Разно

Симпатичната слика која победи на Олимписките Игри

На крајот од големиот настан во уметничка гимнастика, Италијанката Аличе Д’Амато освои прво место и злато, нејзината сонародничка Манила Еспозито освои трето место и бронза, а второто место и припадна на малата 18-годишна дебитантка од Кина Жу Јакин. На подиумот Италијанките пред фоторепортерите се сликаа со традиционален загриз на медалот, а Кинеската симпатично збунето ги гледаше па тргна и таа да гризе.

Најсилниот борач на свет - Кубанец на 41 година освои петто олимписко злато

Кубанецот Михаин Лопез за првпат се појавил на Олимписки Игри во Атина 2004-та година кога дошол како 21-годишно момче. Во тешкото четвртфинале тогаш изгубил од идниот шампион Хасан Бароев. После тоа кубанскиот борач доминира на најголема сцена цели 20 години.

Најубавата спортистка на Олимписките Игри доаѓа од Парагвај

Олимписките Игри не се само победи, прослави и медали, туку се и порази и разочарувања. Париз 2024 не стана исклучок: прекрасна пливачка од Парагвај на млади години објави крај на кариерата после несреќен финиш на една олимписка трка. Да ја запознаеме Луана Алонсо.

Лудачки кош со звукот на сирената, вреден златен медал за Холандија

Баскет репрезентацијата на Холандија стана олимписки првак на највозбудливиот можен начин, со два поени, преку човек и тоа во самиот финиш од средбата против Франција. Јунакот се вика Ворт де Јонг, кој ако не поентираше од тешката ситуација еден на еден, Холанѓаните ќе мораа да се задоволат со сребро. Бронзениот медал го освои Литванија.

Новак Ѓоковиќ - крај на балканската инфериорност

Неговата последна победа беше толку потребна како за него така и за народот што живее на овие простори. Оваа победа го вознемири во јадро длабокиот запад, зошто веќе знае дека еден излезе од Матриксот што ни го наметнаа. 

Како се роди идејата реката Сена да ja отворат за пливање?

Жак Ширак ветил дека ќе удри едно бањање, но ветувањето никогаш не го остварил, а Макрон го остави тоа за после Олимписките игри. На девет дена пред отворањето на игрите, во Сена се нурна градоначалничката на Париз, Ан Идалго. Неколку триатлонци се веќе во болница.

Ѓоковиќ, Типсаревиќ, Влаховиќ, црно вино и „Мики Милане“

Третиот сет од финалето се играше во српски ресторан во Париз.

Прогресот на Дуплантис е за во учебник по атлетика

Арманд Дуплантис ги држи последните 9 светски рекорди во дисциплината скок со стап. 9 рекорди - 9 сантиметри во 4 години или на секој рекорд по 1 сантиметар повисоко. И м п р е с и в н о.

Париз загуби на убавина

Чудни одлуки паѓаат на овие Олимписки игри. Парагвајската пливачка Луана Алонсо одлучи да се пензионира на 20 години, откако не ги мина квалификациите на 100 метри. Иако реши да остане во Париз за да ги бодри колегите, Олимпискиот комитет на Парагвај ја исфрли од олимпиското село со образложение дека нејзиното присуство создава несоодветна атмосфера.

Дуплантис не престанува да импресионира, освои златен медал и постави нов светски рекорд

Нови небесни височини за Арманд Дуплантис кој го крена на нозе цел стадион. Му нема рамен.

Олимпискиот шампион на 100 метри грбно спиеше во парк

Италијанецот Томас Чекон, светски рекордер во дисциплината 100 метри грбно, кој во Париз го освои златниот медал, се спружи на трева поради лошите услови во олимпиското село. Се жалел на собата која била без клима, како и на храната.

Легендарниот Вајда му честиташе на Ѓоковиќ: „Новаче после години пловидба пристигна до брегот“

Словачкиот тренер Маријан Вајда кој работеше со Новак Ѓоковиќ од 2006-та до 2017-та година па од 2018-та до 2022-ра, му честиташе на својот некогашен пулен кој влезе во вечноста со олимписко злато, единствено кое му недостасуваше од најголемите турнири.

Надал поштено честиташе, Федерер никаде го нема

Без никакво его, фрустрација или комплекс, Рафаел Надал кој го изеде дебело во 2. коло од олимпискиот првак, му честиташе на Инстаграм на Ѓоковиќ за златниот медал, пост кој Новак го реобјави. Роџер тивок како и секогаш.

Како најтрофејната олимпијка на САД вежба баланс со чоколадно млеко?

27 годишната пливачка Кејти Ледецки е олимписка рекордерка на САД со вкупно 14 медали од кои 9 златни, плус има уште 21 златен медал на Светски првенства. Во Париз собра 4 медали од кои злато на 800 и 1.500 метри слободен стил. Абе капка не и се истури.

Искрената детска реакција на ќерката на Ѓоковиќ додека Новак викаше

Новак Ѓоковиќ ја сврте игрицата. Освои олимписко злато на петтиот свој настап на едни Олимписки Игри и влезе во вечноста со таканаречен Златен Слем (освоено сè што може да се освои). Во еден момент додека исфрлаше негативна енергија по загубен поен и се сврте кон неговата ложа, ќерка му Тара имаше интересна реакција.

Се гледа ли Олимпијадата кај нас и што значи симболот од петте кругови?

Не е на одмет на чуеме и една анкета на тема ЛОИ 2024. На еден омилен спорт му е скијањето, бидејќи живее на планина, друг навива за Барселона, а една вели дека можно е да навива за Новак Ѓоковиќ.

Царскиот потег на шведски пинг-понгар што ја изнасмеа цела сала

Во пинг-понг турнирот на Олимписките Игри во Париз, прва е Кина со 3 злата и едно сребо за вкупно четири освоени медали. Северна Кореа има 1 сребро, Шведска 1 сребро а Франција една бронза. Во финалето кај мажи, во сингл играа Швеѓанецот Трулс Морегард и Кинезот ФАН Жендонг. Кинезот славел убедливо 4-1 а пред крајот од мечот Швеѓанецот свесен дека губи решил да ја забави публиката.

Како изгледале Олимписки Игри во 1908-ма?

Интересни, необични, оригинални, како што треба да изгледаат Летни Олимписки Игри. Пред 116 години!

Руските олимпијци во Париз се политички изолирани и надвор од фокус

Ретко на подиум и без појава на свечената церемонија на отворање, 15-мина руски олимпијци кои се „неутрални“ на Олимписките Игри затоа што им забранија да користат руско знаме, грб и химна, немаат баш лесен престој во Париз.

Ѓоковиќ: Потполно сум во шок, имам милијарда емоции

„Пресреќен сум и прегорд што и донесов злато на Србија, ова можеби ми е најголемиот успех во животот“.

Ова ли е тоа што го викаат GOAT?

Ако после 24 Гренд слем титули уште постоеа дилеми за тоа кој е „Greatest Of All Time“, дебатата крајно време е да заврши. Читајте внимателно. Сè е кажано.

Дали е Ноа Лајлс новиот Болт со страшни спринтови?

Рекордите на неверојатниот Усеин Болт уште се непремостива задача за многу спринтери. Во Пекинг на Олимписките Игри 2008 го натрча најблискиот ривал за 0,3 секундуи, во Лондон на Олимписките Игри трчаше 0,12 секунди побрзо од вториот а во Рио 2016 0,080. Ова е хроника на своевидно спортско стареење или недостиг на мотивација како сакате.