Матрикс со тимска игра до победа над Сава Осигурување
Сава Осигурување 4-9(3-6) Матрикс
Сава Осигурување: Јовица Марковски 5’ 12’ 40’ Трајќе Илиевски 2’
Матрикс: Перте Даиловски 15’ 34’ Дарко Цветковски 6’ Мирко Богоевски 8’ 9’ 9’ Ивица Алампоиски 8’ 23’ 26’
Одличен старт за екипата на Сава Осигурување во дуелот со Матрикс, до 5та минута тие успеаа да се стекнат со водство од 2-0. По оваа негатива екипата на Матрикс се префрли на противничкото поле и изврши силен притисок што резултираше со целосен резултатски пресврт до 9та минута. Екипата на Сава Осигурување која беше во негатива ја превзеде иницијативата и тргна по израмнување, но такватља отворена игра остави простор во одбраната што Матрикс вешто го искористи за предност 3-6 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување беше таа која што го прка резултатот и фрли се на една карта, но екипата на Матрикс одлично ја постави својата одбрана не дозволи изненадување и рутинирано го приведе кон крај овој натпревар за победа од 4-9.
Екипата на Уника во последната минута осигура бод во дуелот со ТАВ
Уника 3-3(2-0) ТАВ
Уника: Васко Кокалов 1’ Даниел Стојановски 13’ 40’
ТАВ: Александар Јовановски 23’ Мартин Стојановски 33’ Ријат Сулејмани 32’
Екипата на Уника со погодокот на Кокаланов во првата минута одлично го отвори дуелот против екипата на ТАВ. Овој рано постигнат погодок на екипата на Уника и даде дополнителен мотив да тргне уште поагресивно кон голот на ТАВ што и донесе уште еден погодок во 13та минута и водство од 2-0. Екипата на ТАВ и покрај честите ротации ан играчи не успеа да ја пронајде својата игра во ова полувреме па екипата на Уника замина со предност од2-0.На стартот на второто полувреме екипата на ТАВ успеа да постигне погодок и да дојде до само гол негатива, овој гол и даде елан на екипата на ТАВ да тргне уште понапаѓачки што вроди со плод во 32та минута за израмнување на 2-2. Веќе следната минута екипата на ТАВ успеа да реализира еден контра напад и да дојде до целосен пресврт и водство од 2-3. И кога се очекуваше дека ТАВ ќе ја однесе победата, екипата на УНика во последната минута успеа дареалзира за 3-3 и поделба на бодовите.
Фабрика Карпош – ГИМ со префектно второ полувреме до победа над Македонски Телеком
Фабрика Карпош – ГИМ 6-4(2-2) Македонски Телеком
Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 34’ Кристијан Панев 18’ 18’ Филип Илиевски 31’ 37’ Игор Николовски 29’
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 12’ 26’ Стефан Насковски 25’ Гоце Филиповски 3’
Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Фабрика Карпош и Македонски Телеком и припадна на екипата на Телеком која уште на самиот старт наметна високо темпо на игра што и донесе водство во 3та миута со голот на Филипов. По ова водство екипата на Телеком продолжи во ист ритам со напаѓачки стил на игра па преку погодокот на Лазаревски во 12та минута успеа да се стекне со водство од 2-0. Екипата на Фабрика Карпош не се откажуваше лесно од овој натпревар па последните минути од полувремето во целост им припаднаа ним, каде со погодоците двата погодоци на Панев во 18та минута успеаа да израмнат на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Телеком влезе многу агресивно што и донесе погодоци во 25та и 26та минута за водство од 2-4. Екипата на Фабрика Карпош со одлична игра од минута во минута ја топеше предноста на Телеком, за последните минути од натпреварот да ги одигра буквално совршено и да направи целосен резултатски пресврт и да го добие овој натпревар со 6-4.