Разно

Во дербито на колото Макпетрол поуспешни од Матрикс

Екипите на Македонски Телеком, Аџибадем Систина и Макпетрол славеа победи во третиот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Ристов со погодок во последната минута и донесе победа наЏонсон Мети во дуелот со ЕВН

Екипите на ЈСП и Џонсон Мети славеа победи во вториот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Еуро Табак преку дуото Ливрински – Младеновски до победа надЛукоил

Екипите на Еуро Табак, Ван Хоол и А1 со победи го отворија 8. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Надал се врати од 1-5, спаси меч топка и на крај победи

Првиот тенисер на светот, Рафа Надал забележа спектакуларна победа во второто коло од завршниот Мастерс во сезоната. Рафа го совлада Данил Медведев со 6:7, 6:3, 7:6. Во третиот сет Шпанецот губеше со 1:5 а Русинот во седмиот гем имаше меч топка. После тргна фуријата.

На кој му се истури Новак волку бесно?

Ѓоковиќ загуби во второто коло на мастерс турнирот во Лондон од Австриецот Доминик Тим со резултат 2:1 (6-7, 6-3, 7-6). Во еден момент откако зема поен во третиот сет, се отвори со сочни пцовки, но нејасно е спрема кого. Дали кон неговите тренери Маријан Вајда и Горан Иванишевиќ или?

Чудно промашување по кое сигурно го рокаш џојстикот од земја

Нема шанси да е поинаку, бидејќи ова промашување се коси со логиката. Потоа моли дома да ти купат нов, па ти купуваат чкарт од пазар, па пак нервози и така.

Италијанскиот новинар што се прослави со Ѓоковиќ бара извинување од Надал

Рафаел Надал изгуби убедливо од Александар Зверев 6:2, 6:4 на стартот на завршниот Мастерс, па видно нервозен се појавил на прес конференција и вербално го нападнал најпознатиот тениски репортер, италијанскиот ветеран Убалдо Сканагата.

Никој не му дошол на роденден, ама затоа после го викнале Торонто Лифс и премиерот

Најинтересен и најтрогателен момент во претходното коло од втората хокеарската лига на Северна Америка се случи со роденденот на едно дете.

Ван Хоол со сигурна игра во заврпшницата до победа над ЕВН

Во 7. коло од Бизнис лигата на Македонија победи остварија екипите на Џојсон Сејфти Системс, Еуро Табак и Ван Хоол.

Син му на Холифилд дебитираше во профи бокс со нокаут победа за 16 секунди

На 3 ноември во Лас Вегас настапи 22-годишниот Еван Холифилд, син на легендарниот светски шампион во две тешки категории, Ивандер Холифилд. Ова беше деби за Еван меѓу професионалците, а од него се очекува многу.

8,5 години затвор за олимписката атлетичарка која шверцаше 52 кг дрога

Холандската атлетичарка Мадија Гафур во јуни годинава беше уапсена во Германија откако ѝ пронашле 52 килограми дрога. Судот ја прогласил за виновна и ја осудил на 8 ипол години затвор.

Лукоил со погодок во последната минута до победа над Тиквеш

Екипите на ЕВН и Лукоил со идентични победи го стартуваа 6-то коло во Бизнис лигата на Македонија, а Рамстор и Еуро Табак одиграа нерешено.

Нема да го носиш Џокер на копачките, имаш забрана

Во американската НФЛ лига, ресиверот на Кливленд Браунс, Одел Бекам влегува во игра 9 недели во првенството со копачки произведени од Nike а на кои основен мотив е ликот на Џокер, антихеројот во DC Comics. Ама...

Македонските танчери се светски шампиони во латино шоу

Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во латино и синхро кое се одржува во Сараево, БиХ.

Само Ноле знае вака да ги испоштуе навивачите

Кога е во прашање Новак Ѓоковиќ, за него тенисот не е само натпревар по кој се оди под туш, па дома на одмор. Мора да има и некое шоу кое овој пат го имаше после освојувањето на мастерсот во Париз.

Ја укочи во место со роналдињовка

Адриана Диаз од Пoрторико на Бразилкава и направи потег за кој стварно немаме друго што да додадеме, освен да го повториме насловот.

Со еден гол да влезеш во историја на американскиот хокеј

Андреј Свечников има 19 години и игра за Каролина Хурикејнс. Во ситуација кога Овечкин брка историја за најдобар стрелец во историјата на НХЛ, младиот Свечников на мечот против Калгари (2:1) постигна лакрос-гол, погодок од зад голот, нешто што се видело на Светски првенства во хокеј но не и во НХЛ.

Ако сакате динамичен спорт, гледајте бадминтон

За тие што не му дале шанса, нека издвојат една минута од полуфиналето меѓу Јапонија и Индија на Франција Опен. Познавачите велат дека ова не е поен на денот, туку на годината. 

Магичен потег на Левандовски, ама на билијард

Околу два месеци и кусур како се игра фудбал во Европа, а тој веќе има постигнато 19 голови на сите натпреварувања. Во Бундеслига пак викендов постави нов рекорд. Се запиша на листата на стрелци на 9 меча по ред. Ова е ново кај него за со една, ама ај да видиме што прави со шест топки, односно топчиња.

Федерер освои титула против играч кого го доеле кога Роџер кревал пехари

На свои 38 години еден од најголемите спортисти на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер по 10. пат ја освои титулата во родниот град Базел каде стално емотивно држи говор и не може да ги воздржи солзите.

Кенгур истрча на сред патека на Мото ГП, Јаноне среќа присебен

Италијанскиот пилот Андреа Јаноне по непријатната епизода од 2015 година кога никако не успеа да избегне една голема птица која настрада по ударот со моторот, овојпат беше присебен на патеката Филип Ајленд, во пресрет на трката за големата награда на Австралија.

Се ождрига па му сервираше на Вавринка

Ма ништо тука нема за срамење, ниту за исмејување. Човекот едноставно мораше да испушти воздух за да може да сервира на турнирот во Базел каде се сретна со Вавринка. Франсис Тиафо ич гајле да немаш, на сите ни доаѓа, плус ете и публиката е со тебе. На здравје.

Фабрика Карпош – ГИМ со префектно второ полувреме до победанад Македонски Телеком

Во последниот ден од 4. коло од Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Матрикс и Фабрика Карпош – ГИМ, а Уника и ТАВ одигра без победник.

Уни Банка со одлично второ полувреме до победа над Гранит

Во третиот ден од 4. коло во Бизнис лигата на Македонија, славеа екипите на Уни Банка, ЈСП и А1.