Разно

Каква иднина го чека Новак, ќе смее ли да игра во САД, Париз, Мадрид, Лондон?

Нескриената голема желба на српскиот тенисер беше да ја приврши кариерата со уште еден голем пехар од Гренд Слем турнир и да стане единствен во историјата на овој спорт со дури 21. освоен таков трофеј. Што го чека во догледно време?

Каков ќе биде АО без Ѓоковиќ, може ли Рафа Надал до рекорден 21. Слем

Во ноќта меѓу недела и понеделник во Мелбурн стартува Отвореното првенство на Австралија.

Се огласи Новак по одлуката на судот

Со смирен тон, без голема врева, светскиот тенисер број 1 се огласи и соопшти дека е разочаран од тоа што му е ускратена можноста да се бори за пехарот на Отвореното првенство на Австралија.

Ѓоковиќ мора да плати парична казна и добива забрана за влез во Австралија

Новак Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија, нема да игра на Отвореното првенство во Мелбурн каде требаше да ја брани титулата и ќе мора да плати отштета од 500.000 австралиски долари.

Снимка од враќањето на Ѓоковиќ во притвор

Австралија и дефинитивно ја претера со случајот Новак Ѓоковиќ и го третира како да е најголем криминалец во светот. На два дена до првиот меч кој е неизвесно и дали ќе го игра, го вратија во хотелот за мигранти.

Гавран прекина тениски меч во Австралија, па играч го гаѓаше со топче

Мечот меѓу Танасис Кокинакис и Александар Вукиќ на турнирот во Аделаиде беше прекинат во еден момент откако гавран непрекинато се огласуваше од под сводовите на трибините. Вукиќ беше деконцентриран да сервира, па го гаѓаше со топчето.

Официјално: Поништена е визата на Новак Ѓоковиќ

Неколку часа откако се стиши бурата околу најдобриот светски тенисер и властите во Австралија, денес стигнуваат нови вести од Мелбурн. Нималку пријатни за светскиот рекет број 1.

На трката Дакар локални Арапи во пустина вратија превртен џип на патеката

Легендарната трка Дакар која се вози уште од 1979-та година во 44. издание кое почна од 1 јануари и ќе заврши на 14-ти, се вози низ Саудиска Арабија од Хаил до Џеда. На женската трка, на екипажот од Шпанија, Мерсе Марти и Марго Јобер им се преврте возилото па локалните Арабијци им помогнаа да го кренат и да го вратат на патеката.

Соопштение на Ѓоковиќ за целата лакрдија

Најдобриот тенисер во светот ја признава грешката што позитивен на Ковид дал интервју за француски Л`екип и објасни кај била утката при влез во Австралија.

Австралиски презентери со навреди се отворија против Ѓоковиќ

Презентерското дуо на австралиската телевизија Канал 7, изгледа подзаборавиле дека камерата може да снима и кога се местат за вести. Па сега им преостанува она „Ама не, ние не мислевме така“. Резил.

Колку пари може Ѓоковиќ да загуби од спонзорите?

Проценките не се воопшто наивни, и тие не се темелат толку на ова шест дневно тегнење со визата, колку на тоа што е антиваксер.

Видео од тренинг на Ѓоковиќ, се бодри самиот себе

Новинарот Адриан Арчули на својот Твитер профил објави видео од првиот тренинг на најдобриот светски тенисер со неговиот тренер Горан Иванишевиќ. Во еден момент Ѓоковиќ откако удира форхенд самиот на себе си вика: „Ајде, бре, Новаче, како да победам овде...“

Иранец ни крив ни должен седи затворен 9 години во истиот центар каде бил и Ѓоковиќ

Случајот на Новак Ѓоковиќ кој веќе неколку дена е главна тема во сите светски медиуми фрла светло на бегалците кои се исто затворени во имиграцискиот центар со години. Се огласи еден Иранец кој побара од Новак да зборува јавно за нив.

Горан Иванишевиќ: Запад не сака толку моќен човек како Ѓоковиќ

Освои 20 гренд слем титули, колку Надал и Федерер, држи еден куп рекорди, го сакаат милиони обожаватели, стекна светска слава, ама се добива впечаток како на некој да му смета.

Колата на Ѓоковиќ опколена од навивачи, ситуацијата тензична

Стотици поддржувачи на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ неколку часа стоеле пред канцеларијата на неговите адвокати од каде пред неколку минути тенисерот излегол со кола. Во еден момент настанал метеж а полицијата со солзавец ги растерувала присутните.

Драмата нема крај, Ѓоковиќ пред апсење и депортација

Ксенија Павловиќ МекАтир, новинарка кореспондент од Белата Куќа во САД на својот Твитер профил објави дека разговарала телефонски со татко му на Новак, Срѓан Ѓоковиќ и дека тој ѝ кажал дека тенискиот ас е уапсен.

„Навали се Шар Планина“ ечи пред хотелот на Ноле

Балканците кои живеат во Австралија, непрекинато му даваат поддршка на српскиот тениски ас. Меѓу нив има и Македонци, а на репортоарот имаше и македонска песна. Ептен веселата ја направија.

Ѓоковиќ останува во Австралија, судот нареди да го пуштат од притвор

Федералниот суд во Мелбурн донесе одлука Новак Ѓоковиќ да биде ослободен, откако судијата Ентони Кели утврди дека по пристигнувањево во Австралија, визата неосновано му била укината.

Ѓоковиќ им се обрати на фановите во Мелбурн

Најдобриот тенисер во светот е четврти ден во миграцискиот хотел во Мелбурн. До вторник се очекува да се знае дали ќе биде дел од турнирот на кој е рекордер со 9 гренд слем титули.

Протести пред хотелот на Ѓоковиќ, од орa до судири со полицијата

Австралиските власти го сместија Новак Ѓоковиќ во Мелбурн, во хотел со 46 бегалци, а таму денеска е весело. Срби што живеат во Австралија се собраа да му дадат поддршка на свој празничен начин, а друга група на луѓе протестираа и бараа ослободување на мигрантите.

Србите и го возвраќаат ударот на Австралија

Сагата за Новак Ѓоковиќ почна синоќа и како што стојат работите ќе трае до поденелник, бидејќи најдобриот тенисер во светот до тогаш ќе биде во имиграциски хотел во Австралија, откако поднесе жалба за одбиената виза. Во меѓувреме се селиме во Белград.

2021-ва е за Дејан Георгиевски, јунакот кој на Македонија и го донесе најголемиот спортски резултат

Најизговорениот и најпишуваниот спортски збор во Македонија во текот на Летните Олимписки игри, без конкуренција беше теквондо. Заслугите за тоа одат кај Дејан Георгиевски, скромното и храбро момче кое до финале ги истепа сите и стана вицешампион во светот.