Разно

Поенот на денот во изведба на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ по 19-ти пат по ред го совлада Гаел Монфис и со него има учинок 19-0. Во Синсинати Ноле лесно се справи со Французинот 6:3, 6:2 и сега во 1/4 финале го очекува Американецот Тејлор Фриц. На дуелот со Монфис Ѓоковиќ имаше неколку врвни потези.

Госпоѓо, вие цело време имитирате звук на пчела додека сервирам?

Го имаме најјакото комично парче во тенисот кое се случи на мечот меѓу Стефанос Циципас и Бен Шелтон на турнирот во Синсинати. Гркот има мака со сервирање, бидејќи некој од зад грб постојано му прави „бззззз“. Пријавува кај судијата, а потоа бара да открие кој е. Се работи за госпоѓа од прв ред, која му призна и му се извини дека нема веќе да го ремети. Еден па ја издаде, покажувајќи ја со прст. Цепки. Инаку Циципас победи 2:0.

Почнува Светско првенство во атлетика - што ќе биде интересно да се гледа?

Од 19-ти до 27-ми август во главниот град на Унгарија Будимпешта ќе се одржи Светско првенство во атлетика, еден од најголемите настани летово заедно со Мундијалот во кошарка и во женски фудбал.

Интелигенција од потег на Карлос Алкараз

Во меч кој траеше околу 3 часа, шпанската атракција го елиминираше Австралиецот Џордан Томпсон со 7:5, 4:6, 6:3 и обезбеди осминафинале на мастерсот во Синсинати. Потребно е знаење и многу осет за ваков поен во тенисот.

Конор МекГрегор го учи син му да тргне по негови стапки

Некогашната светска ѕвезда во УФЦ, Конор МекГрегор сака да му ги пресади своите боречки вештини на својот 6-годишен син со кого редовно вежба разни движења.

Ретко видена сцена во тенисот меѓу Надал и Ѓоковиќ

Се случи на денешен ден пред 10 години во Монтреал и толку е ретка што ни се чини дека ја гледаме еднаш на 10 години, па и поретко. А кога сме кај тенисот, се ближи УС опен на 28 август. Бранител е Карлос Алкараз.

Долг тениски поен донесе чудна дебата на сред терен

Милош Раониќ, познатиот канадски тенисер со потекло од регионов, на времето беше меѓу топ 10 на светот. Играше многу Гренд слемови и познати турнири. Потоа паузираше две години и сега се врати на терените откако добил покана за настап на Мастерсот во Торонто. А таму го снашла чудна епизода.

Франсис Нгану - најсилниот удар на свет, јак 96 коњски сили

Франсис Нгану, фамозниот УФЦ борец го има најсилниот удар во светот на боречките спортови. Иако тој веќе три години никој не победил со нокаут, сепак рекордот го држи околу шест години. Не му го урнал ниту најсилниот удирач на светот во 2017-та.

Ѓоковиќ кај Владо Георгиев во свадбарско расположение

Новак Ѓоковиќ и посебно Никола Јокиќ се пример за тоа како се живее на лето после напорна сезона. Истура дожд, а тој е на нозе и мавта со јакната.

Јутјуберот Џејк Пол го совлада Нејт Дијаз

Во борбата која долго време се очекуваше, пред неколку десетина илјади гледачи во Далас, Џејк Пол кој почнал како блогер и јутјубер пред да влезе во рингот и стане боксер, го совлада познатиот УФЦ борец Дијаз.

Нов циркус на Гаел Монфис, го изнасмеа и ривалот

По шоуто кое го правеше во претходните рунди, Гаел Монфис продолжи со циркус и на мечот со ексцентричниот Александар Бублик. Францускиот тенисер откако земал брејк во вториот сет, решил да игра само на свој сервис и лесно ги пропуштал сервисите на противникот. Добил и опомена за таквиот ноншалантен однос.

Егзотика на Универзијада - 100 метри за 22 секунди

Во кинескиот град Ченгду стартуваше ХХХI Летна Универзијада. Овој турнир неколку пати беше одложуван поради пандемијата во 2022 и на почетокот на 2023-та а сега се одвива најнормално. Со една занимлива епизода: атлетичарката Насро Абукар Али од Сомалија се пријавила на трката 100 метри иако на патеката не делувало дека е атлетичарка.

