Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Најјаката мад факр фора еден на еден со голман

Сме виделе сè и сешто од дриблинзи и финти пред гол. Го гледаш ова и очекуваш кроз нозе, дриблинг или можеби некој лоб, арно ама мечов меѓу ветерани во Аргентина отвора нови видици во фудбалот.

Најдобриот фудбалски центар за развој на играчи го има Бенфика

Тројца фудбалери кои синоќа постигнаа вкупно 6 гола во Лига Европа биле дел од Бенфика или од школата и тоа воопшто не е случајно. Абе каква школа, ова е институција. Тука дете да запишеш на фудбал ќе ти го врати човек и тоа оформен кој нема само да мисли на топка и да стане врвен играч, туку и за книга ќе се фати.

Знаете ли за најјапонскиот клуб во Европа

Јапонските фудбалери одамна станаа важен дел од европскиот фудбал, а германската Бундеслига отиде чекор понапред и ја зграби азиската популарност. Ниту еден клуб нема поголем азиски шмек од Фортуна Дизелдорф.

И Марсеј направи утка со знамињата, па ја навреди Кина

Фудбалскиот клуб Марсеј утрово преку социјалните мрежи му честитал 29-ти роденден на бекот Хироки Сакаи, само што наместо стандардното јапонско знаме, го ставиле јапонското империјално знаме (1867 - 1945) користено во Втората Светска војна. Со ваквиот потег ги навредиле Кина и двете Кореи.

Мајсторот со фрљотки кој не можеш да го изнагледаш

А толку пука со самодоверба просто да му позавидиш како може да е толку голем цар.

Кој е Жоао Феликс, малиот од Бенфика за кој зборува цела Европа

19-годишниот Жоао Феликс е главна ѕвезда на четвртфиналето во Лига Европа. Просто сам го совлада Ајнтрахт (4:2) со три гола и асистенција за 53 минути игра.

Најк потпишал договор вреден 10 милиони долари со 14-годишно дете од Борусија

Откако видел за каков талент станува збор, гигантот за спортска опрема решил да го „капариса“ малиот Јусуфа Мукоко кој постигнал 106 гола на 67 меча за младинците на Дортмунд.

Во неизвесна завршница Окта поуспешни од С.Ц. Борис Трајковски

Аџибадем Систина, Сава Осигурување и Окта славеа победи во последниот ден од 20. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Sport Life во акција за лето на „тркала“!

Сè што е потребно е да се одиграат најмалку 6 натпревари на еден тикет од акциската понуда и да се фати највисок вкупен коефициент.

Не, аргентинските навивачи дефинитивно не се нормални

Еден фанатик на Ривер Плејт решил да ја овековечи големата победа над Бока Јуниорс во финалето на Копа Либертадорес одиграно со реванш на „Сантијаго Бернабеу“, така што на ногата го истетовирал QR кодот кој ако го скенирате на смартфонот ќе ви ги покаже головите од големото финале.

Ова е дело на босански ултраси?

Не дека многу ја следиме фудбалска сцена во БиХ, ама и покрај тоа не веруваме дека вакво нешто се случило до сега. Се работи за навивачката група на актуелниот првак Зрински од Мостар која слави 25 години постоење. Ова е нестварно славје за таков кутар фудбал сличен на нашиот. Да не знае човек ќе мисли дека ова се германски ултраси.

Азар им ја сокри топката на Чесите

Една од најтешките и најненаблагодарни задачи во фудбалот во денешно време е да го чуваш Азар. Нема дечково кога ќе тргне мозок ќе ти испие. Ама ќе го удвоиме. Абе какво удвојување, џабе ќе се потите со него.

Луд фото финиш на Валенсија, Арсенал рутински со Наполи

Со три гола и една асистенција на Жоао Феликс, најбараниот млад играч во Европа во моментов, Бенфика го победи Ајнтрахт и му ја прекина серијата од дури 14 меча без пораз.

Сони Плејстејшн акција на Арсенал

„Топџиите“ водат 2-0 на полувреме против Наполи во четвртфиналето на Лига Европа. Првиот гол кој го даде Арон Рамзи беше после фантастична акција од неколку потези.

Рома покани навивач кој коментирал дека секој може да даде таков гол

На Интернет има зналци за секоја област. Од селектори до аптекари и кондуктери. Така еден Марко на голот на Џенгиз Ундер од Рома коментирал: „Ова и ја ќе го дадам, што е толку тешко“? Рома го поканила, го земала од дома и го донела на стадионот „Олимпико“ да покаже дека и он би го дал истиот гол.

Ајакс е олицетворение за убав и напаѓачки фудбал кој сите сакаме да го гледаме

Кој и да го освои сезонава трофејот во ЛШ и за кој и да навиваме, себично е ако речеме дека овој клуб не го бива и незаслужено и на среќа стигна до четвртфинале. Имаат едноставен, но префинет концепт на игра негуван одамна. Не случајно го урнаа Реал.

Кога Макс Алегри откажал свадба на неколку дена пред прославата

Иако делува дека е апсолутен фрик и само мисли на фудбал како Гвардиола, сепак тренерот на Јувентус може да сними филм за неговиот луд приватен живот. Ни самиот веќе не знае колку партнерки имал, со колку се верил и планирал заеднички живот. Има две деца од различни жени.

Не било баш синоќа мирно во Амстердам

Ајакс има верни и познати навивачи кои ги бива за спектакли и за вознемирување на гостите, ама знаат и да се тепаат со полиција. Бајаги жустро било пред мечот со Јуве.

Него дали видовте што и се случи на Данска во Подгорица?

Македонија синоќа му удри шамар на Исланд кој 13 години нема загубено дома, но сепак сензацијата број 1 во третото квалификациско коло за ЕП 2020 ја направија Црногорците кои се дрзнаа да го совладаат светскиот првак.

Не можеш да им го сопреш пикерот, 140 кила има

Македонската ракометна репрезентација синоќа обезбеди прва историска победа на гостувањето против Исланд и со една нога е на Европското првенство следна година. Причините за поразот ги образложи Арнор Гунарсон на кој совршено јасно му е дека не се може против тоа крупно човече.

Како Охриѓани се пошегуваа на сметка на Стружани

За македонскиот ракомет од исклучителна важност е што некои центри како Охрид, Битола, Струга имаат свои претставници во најдобрата лига. Ракометот во овој дел од земјава секогаш бил спорт број 1, а доказ за тоа се и преполните сали кога се игра дербито Охрид - Струга.

Како незграпниот Смолинг му го повреди носот на Меси

Најнеочекуваниот кадар од „Олд Трафорд“ синоќа во ЛШ беше повредениот нос на Лионел Меси кој настрада по еден грубијански фаул на стоперот на Манчестер Јунајтед.

Скот го прати Видал во Чиле

Скот Мектоминеј почна да игра фудбал во сениорска конкуренција од преклани, ама тоа не значи дека ќе има респект кон постарите. Погледнете што му направи на Артуро Видал. Англиските медиуми се спрдачат дека го пратил по хот дог, иако има шпекулации дека до дома клизал.

Чудесниот потег на Даглас Коста

Бразилецот влезе од клупата во 60' минута место Манџукиќ и брзо покажа зошто важи за еден од најпрефинетите техничари во Лигата на шампионите. Велтман синоќа научи што е еластико.