Offside

По Стефан Ристовски, од Динамо Загреб си замина и Аријан Адеми. Беа заедно на Максимир 5 сезони, а со македонската репрезентација играа на Европско. Имаа братска конекција. Рики емотивно, со избрани зборови му напиша долга порака на Инстаграм.

Де Хеа со феноменална одбрана му спречи голчиште на Дибала

Кој би рекол дека легендарниот голман на Манчестер Јунајтед цела сезона беше без клуб и не бранеше 447 дена? Пред неколку кола на Милан му фати два пенали, а синоќа со фантастична интервенција на мечот Фиорентина - Рома (5:1), му покажа на Дибала како се брани слободен удар.

Шчесни ја задими соблекувалната на Бернабеу

Барселона го врати од пензија Војчех Шчесни, кој ја почувствува големата победа на Ел Класико како замена за Ињаки Пења. Веднаш штом стаса во Шпанија, му се фатија за цигарите, а тој им одговори дека тоа му е животен стил кој нема намера да го менува. Славјето во соблекувалната на Реал го зачини со цигарче.

На Столе и не му одговараат баш ваквите одбрани на Мамардашвили

И по 11 кола во Ла Лига, Столе Димитриевски никако да добие шанса во дресот на Валенсија. Не дека на клубот му оди сезонава, има само една победа и се наоѓа на дното со само 7 бода, ама затоа одлично му оди на Гиорги Мамардашвили. Погледнете го како бранеше на гостувањето против Хетафе (1:1).

На вајарот да му се одземе и лиценца и да му се забрани работа

Не е прв а сигурно ни последен пат, ама во последно време многу статуи и вајарски фигури не изгледаат ни приближно слично како луѓето на кои се наменети. Како на пример онаа на легендарниот Двејн Вејд.

Довчерашен македонски репрезентативец ја опали во Белгија од 50 метри

Ердон Даци има еден настап и еден гол за Македонија. Тоа се случи лани во октомври, кога ја совладавме Ерменија на пријателска во Струмица 3:1. Викендов во дресот на Деинзе го постигна еден од најјаките голови на колото на мечот против Моленбек.

Знаете ли кога Роџер Федерер чувал македонско знаме дома?

На 17 години, во неговиот роден Базел во Швајцарија, легендарниот Роџер Федерер во својата соба дома имал постери од Шекил О’Нил, Памела Андерсон и погодувате чие знаменце.

Кога духот на Кари ќе влезе во Јокиќ

Рекордни 41 поен во кариерата од кои 7 тројки, нешто што многу ретко се гледа од играч на позиција центар. Нишанот на Никола против Лос Анџелес Клиперс беше пуштен на најјако.

Спектакуларно дерби на Италија со дури 8 гола

Во 9. коло од Серија А Интер и Јувентус го одиграа можеби најлудото дерби меѓу нив во последните децении. Домаќинот водеше, па гостинот направи пресврт, па на крај Јувентус освои злато вреден бод. Конечни 4:4. Сега после 9 кола, Наполи е прв со 22 бода, Интер е втор со 18, а Јувентус е трет со 17 бода. Бјанконерите останаа единствен непоразен тим во Серија А со учинок од 4 победи и 5 нерешени средби и гол разлика 15:5.

Најбрзиот црвен картон во историјата се случи во Бразил

За време на дуелот од 31. коло во бразилската Серија А меѓу Атлетико Паранаенсе и Крузеиро кој заврши 3-0, гостинскиот фудбалер Рафаел да Силва доби црвен картон после само три секунди затоа што од нејасни причини се залета и со сета сила со лакт удираше противнички фудбалери по судиската свирка за почеток на мечот.

Сплитска Торцида против споменик на загинатиот македонски војник

Навивачката група Торцида Сплит повторно се најде во центарот на вниманието поради жестоката реакција на најавата во градот да се постави спомен-обележје во знак на сеќавање на Македонецот Сашко Гешовски, македонски војник од ЈНА кој загина за време на масовни националистички протести во Сплит на 6-ти мај 1991-ва година.

Големите шанси и утки на Левандовски и Мбапе

Ел Класико беше многу содржајно, особено во вториот дел во кој се редеа купишта шанси. Левандовски ги имаше двете најзрели, со кои можеше многу лесно да запише хет-трик за 12 минути, па и 4 комада во рок од 14 минути. На спротивната страна Мбапе три пати излезе пред гол и три пати победник беше Ињаки Пења. Ќе ги издвоиме и двете шанси на Реал од прво кои сепак од после беа досудени со офсајд.