Махериште на колото кој за летово се обезбеди со 6,3 милиони денари

Не се мачите ни да ги читате ни да ги броите, 19 комада фатил и ги уплатил два пати за вкупна нето исплата од околу 103.000 евра.

Се појави нова дисциплина во атлетика

Се вика вака: 10 пива на 100 метри. Кој сака нека проба. Со останатите се гледаме во кафана.

Тргнал цреп да прави селфи среде Тур де Франс

Голем инцидент се случи на 15. алпска етапа на Тур де Франс. Главен кривец е неодговорна бараба која сакала да се слика со велосипедистите и да земе некој сувенир од нив среде трка, на 50-от километар од патеката. Прв настрадал Американецот Сек Кус после што следувала ланчана реакција и лом.

Синот и сопругата на Ноле му честитаа на Алкараз

Новиот крал на Вимблдон, младиот Шпанец Карлос Алкараз по триумфот над големиот Новак Ѓоковиќ, доби честитки и од семејството на Ноле, од синот Стефан и сопругата Јелена. Ова е втора Гренд слем титула за Алкараз во кариерата.

Сонот на Алкараз на 12 години

Малиот Карлитос сега има 20 години и 2 Гренд слем пехари на свое конто. Шпанскиот ас во големото финале го собори кралот на Вимблдон Новак Ѓоковиќ и славеше со 3:2 во сетови. Светската јавност во него гледа иден доминантен тенисер кој ќе си собере сите трофеи. Во моментов е број 1 на ранг листата.

Киксот за кој викаат дека го реши финалето

Новак Ѓоковиќ фуриозно го доби првиот сет од големото финале на Вимблдон против Шпанецот Карлос Алкараз со 6:1. Српскиот тенисер пропушти неколку брејк прилики а најголема му беше онаа на стартот на петтиот сет кога водеше 1:0 и при неколку размени беше на прагот од високи 2:0 во решавачкиот сет. Но неговиот форхенд волеј заврши во мрежата и тоа како да го окуражи Алкараз до крајот да го реши мечот.

Како светската тениска сензација Алкараз стана нов владетел на Вимблдон

Во последните години сите млади играчи кои претендираа на големи трофи, мораше да поминат важна етапа од својот развој, да се борат со неприкосновениот Новак Ѓоковиќ. Низ такви фази поминаа Данил Медведев, Доминик Тим, Стефанос Циципас и Матео Беретини. Речиси сите губеа големи финалиња од Ѓоковиќ, а единствен од новата генерација кој може со Новак на секоја подлога е младиот Шпанец Алкараз.

Необична судиска одлука на мечот Ѓоковиќ - Синер

Во моментов Србинот и Италијанецот играат во полуфинале на Вимблдон. Новак го доби првиот сет 6-3, а во вториот сет при еден извик на Ѓоковиќ по вратена топка, судијата постапил по правилото хиндранс кое вели дека крикот му засметал на противникот.

Рекорд за Гинис: Најдолгиот поен во историјата на бадминтон

Во натпревар во двојки меѓу Пирли Тан/Тина Муралитаран од Малезија и Мијаура/Сакурамото од Јапонија се одиграл најдолгиот поен во историјата на женскиот бадминтон. Најинтересно е што не удираат само лоб удари туку и силни смечеви.

Вика Азаренка за Новак

Некогашната најдобра светска тенисерка, Белорусинката Викторија Азаренка која играше одличен тенис на Вимблдон летово и стигна до четвртфинале, во подкастот „Ап фронт“ раскажува за разликата меѓу Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Се спрема страшна борба Фјури - Нгану, што е познато до сега?

Поранешниот хегемон во УФЦ, страшниот Френсис Нгану и актуелниот светски боксерски шампион во WBC верзија Тајсон Фјури на 28-ми октомври ќе боксуваат во Саудиска Арабија. Потврда за договорот стигна и од двата тима.