Шпанија го владее фудбалот. Само во последните четири години освои Лига на нации 2023, Олимписки игри 2024, Европско 2024 и Светско 2026. Кога овие успеси ќе се спојат со клупските, резултатот е надреален.
Лобот на Тоти какви што нема сега, снаодливоста на Шева, атракцијата на Недвед, експлозивноста на Ди Вајо, бомбата на Шевантон, велемајсторијата на Мансини. Па, па, па. Каква романтика.
„Ја држев цврсто раката на сопругата и ја замолив да се грижи за нашата ќерка. Ме вовлекоа во скандал со обложување, осум години подоцна бев ослободен, но тој инцидент ми го промени животот.“
Им даваат катаљарда евра во клубовите од плата, разни бонуси, клаузули и слично, потоа купишта пари од комерцијалните договори, а сега и од автограмите почнаа да прават бизнис.
За време на првото гостување на Барселона некогаш во Битола, во Лиа на шампиони, Каталонците славеа а Дејан Манасков го постигна најубавиот гол на колото. ЕХФ го избра за погодок гол број 1. Антологиски ќе стане.
Бразилката Марта, најдобра женска фудбалерка на сите времиња, уште игра. На 39 години настапува за Орландо Прајд во САД, Синоќа на дуел против мексиканска Пачука во рамки од КОНКАКАФ женскиот Куп, постигнала прекрасен гол од слободен удар.
На 6-ти ноември во Бирмингем натпревар од Лига Европа треба да играат Астон Вила и Макаби Тел Авив. Клубот од Бирмингем во четвртокот соопшти дека Советот за безбедност при градот кој е одговорен за издавање безбедносни дозволи и сертификати - решил да не дозволи влез на навивачи на израелскиот клуб во градот поради безбедносни причини.
Како што се ближи Мундијалот, иако има уште неколку месеци, така ќе се зборува сè повеќе за истиот. ФИФА веќе пушти еден отворен таканаречен „прозор“ во кој одреден број среќници можеа да си купат карти иако уште не се знае која репрезентација ќе обезбеди пласман и во која група ќе биде.
Легендарниот бразилски стопер кој играше за Милан, ПСЖ и Челси, уште игра фудбал, а роден е 84-та. Му донесе 3 бода на Флуминенсе на дуелот против Јувентуд со велемајсторка акробација во 98 минута. Сигурно еден од најјаките голови во кариерата, ако не е и најјак.
Златан тука има 26 години, а Паоло 40, плус зборуваме за градско дерби. Дефиниција за игра во одбрана против тешка градба за чување. Без пардон му влезе.
На 22 октомври годинава ќе наполнеше 61 година. Но, замина премлад, на само 28 години. Од него ќе останат спомените. Меѓу нив и ова прекрасно видео со основци, снимено во школска сала.
„Ќе излажам ако кажам дека мотивацијата за турнирот не се парите“, изјавил меѓу другото Јаник Синер, вториот светски рекет на АТП ранг листата по победата над Стефанос Циципас 2-0 по сетови 6-2, 6-2 на турнирот „Шесте Крала“ во Ријад, Саудиска Арабија. После натпреварот упаднало едно дете од публика да му ја побара тренерката. На Синер не му се давала.
Светски познатиот мурал на легендарниот Диего Армандо Марадона во Неапол бил прекриен во знак на протест на локалните продавачи на сувенири на кои инспектори им ја одзеле робата.
Еден од најдобрите кошаркари на светот, Гркот Јанис Адетокунбо и неговите двајца браќа Алекс и Танасис ќе бидат дел од составот на Милвоки Бакс во новата сезона.
Во уште еден од бројните НБА пред-сезонски натпреври, Шарлот Хорнетс убедливо го совладал Мемфис Гризлис 145-116. Мајлс Бриџис бил најефикасен кај „стршлените“ со 29 поени, 10 скока и 5 асистенции. ЛаМело Бол имал 23 поени, 5 скока и 8 асистенции од кои една луда после дриблинг меѓу нозе на противник.
Ромелу Лукаку и брат му Џордан објавиле заедничка објава на друштвените мрежи во која ги осудуваат семејните кавги поради кои биле спречени во намерата телото да го вратат во Белгија и татко им да го погребаат во Брисел.
Не е во прашање само неговата кондициона подготвеност. Силата на Лука лежи во неговата желба да продолжи да победува со Милан. А комбинацијата функционира совршено.
Ова правило како и сите во обид, се пробуваат најпрвин во младинскиот фудбал. Таму се експериментира па ако пројде добро, полека го внесуваат во сениорски фудбал. На дуелот од полуфинале на Светско првенство У-20 меѓу Мароко и Франција, мароканскиот селектор го искористи правилото да крене картон за да побара гледање ВАР. Ова е ново правило со кое ФИФА им овозможува на селекторите и тренерите да бараат ВАР и секако ќе биде ограничено на едно или две барања во текот на натпреварот.
Нејмар го нема ама Сантос без него го совлада Коринтијанс со 3-1 во 27. коло од бразилската Серија А. Домашниот фудбалер Бареал во 39' минута постигна фантастичен гол каков што ретко се гледа по терените.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаа да излезат на крај со моќната Барселона, која славеше во Битола со 30:34. Но, ЕХФ може да ја спрема топ 5 листата на најатрактивни голови, каде сигурно ќе има место за Дејан Манасков, која ја крена цела сала на нозе. Па уште и со голманска асистенција.
Џенаро Гатузо е првиот италијански селектор кој ја надминал границата од 10 гола на првите три натпревари, а во неговиот случај рекордот гласи 13 постигнати голови. На четвртиот меч стигна до нови 3 гола или вкупно 16 досега. 5:0 и 1:3 против Естонија, 4:5 и 3:0 со Израел. Секогаш е оригинален во изјавите.