За вакво дробење против Баерн и Реал имате три дена слободни

Барселона по германска команда игра страшен фудбал сезонава. Во 4 дена по 4 гола им дадоа и на Баерн и Реал Мадрид, а впрочем и лекција по фудбал им одржаа. Ханси Флик дополнително ги израдува и ги мотивира играчите. Им даде три дена слободни.

Рекорд на кариерата на Јокиќ, Денвер поразен

Кошаркарите на Денвер Нагетс го претрпеа и вториот пораз од стартот на новата сезона во НБА. Синоќа со 109:104 ги совлада Лос Анџелес Клиперс во меч во кој одново доминираше Никола Јокиќ без поддршка од своите соиграчи.

Барселона го сруши „Сантијаго Бернабеу“ до темел

Атомски фудбал го одбележа големото 189-то издание на дербито „Ел класико“. Барселона чекаше, чекаше и дочека прилика па го нокаутираше Реал Мадрид на негов терен, пред негови навивачи со 0-4.

Бразилски стендап на денот

Само во Бразил го има ова. Во Рио на Копакабана.

Најскапиот отказ во историјата на фудбалот

Роберто Манчини го доби отказот од соништата. Во следните три години, без да работи, ќе добива по 70.800 евра или претворено во наши пари, по 4,3 милиони денари ДНЕВНО.

Помошник на помошниот судија

Ограда, пченки, стара куќа, закачко на оградата, па уште и габаритен главен судија 190см, кој сигурно пие ѕидарско и пред и после утакмица. Класична сцена ко за селски фудбал, со која можат да се пофалат Србите, а и ние се разбира.

НБА со посебно видео ја најави сезоната број 10 на Јокиќ

МВП за сезоните 2021, 2022 и 2024, шампион и МВП во финалната серија во 2023-та. НБА лигата се потруди и направи атрактивен клип пред Никола Јокиќ да почне да им приредува ново кошаркарско шоу.

Како ли му успеа ова на Љуљ?

Реал Мадрид ја доби Црвена Ѕвезда во Евролигата убедливо со 95:72. Ветеранот Серхио Љуљ направи нешто кое се гледа еднаш на 10, а можеби и на 20 години.

Атракција на Еурофарм Пелистер влезе во топ 5 голови на колото во ЛШ

Македонскиот претставник во ЛШ го врати на клупата Ѕвонко Шундовски, но не успеа да ги израдува навивачите и го запиша петтиот пораз на шестиот натпревар во елитата. Веспрем победи 23:30, а како утеха, ЕХФ го препозна прекрасениот цепелин на битолскиот тим и го смести меѓу најатрактивните погодоци на колото. Асистираше Словевецот Цехте, а стрелец беше Србинот Борзаш.

Мурињо: Манчестер освои бод со Фенербахче, а не Фенербахче со Манчестер

Се знаеше дека ќе прави циркузи и во Турција. Пол Сколс во студио вели дека интервјуто на Жозе било поинтересно од мечот.

Мајсторската асистенција на Дончиќ и интересната реакција пред да шутне Томпсон

Лука Дончиќ во голем стил ја стартуваше новата сезона во НБА, со 28 поени, 10 скока и 8 асистенции, за победа на Далас Маверикс над Сан Антонио Спарс со 120:109. Сите зборуваат за неговата феноменална асистенција без гледање и преку Вембањама, како и за начинот на кој реагираше откако му ја подаде на Клеј Томпсон. Се израдува на трите поени, уште пред да шутне четирикратниот НБА првак, кој го напушти Голден Стејт по 13 сезони.

Ја имаме прославата на годината, ни доаѓа од Битола

Неодамна пишувавме за една прекрасна маалска битолска сторија која доаѓа од Јени Маале, познато уште и како Генимаале. Едно од најстарите маала во Битола, каде се крие, како што велат тие: „Фудбалска дрога која произведува ментална психоза, без која не се живее и се вика ФК Јени Маале“. Клуб формиран на типично битолски начин, на кафе. Еден од нивните последни стрелци, ги помести границите во славење голови.