Разно

Украинска тенисерка се чуствувала дискриминирано зошто руските тенисери не биле исфрлени

И покрај тоа што атлетите од другите спортови веќе ретко се огласуваат на темата, во тенисот, кој е познат како „бел спорт“ односно синоним на чистина, хистеричниот однос на одредени тенисери и тенисерки и натаму трае.

САД ја укинува декларацијата, Ѓоковиќ најверојатно ќе игра на УС Опен

Убави вести стигнуваат за Новак и за другите спортисти кои немаат вакцинален сертификат односно не се вакцинирани поради што долго време не можеа да стапнат на тло во САД, а сега ќе бидат слободни како претходно.

Ѓоковиќ скришно му даде 100 евра на дете, ама со причина

Новак Ѓоковиќ како и често пати, беше да ја бодри Црвена Ѕвезда во живо на мечот против Валенсија од Евролигата кој белграѓани го добија 92:73. Камера го улови како му дава пари на едно од децата кои се сликаа со него.

Шарко и хокеарите

Да пукне им прави бе и тоа и на влез и на излез од терен.

Втората тенисерка на свет Сабаленка на удар од украински колеги и колешки

Една од најдобрите тенисерки на денешницата, 24-годишната Арина Сабаленка која неодамна стана шампионка на Отвореното првенство на Австралија, вели дека ни крива ни должна наишла на голема омраза кај колешките од Украина.

Најјакиот поен на Алкараз кој го симна од тронот Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го збриша Данил Медведев во финалето на Мастерсот во Индијан Велс за само 72 минути игра со резултат 6-3, 6-2 и сега е прв на АТП. Ако треба да се издвои атракцијата број 1 од неговите убедливи перформанси, тогаш тоа дефинитивно е поенот од полуфиналето против Јаник Синер.

Најлудиот нуркачки подвиг со кој не може ниту поларна мечка

А сега земете длабоко воздух пред да го прочитате рекордот на еден нуркач, кој и со влез во Гинис, 1% не ни менува ни помага да разбереме како успеал да преживее.

Совети како да се преживее удар од Тајсон

Мајк Тајсон не случајно го имаше прекарот „Железниот“, затоа што неговиот удар бил силен како удар со туч. Противниците издржуваа јадните по некоја рунда со него, додека не влезеше како мелница да ги меле во некое ќоше од рингот. Сега во САД снимиле видео со совети како да преживееш удар од Тајсон. Хм?

Ако видиш гужва сине, тргни се настрана

Џејк Пол е 26-годишен Американец кој станал познат по емисии на Јутјуб и другите социјални мрежи. Во еден момент почнува да снима и рап-музика, а во 2018-та решава да се проба во боксот. Во декември 2019-та го имаше професионалното боксерско деби. Остварил неколку победи во рингот и станал уште попознат.

Трампа стап за хокеј за банана

Дваесет и седум годишниот руски хокеар Андреј Кузменко од октомври лани игра во силната НХЛ лига откако потпиша договор со Ванкувер Канукс. Со добрите партии заслужил нов 2-годишен договор вреден 11 милиони евра или по 5,5 милиони годишно. За време на еден меч во НХЛ деца од публиката му стојат со пароли: „Куз, трампа банана за хокеарскиот стап“ и тој прифаќа.

Во Спорт Лајф стартува „До 50 шанси за 100.000 денари“

Започна акцијата „До 50 шанси за 100.000 денари“ на Sport Life, која ќе се одвива низ 4 неделни етапи, од 27.02. до 26.03. 2023 година.

ШАХ – Отворен меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2023

Шаховскиот клуб Алкалоид, под покровителство на својот спонзор, компанијата АЛКАЛОИД АД Скопје, ја продолжи догогодишната традиција и викендов го организираше традиционалниот Отворен меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2023.

Карлос Алкараз уште од млад е џентлмен

Шпанскиот тенисер кој е прв носител на АТП 500 турнирот во Рио Де Жаниеро го водеше Бразилецот Матеус Алвес со 6-4, 5-3 и беше на само еден гем до победа, но силниот дожд не дозволи да го доиграат мечот. 19 годишниот Алкараз ги прибра децата кои собираат топчиња со него под стреа, а истото го направи и лани, на истиот турнир.

Секој со своите приоритети

Ќерка да мажам, голф да испуштам. Не че мочи.

Час по физичко во средно, 1962

Сега дај им ја топката и нека вртат баскет на два коша, а наставникот оди турско да пие со чистачката. Што да не не е така? Добро де, понекогаш.

Алкалоид ќе ги спонзорира таеквондистите на патот до Олимписките игри 2024

Со финансиски средства и останати логистички ресурси на овој ентитет во текот на 2023/24 година, Алкалоид ја официјализираше новата соработка како генерален спонзор на Македонската таеквондо федерација.

Човечки гест на Ѓоковиќ на улица во Нови Сад

Кралот на Австралија опен за време на прошетка со Јелена во Нови Сад, го испочитува трудот на еден уличен свирач.

Грми новиот болид на Мерцедес за 2023

Култниот Ф1 тим Мерцедес го претстави официјално својот нов болид за новата сезона. Се вика W14 и ќе треба да гори асфалт во големите битки со Ферари и Ред Бул. На презентацијата беа и главните пилоти на тимот, Луис Хамилтон и Џорџ Расел, како и резервниот адут Мик Шумахер.

Во цврст натпревар Макпетрол и ЕВН одиграа реми

Гранит го совлада DHL во првиот ден од 12. коло од Бизнис лигата на Македонија, а Макпетрол и ЕВН одиграа без победник.

Леброн Џејмс им врати на навивачите кои го исвиркаа на Супербоул

Со 38.388 поени, Леброн го мина Џабар и стана прв стрелец во историјата на НБА. Но навивачите на Феникс Санс кои се најмногубројни во Аризона, каде се играше НФЛ финалето, немаа доблест да го испочитуваат „кралот“. Затоа тој им возврати „кралски“.

Во силна и рампоправна битка Волкановски загуби од Махачев

Австралискиот ММА борец со македонско потекло ја заврши серијата од 22 победи по ред, но сепак му пружи голем отпор на фаворитот и актуелен шампион во лесна категорија на УФЦ 284.