20-годишната Британка Франческа Џонс е родена со по четири прсти на секоја рака, три прсти на десната и четири на левата нога. Направи епски подвиг и се пласираше на главниот ждреб на Ролан Гарос.
Џонс не само што има помалку прсти, туку имала и помала десна дланка, но никогаш не би помислиле дека има некаков хендикеп додека ја гледате како силно го удира тениското топче. Како мала веќе направила неколку операции а еден од последните зафати и бил врз едниот зглоб. Повремено имала проблеми со ноктите затоа што мора многу цврсто да го држи рекетот.
Проблемите со стопалата, посебно со десното ѝ ја отежнуваат рамнотежата и приближување кон топката. Поради тоа морала да стекне врвна физичка подготвеност за што попрецизно да се движи.
N E V E R G I V E U P 💪
— ITF (@ITFTennis) January 12, 2021
Francesca Jones proves that Ectrodactyly Ectodermal Dysplasia does not define her as she move one step closer to the @AustralianOpen main draw 👇
Младата Британка вели:
„Имам вкупно четири прсти на секоја рака, три на десната нога и четири на левата, а имам и помалку заби од повеќето луѓе“.
Сега во само неколку дена победила на пет натпревари на квалификацискиот турнир во Абу Даби и првпат во кариерата влегла во главниот ждреб на Австралија Опен. Чудесен подвиг!
Кога имала осум години, еден доктор и рекол дека нема да ѝ одговара тениска кариера. Овие зборови како да ја мотивирале.
„Тенисот не ме привлекуваше посебно, се посветував на учење и повеќе сакав фудбал (навива за Манчестер Јунајтед). Но докторот ме мотивираше во целост да се посветам на тенисот. Неговите зборови беа клучни во мојата одлука. Мислам дека многумина би биле скршени да слушнат такво нешто на осум-девет години. Но јас се потрудив да докажам дека тој човек не беше во право. И да си докажам на себе дека можам да правам тоа што го сакам. Инспирирам и многу други, зошто многу деца се ограничуваат ради такви мислења.“
На 9 години се преселила од родниот Бредфорд и дошла во академијата Санчез-Касал во Барселона каде на времето тренирал и Енди Мареј. Во март, во последниот ден пред големиот локдаун, во Националниот тениски центар во Британија влегла 20-годишната Франческа Џонс.
Се изненадила што таму нема никој. Почнувал сериозен карантин.
„Му заѕвонев на шефот на секторот за физичка подготовка и го прашав дали може да тренирам. А после тоа секој ден одев вежбав во теретана која заедно со татко ми ја направивме во гаражата“, ја започнува својата приказна 20-годишната Франческа Џонс.
На Prague Open, првиот нејзин турнир откако се возобнови тениската сезона по паузата поради вирусот, Франческа стигнала до четвртфинале после голема победа над Сабина Лисицки, финалистката од Вимблдон во 2013. Тоа била прва победа над ривалка од Топ-200.
Сега направи уште еден голем подвиг откако во решавачкиот меч за пласман на големиот Австралија Опен ја победила Лу од Кина со само еден изгубен гем!
🇬🇧 INSPIRATION 👏
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 13, 2021
Francesca Jones – born with Ectrodactyly Ectodermal Dysplasia – has just booked her first trip to a Grand Slam main draw!#AusOpen | #AO2021 pic.twitter.com/lPbJ3X8t1t