Разно

Петров со хет-трик им донесе победа на Гранит во дуелот со Шпаркасе Банка

Во 16. коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на Гранит, Фабрика Карпош и Џонсон Мети.

Кој е малиот чудесен Алкараз, новата надеж на светскиот тенис

Со само 18 години веќе игра фантастична сезона, го освои големиот и престижен турнир во Мајами и важи за новиот Надал, легитимен наследник на неговиот идол.

А тенискиот Вил Смит го видовте ли?

На еден младински турнир во Акра, главниот град на Гана во огранизација на светската тениска федерација, играле 15-годишниот Французин Мајкл Куаме и домашната надеж Рафаел Ни Анкра. Овој вториот победил 1-2 во сетови 2-6, 7-6, 6-7, а првиот не можел да признае пораз па уште од мал тргнал по стапките на Кирјос.

Најстариот тенисер на свет има 98 години и уште игра и сервира

Леонид Станиславски е бегалец од Украина. Тој од својот роден Харков морал да избега во Полска а таму макар малку успеала да го расположи најдобрата полска тенисерка Агњешка Радвањска.

Кукавички напад од зад грб кој ја згрозил Флорида

За време на средношколска трка на 1.600 метри во рамки од првенството на Флорида се случил настан кој ретко се гледа дури и во аматерските лиги и пониски дивизии. Лидерот на трката во еден момент бил грубо нападнат од зад грб од лик кој не ни бил пријавен за трката само затоа што му рекол да се потргне.

Нова будалаштина на Ник Кирјос, го пцуеше судијата

Или мислат дека е забавен и привлечен за публика што е вака прост, или го држат намерно за со ексцентрични испади да го прави тенисот погледлив. Трето нема. Сега направи глупост на мастерсот во Мајами каде после поразот 2:0 во сетови од Јаник Синер го пцуеше судијата и не се поздрави.

Формула 1 се возеше додека паѓаа гранати и се води војна во близина па никому ништо

Изминатиот викенд се возеше трката за Големата награда на Саудиска Арабија, трка која што од претпоследниот слот од календарот беше префрлена на вториот па затоа паузата меѓу двете трки во оваа земја беше кратка.

Тајсон за малку ќе западнел од играчка во плачка, се потегнувл пиштол во бар

Во вторникот непознат човек прекинал една комедија со цел да го предизвика Мајк Тајсон да се тепаат на договорена „ферка“ со цел да си го подигнел статусот. Во еден момент непознатиот гостин вади пиштол и му вика на сопственикот на барот: „Гледај ова е лесно“. После се свртел кон Тајсон и му рекол: „Те сакам, честитки за сите твои остварувања, стварно, да не беше ти, немаше да имаме инспирација“.

Најдобрата тенисерка на светот неочекувано преку ноќ заврши кариера

Дваесет и пет годишната Австралијка Ешли Барти преку видео порака објавена на социјалните мрежи објави дека ја завршува кариерата. Заминува во играчка пензија на само 25 години откако освои неколку златни трофеи.

21 март - денот кога е роден големиот Ајртон Сена

На 21 март 1960-та во бразилски Сао Пауло е роден идниот трикратен шампион во Формула 1 и еден од најдобрите пилоти на сите времиња Ајртон Сена. 

Кирјос го рокна рекетот од земја и за влакно не погоди дете

Нов испад на Ник Кирјос кој загуби 2:1 од Надал во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Веднаш по поздравувањето нервозата му ја истури на рекетот, но куртули благодарение на брзата реакција на детето кое собира топки.

Некогашната тенисерка број 1 во светот се расплака на сред меч

Белоруската тенисерка, познатата Викторија Азаренка (32) изгуби со 2-0 во сетови на Индијан Велс од помладата 22-годишна Елена Рибакина, а во текот на натпреварот во еден момент популарната Вика се расплаче па судијката ја прашуваше дали ѝ треба помош.

