Во Јужна Кореа двегодишно служење воен рок не можеш да избегнеш па да си син на претседателот лично. Но едно талентирано дете кое имало проблеми со видот и кое го здрма тенискиот свет служело само четири недели. Кој е тој Хен Чон?
ММА борецот Стипе Миочиќ е главен херој на минатиот викенд. На UFC 220 Хрватот ја одбрани титулата светски шампион против страшниот нокаутер Франсис Нгану и стана првиот во 20 години кој три пати го одбранил шампионскиот појас во UFC.
Во четвртокот и петокот температурата во Мелбурн отишла и на +40 степени. Многу учесници на Australian Open се незадоволни што треба да играат по такви пеколни горештини.
Двете Кореи се сретнаа по трет пат во десет дена за да го дискутираат учеството на Северна Кореа на Зимските Олимписки Игри кои следниот месец ќе се одржат во Јужна Кореа.
Договорот за партнерство меѓу овие два успешни тима дојде многу природно - Македонски Телеком ја има најдобрата и најсигурна мрежа во земјава, додека ракометот е најуспешниот спорт во Македонија, во континуитет, години наназад.
Покрај сите награди, одличја, трофеи и достигнувања, Федерер одвои време да му се заблагодари на човекот кој цели три месеци ги склопувал неговите најдобри потези во кариерата во едно видео.
Минатата година беше полна со спортски настани а некои од необичните спортови влегоа во најтесен избор за фотографија на годината сликана на нивните натпревари.
На тој коментар од човекот познат по она легендарното „Шутирај од таму колку сакаш“ му го најдовме најадекватното можно видео кое постои. Тој коментар и овој “голш“ нема никогаш да се повторат и би било идеално да се спојат на монтажа.
И покрај тоа што нашето поднебје нема претставници во овој спорт, ски скоковите се важен сегмент од Новогодишната традиција кај нас. Подненакво љубопитно ги гледаат и повозорасните и помладите, а секој има и свој фаворит.
Македонската спортска јавност откорна коси од нервоза за да види некој голем историски успех во независна Македонија. Годинава тоа конечно се случи и затоа 2017-та може слободно да се каже дека во фудбал и ракомет се искачивме на едно повисоко скалило на кое сите сакаме да останеме.
Ана Музичук (27), украинската шахистка која е актуелен светски шампион во две брзи дисциплини (блиц и рапид), се откажала од одбрана на титулата и заработка од близу 250.000 долари поради борбата за правата за жените во Саудиска Арабија.
За најдобар спортист на Македонија во годината што истекува е избран ракометарот Стоилов, а неговиот избор предизвика реакции кај претставниците на индивидуални спортови.
Пробувал разни светски признати методи со цел да ги намали болките во коленото за да на крај лекот го најде во една терапија која многу стручњаци ја сметаат за плацебо ефект.
Во средината на декември во едно школо во Индијана се одржувал турнир во борење. 2-годишниот Џеш никако не можел да ја сфати борбата, мислел дека сестра му Руби е нападната и решава да ја одбрани. Голема љубов е во прашање.
Хокеарите на Медвешчак загубија во Загреб од последната екипа во ЕБЕЛ лигата со 1:2, а мечот го засени неверојатна тепачка меѓу хрватскиот хокеар Том Заношки и гостинскиот Крис Де Соуза. Покрај редовните „тегнења“ на мраз овде се грабнаа и на пат кон соблекувалната.
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата вели дека никогаш не заборавил од каде потекнува, не заборавил на своите корени и дека решил да произведува облека за сечиј џеп.
Откако го оствариле најдобриот резлтат за нивната земја на Светскиот Куп во германски Винтерберг (седми од 23 селекции), Јазмин Фенлатор-Викториан и Кери Расел се на чекор од историски пласман на ЗОИ во Пјонгчанг.