ПСЖ излезе со соопштение во кое обвинува дека Нејмар не се појавил на претсезонските подготовки со што сè повеќе се зголемува тезата дека ќе си оди, веројатно во Барселона.
Кога си замина од Камп Ноу во 2017-та имаше муабети кои држат вода од типот: Што бара во лига со една јака екипа, кој ќе им биде конкуренција? Но за да се остварат неговите желби за кам бек кај Меси и другарите, има премногу работа со сериозни фаци.
Шеик Тамим бин Хамад Ал Тани (газда)
Според важност, прв во оваа плејада на моќни и влијателни луѓе е газдата на ПСЖ кој дава зелено светло за секој договор на клубот. Емирот на Катар и претседател на Катар Спорт Инвестментс е инволвиран во сè и заинтересиран преку спортот да му донесе модерен имиџ на Катар. Сепак, тој е се повеќе загрижен дека однесување на Нејмар надвор од терените негативно влијае на имиџот на клубот.
Насер Ал Келаифи (претседател)
Тој е десната рака на Шеикот кој би преговарал со Барселона и покрај оладените односи на двата клуба после оној луд триумф на Барса од 6:1 кога ги елиминираа од ЛШ, како и контроверзите со Верати и Рабио. Во моментов не ја ужива најголемата доверба, но сепак му веруваат. И покрај тоа што во интервју за Франс Фудбал изјави дека можен е кам бек на Нејмар во Барселона, тој ќе постапи како што ќе каже газдата.
Леонардо (спортски директор)
Иако го познава Нејмар, сепак не се имаат сретнато во Париз откако Леонардо го замени Антеро Хенрике за да донесе ред во соблекувалната. Тој стоеше зад трансферот на Максвел од Барселона во 2012-та, но сега е фокусиран повеќе на засилувања. Во евентуалното заминување на Нејмар, Леонардо би имал мала улога.
Томас Тухел (тренер)
Мало би било неговото учество во оваа операција, бидејќи е во добри односи со Бразилецот. И покрај скандалите со Нејмар, Тухел е повеќе критинеч кон Мбапе, па дури и јавно, што значи дека ќе ја прифати одлуката на клубот за да се фокусира повеќе на францускиот напаѓач.
Жозеп Бартомеу (претседател)
Со секој изминат ден, тој е сè повеќе убеден во враќањето на Нејмар, заборавајќи за неговото заминување пред две години, кога клубот беше последен кој дозна. Јавно изјави дека Осман Дембеле е подобар играч, но ја препозна желбата на Нејмар дека сака да се врати. Сега ја гледа таа можност повеќе од било кога, а со тоа Барселона би ја имала најатрактивната напаѓачка линија.
Оскар Грау (ЦЕО)
Тој би бил човек кој ќе треба да внимава на балансот околу финансискиот фер плеј со доаѓањето на Нејмар и Гризман, како и Де Јонг и Нето. Важен фактор во случајов се и платите поради салари капот во Ла Лига, што значи Оскар има важна улога во евентуалниот трансфер.
Пеп Сегура (директор за фудбал)
Дојде на оваа позиција откако Нејмар си замина, со цел да го замени Роберт Фернандез. Неговиот фокус е да идентификува кој ќе биде 9-ка во напад.
Ерик Абидал (технички секретар)
Споредуван со улогата на Леонардо во ПСЖ, Абидал отпатува во Франција за да преговара за Рабио, како една од неговите клучни мисии во неговата прва година на новото работно место.
Ернесто Валверде (тренер)
Валверде отсекогаш бил голем фан на Нејмар и покрај тоа што си замина откако овој стана тренер. Тој го бранеше Нејмар пред да си замине и со него би имал голем предизвик, како Френк Рајкард кога имаше четворица напаѓачи од светска класа.
Лионел Меси (капитен)
Вели дека не бара од раководството играчи, но неговиот однос со Нејмар е добро познат, како и чатот заедно со Луис Суарез. Меси има влијание во соблекувалната со големи играчи и помлади како Артур и може да има клучна улога во трансферот.
Нејмар
Клучот во целата операција е токму Нејмар кој одлучи дека неговото во Париз заврши по само две години. Неговата цел е да си замине од ПСЖ и да се врати во Барселона и покрај тоа што е свесен дека тоа нема да биде лесно, бидејќи мора да игра на врвно ниво.
Нејмар сениор (татко и агент)
Најодговорниот човек вклучен во операцијата Нејмар и човек со кој никој не сака да преговара. Тој флертува со дел од најголеми клубови во Европа за да се обиде да го најде најдоброто решение за син му. Не му веруваат многу, вклучително и Барселона и Реал Мадрид, но без разлика на сè тој ќе го даде најдоброто од себе за да му ја оствари желбата да се врати на Камп Ноу. Пред само два дена татко му на Нејмар изјави дека биле лути од начинот на кој ПСЖ ја третира целата ситуација со него.
Пини Захави (агент)
За работи за еден од најголемите добро познати моќници меѓу менаџерите во кој најмногу верува таткото на Нејмар. Одиграл клучна улога кога Челси дошол во потрага по Нејмар како дете во Сантос. Не беше вклучен во трансферот на Нејмар во Барселона, но сега би бил прв во тие преговори.
Андре Кери (посредник)
Тој е првиот контакт на Барселона во Бразил за Нејмар, како и клучна врска со Нејмар за време на неговиот престој и заминувањето на Барселона. Дури се појави и муабет дека заработил 6 милиони евра од трансферот на Нејмар во ПСЖ. Пред неколку дена објави пост на Инстаграм алудирајќи на негово враќање.
Алваро Коста (агент)
Друг клучен контакт во целата оваа игра е Коста кој важи за влијателен човек.