Индијан Велс ни го носи најоткачениот ас во тенисот

Американецот Максим Креси му го зема најчудниот поен на сервирање на Кристофер Јубенкс во првото коло на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Да не знае човек, може и нема да сфати како ова се случи. Се смееше и тенисерот и публиката, а за поенот е уствари виновен ветерот откако Креси го удри топчето со врвот на рекетот.

Испишана историја во Белград, нов светски рекорд во скок со стап

Арманд Дуплантис ќе го памети настапот во Белград цел живот, ама и Сергеј Бубка кој повеќе не е на тронот.

Црногорски одбојкар го украл клупскиот мини бус за да спаси жива глава од Украина

Многу спортисти од регионов, меѓу кои и нашиот репрезентативец Ѓоко Зајков се најдоа во Украина кога почна војната. Еден од нив е одбојкарскиот репрезентативец на Црна Гора, Рајко Стругар.

Рафа е фајтер уште од мал

Шпанскиот тениски ас годинава е во топ форма со 15 победи на 15 натпревари и веќе три освоени турнири. По Австралија опен на кој стигна до рекорден 21 Гренд слем, го освои и турнирот Акапулко во Мексико откако во финале го совлада Британецот Камерон Нори со 2:0. Надал е најмлад (18 години) и најстар тенисер (35 години) кој победил на овој турнир. Уште од дете бил свесен како се стигнува до врвот.

Руски скијач кој се прави наудрен

И додека многу спортисти, клубови и федерации ги осудуваат нападите на Путин, а ФИФА им реди санкции, на Светски Куп во Финска го прашуваат рускиот скијач Вјачеслав Барков за војната во Украина, а тој мртов ладен вели дека тоа било спасувачка операција.

Дроп шот па мајсторски лоб на Ноле

За 1 час и 40 минути, Новак Ѓоковиќ на турнирот во Дубаи го суреди и Русинот Карен Хачанов со 2:0, а во еден момент со два убави потези, му покажа кој е кој во тенисот.

Малото дете што изнасмеа цела сала на тенис меч

По големиот и сензационален триумф на УС Опен, младата Британка со романско потекло Ема Радукану стана мега популарна и нова тениска надеж на Велика Британија. Таа во меѓувреме одигра еден егзибициски меч во Ројал Алберт Хал во Лондон каде едно мало дете ги изнасмеа сите откако и предложи да се ожени за него.

Зверев полуде, удираше со рекет кај судијата, избркан е од турнирот

Германскиот тенисер Александар Зверев нема да може да го продолжи натпреварувањето на турнирот во Акапулко (Мексико). Исфрлен е поради скандалозно однесување после меч во двојки кога со рекет грубо удираше во столицата кај што седеше судијата Алесандро Џермани. Зверев испадна со Марсел Мело во дубл 2:6, 6:4, 6:10 од двојката Лојд Гласпул-Хари Хелиовара, а во четврток во сингл требаше да игра со Петер Гојовчик.

Еуфоријата за Ѓоковиќ во Дубаи

Австралија опен 2022 е минато за Новак, кој гледа напред кон новите предизвици. Дали беше во право или не, сега веќе и не е толку битно. Факт е дека секој тениски турнир е посиромашен кога го нема него.

Сè помалку снег во светот, сè помалку снег за Зимски олимписки игри и природа

Глобалниот проблем со ефектот на стакленички гасови полека но сигурно става канџа и на убавите бели спортови, па така од 21 досегашен домаќин на Зимски олимписки игри, во иднина само два би можеле да бидат доволно студени и снежни за организација на истите. Сите други со вештачки снег.

Скопјанец до Рафа Надал: Извини што морав да ти го прекинам тренингот денес

Колку да нема забуни со насловот, Стефан Козлов е роден на 1 февруари 1998-ма во Скопје. Тој има руски родители, татко му Андреј Козлов е поранешен тенисер кој едно време работел во армија, а подоцна со семејството емигрирал во САД. Козлов-постариот сега е тренер на син му кој направи големо изненадување во Акапулко.