволи со 15 годишна кариера и 11 трофеи освоени во Арсенал и Јуве и реши повеќе да на брани на само 34 годишна возраст. Но Тер Штеген се повреди сериозно, а телефонски повик од Барселона не се одбива. Војчех одговори со низа на импресивни одбрани. Погледнете како се брани гол во игра еден на еден.

Флик побара од играчите да не слават на терен, Јамал веднаш се повлече во соблекувална

Ханси Флик е господин човек. Веднаш по последниот свиреж на судијата, се обиде да ги повлече играчите во соблекувална, со цел да не ја слават титулата на теренот на нивниот градски ривал Еспањол, кој пак одговори со некоректен потег. Им пушти прскалки.

Еспањол пак не и даде на Барса да слави титула на нивен терен

Со најубав фудбал во цела Европа, Барселона предводена од Ханси Флик стигна до заслужена шампионска титула, 28-ма во клупската историја. Но исто како и пред две години кога освоија титула со Чави баш на гостински терен кај градскиот ривал Еспањол, така и сега не им беше дозволена прослава на терен.

Шок во Шпанија, луда жена со кола се залета среде навивачи на Еспањол

Пред градското дерби Еспањол - Барселона кое Барса го доби 0-2 и ја завери шампионската титула во Шпанија со прекрасен гол на Ламин Јамал, надвор пред стадионот се случил страшен инцидент. Во толпата навивачи на Еспањол некоја жена се залетала тотално без памет со огромна брзина и покосила голем број луѓе. Извештаите во Шпанија велат дека повредени се најмалку дваесетина лица од кои некои потешко.