Македонија на извонредното трето место на светскиот скијачки подиум

Понеделнички убава вест ни пристигна утрово во сандаче, за спорт помалку популаризиран и слабо медиумски застапен. Нека се множат и вакви успеси.

Македонскиот сноуборд натпреварувач Златко Златко е освојувач на 3. место на ФИС натпреварите од Freeride World Tour qualifiers серијата.

Се работи за натпреварување од светски ранг во сениорска конкуренција со натпреварувачи од цел свет, кое се одржа викендов во Банско.

Златко Златко как дел од тимот на skimacedonia.mk го запиша големиот успех во огромна конкуренција од 22 сноуборд натпреварувачи од повеќе земји меѓу кои Австрија, Германија, Чешка, Бугарија, Австралија, Романија, Холандија, Грција...

Ова е првиот подиум за Македонија на 3. место во најекстремното натпреварувањa од FIS Freeride World tour.

„Замислената, планирана линија ја извозев најдобро што можев, со добар тек, без проблем стигнав до целта, очекувам висока оценка”, вели македонскиот претставник.

Инаку овие натпревари се одржуваат од 2008 година во водечките ски центри низ светот, а од оваа сезона и официјално се под ФИС скијачката федерација.

 

11 март 2024 - 12:32