На бели копачки има два образи, на едната нога е изразот на Хоакин Феникс, а на друг маската со која се прослави Хит Леџер.
Раководството на НФЛ лигата немала никаков проблем за љубовта на Одел кон Џокер, но му наложиле да облече други поради правилата на лигата кои велат дека фудбалер може да носи копачки само црни или бели со детал од бојата на дресовите. Дозволуваат и комбинација на тие бои.
Заедно со Бекам, забрана добил уште еден ресивер на Кливленд, Џарвис Лендри кој влегол во игра во златни копачки со портокалови врвки.
Обратете внимание на примеров на копачките долу лево: тие се типичен пример кој одговара на правилата: портокалови (боја на клубот) со црни елементи и бел натпис.
После мечот Лендри ги обвинил лигата, но и Nike. „Ние го разработивме овој модел уште до почетокот на сезоната. Во такви случаи производителот прво добива упатство од НФЛ, а потоа ги пушта во промет обувките.“
Што се однесува до филмот Џокер, Бекам едноставно сакал да му оддаде почит на новиот филм кој на 27 октомври годинава го сруши рекордот на „Дедпул“ од пред некоја година и стана апсолутен лидер на рејтингот R со заработка од 788,1 милиони долари на основен буџет од 55 милиони долари.
Интересно во американскиот спорт има неколку атлети кои сакаат да носат по некој лик од DC. Одел носел и ракавици со ликот на Џаред Лето од „Одред самоубијци“
Бекам неодамна добил од Nike специјален пакет со ексклузивниот модел копачки PE Joker - виолетово-зелени копачки со HA HA HA од страна. Му ги дале спакувани во модел автобус со кој херојот Хит Леџер луташе по Готам.