„Тумба“ и ПАОК се збогуваа со своите загинати браќа

Во 27' минута од дуелот меѓу ПАОК и Пансераикос кој заврши 4-1, целиот стадион „Тумба“ во Солун со неверојатна бакљада се збогуваше за последен пат со 7-те трагично настрадани навивачи. Седум поддржувачи на ПАОК загинаа на лице место минатата недела во стравична и незапаметена сообраќјна несреќа со комбе, во Романија на пат кон Франција на натпревар со Лион од Лига Европа.

Оваа вест ја потресе Европа, а навивачите на ПАОК најпрвин ги испратија сите седуммина свои другари, а во неделата вечер на првиот натпревар по нивната трагична смрт се збогуваа со нив.

ПАОК минатата недела побара од УЕФА да го одложи дуелот против Лион во Франција, но од Нион одбија да го поместат терминот. Францускиот клуб славеше 4-2 а ПАОК играше од 41' минута со играч помалку по црвениот картон на нивниот најдобар играч Јанис Константелијас. Резултатот беше 2:2 до 88' минута кога Лион зголеми на 3:2 па во 90+3' ги постави конечните 4:2.

2 февруари 2026 - 12:11