Најголемиот боксер на сите времиња имал многу блескави моменти во кариерата но еден од најлегендарните не му е поврзан со спортот. Напротив. Граѓанската позиција на Мохамед Али ѝ противречела на надворешната политика на САД: боксерот отворено и јавно бил против војната во Виетнам и одбил да оди во војна.
За такво нешто, според закон, го чекале последици.
САД МУ ОТВОРИЛЕ ВОЈНА НА ВИЕТНАМ ВО 1964-ТА НО АНТИВОЕНИ ДВИЖЕЊА ИМАЛО ПОСЛЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ
Конфликтот во Виетнам бил последица на крахот на колонијалниот режим во Азија. Веднаш по Втората светска војна, Франција се обидела на сила да ја задржи својата колонија и контрола над Индокина те. Виетнам, Лаос и Камбоџа. Но не успеале и во 1954-та двете страни потпишале договор во Женева: Париз ја повлекол војската од регионот, а Виетнам кој бил разделен на два дела, стекнал независност.
Во блиска иднина земјата требала да се соедини но од двата дела се појавиле репресивни режими кои не сакале да изгубат целосна власт. Освен тоа во земјата се појавиле борбени ќелии: Национален фронт за ослободување на Јужен Виетнам. Ова движење често го нарекувале виетнамски комунизам или скратено Виетконг.
Набрзо избила прва сериозна граѓанска војна каде Северен Виетнам (а подоцна СССР и Кина) ги помагал востаниците, а САД нивните противници. Но Американците отворено во војна влегле дури во 1964-та година, по тн. инциденти во Тонкинкси залив.
Американците тврделе дека во рок од три дена Северните Вијетнамци два пати го нападнале американскиот разурнувачки брод „Медокс“ и тоа станало повод за упад на САД во Индокина (подоцна се утврдило дека вториот пријавен напад не бил вистинит и дека дошол како последица на погрешна комуникација преку врските).
Денес војната во Виетнам младите ја асоцираат со процватот на хипи и пацифистичкото движење во САД, иако меѓу почетокот на војната и таквата реакција поминале неколку (околу 4) години. Според податоците на Универзитетот Вашингтон, најголем анти-воен протест во Њујорк по упадот на американската војска бил во Њујорк каде пикот биле 50 луѓе.
Во првата половина на 1965-та година во најголемите градови во САД протестирале во најдобар случај неколку стотини луѓе, а на крајот од годината анти-воените акции собирале 10-12.000 луѓе.
Сржта на движењето за мир биле студенти, активисти од Националниот комитет за здрава нуклеарна политика и друштвото Жени за мир.
И покрај тоа, анкетите покажувале поддршка за војна во Виетна, според истражување на Институтот Галуп од 1965-та година, дури 61% од Американците верувале дека праќање трупи во Виетнам биле грешка, а смо 24% рекле дека војна не е потребна. Но понатаму ставовите се смениле и анти-военото движење растело.
МОХАМЕД АЛИ БИЛ НАЈПОПУЛАРЕН СПОРТИСТ, СВЕТСКИ ШАМПИОН И НАЈПОЗНАТ АНТИ-ВОЕН АКТИВИСТ
Уште пред инцидентот во Тонкинскиот залив, Мохамед Али бил многу популарен. На 25 февруари 1964-та тој го победил големиот Сони Листон и станал светски шампион но борбата за малку можела да не се одржи. Мохамед Али сакале да го мобилизираат. Иако официјално во Виетнам имало континенгт од повеќе од 20.000 војници и офицери, Али им требал за поддршка.
Постои верзија дека Мохамед паднал на тест за интелект. Тој ги поминал медицинските тестови, но не се справил со IQ тестот на кој требале најмалку 92 поени. Али собрал 78.
Комисијата сомневала дека тој лажира и после два месеци повторно го викнала. Актуелниот светски шампион тогаш го повторил истиот резултат и рекол: „Јас сум најголем, ама не и најпаметен“.
МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ ЗАТВОР ЗА ОДБИВАЊЕ ВОЕН РОК И ЗАКЛЕТВА
После две години ситуацијата на фронтот отежнала за Американците кои претрпеле многу удари. Во 1966-та воен рок служеле околу половина милион американски војници, пред се затоа што критериумите значително се намалиле. Па така и Али веќе бил прикладен да биде мобилизиран.
Боксерот веќе се почесто настапувал со анти-воена реторика. Не криел дека не знае ниту кај се наоѓа Виетнам а доказ за тоа бил и еден сегмент од неговата биографија кога рекол: „Немам ништо против Виетконг. Виетконгците не ми направиле ништо лошо. Виетконгците мене никогаш не ме нарекле нигер“.
Ова последното најверојатно е мит и погрешно му се припишува. Познато е дека овој цитат се појавил на постер на еден демонстрант во февруари 1966-та година а после го присвоиле активистите. Но Мохамед ја изговорил таа реченица, но подоцна, на суд каде бил даден зошто одбил да служи војска.
Во 1966-та Али боксувал во Канада, Британија и Германија, но поради анти-воената кампања му забраниле да се бори во САД. Дури во 1967-ма добил кратка дозвола за да одржи борба во Тексас. Али одбивал дури и да дојде на покажните вежби на армијата како што во Втора светска војна правел Џо Луис со цел подигање на борбениот морал кај војниците.
Кога во 1967-ма пак го викнале да положи заклетва, тој одбил. Прво подругливо го пополнил анкетниот лист каде напишал дека Вилијам Шекспир е претседател на САД а после не се огласил кога официр го викнал неговото име. Не се огласил ниту на Касиус Клеј ниту на Мохамед Али.
Поради тоа му ги одземале титулите и боксерската дозвола а го чекал и затвор.
Во текот процесот пред воениот суд, Али своето одбивање да служи војска го образложил со фактот дека е „свештеник од исламска вероисповест“, а истовремено повторно рекол дека Виетконг не бил негов непријател. Рекол и дека е подобро да биде зад решетки отколку да пука во Виетнамци.
Судот го осудил на 5 години затвор но во текот на жалбениот процес му дозволиле да биде на слобода. Освен тоа Али морал да плати 5.000 долари и забрането му било да боксува три години.
Во медиумите го нарекувале кукавица и предавник. Во 1968-ма познатиот магазин Esquire излегол со насловна страна со фотографија на Али забоден со неколку стрели и натпис: „Страстите на Мохамед Али“.
КАКО ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО ВИЕТНАМ?
Мохамед Али не седел долго во затвор од причина што Американците ја повлекле војската од Виетнам. Војната станала многу непопуларна во народот. Идеите на Касиус Клеј и пацифизмот се повеќе се ширеле во САД. Во февруари 1968-ма веќе 46% од жителите рекле дека војната во Индокина била грешка. Поинаку мислеле 42%.
Во тие месеци имало најголеми антивоени акции. Од октомври 1967-ма стотици илјади демонстранти организирале марш кон Пентагон. Властите не можеле веќе да ги кријат големите загуби во Виетнам. Во 1967-ма загинале околу 11.000 војници.
Во август 1968-ма во Чикаго избиле големи протести и судири со полицијата, инцидентите се прелеале и во други градови ширум САД па новиот претседател Ричард Никсон уште во кампањата ветил дека ќе ги заврши воените дејствија со чесен мир. Тој како компромис за мир се залагал за „виетнамизација на војната“ односно одговорноста за војната ја префрлил на владата во Сајгон.
Како резултат на тоа американските војници ја напуштиле Индокина но „чесниот мир“ не успеал. Северен Виетнам победил а војната официјално завршила дури во 1975-та година.