Кој вика дека Дагур Сигурдсон е Исланѓанец? Пази ова. Од плоштад, ракометарите продолжија со кафанско славје, а таму во еден момент селекторот на Хрватска со една рака го остави пивото на маса, со другата му ја зима гитарата на музичарот. Потоа се ореше песна по име „Далматинац сам“, која во негова чест ја имровизираа и му ја отпеаа со рефрен „Са Исланда сам“. Јак момент. Добар лик е Дагур, може и кај Чамо да го земеме.