Разно

Џон Мекинро во одбрана на Ѓоковиќ: „Имавте две светски класи, тој дојде и им упадна на забавата“

Во вимблдонското студио на БиБиСи, домаќинката Клер Балдинг разговарала со стручниот коментатор и тениска легенда Џон Мекинро. Меѓудругото дискутирале и зошто дел од публиката е во конфликт со Новак Ѓоковиќ а и тој со нив.

Ѓоковиќ стана и напушти интервју со БиБиСи

Во рамки на медиумските обврски на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ денес зборувал во студиото на БиБиСи. Откако јасно и прецизно го образложил моментот по крајот од мечот со Холгер Руне кога на дел од публиката која не покажала нималку почит кон него иронично ѝ посака добра ноќ, сега се напна и со водителот.

Интересен поткаст со бугарската легенда Стефка Костадинова

Стефка Костадинова е славна бугарска атлетичарка која во 1996-та година освои златен медал во скок во вис на Олимписките Игри во Атланта (САД). Костадинова е двократен светски шампион и петкратен светски шампион во сала. 59-годишната Бугарка е во редот на најголемите тамошни легенди како Христо Стоичков, Георги Аспарухов, Красимир Балаков и др. Таа цели 37 години го држеше светскиот апсолутен рекорд во скок во вис со 2.09 сантиметри. Во неделата го урна младата Украинка Јарослава Махучих која скокна 2.10 и стана нова светска рекордерка.

На Новак му дојде преку дур

За нецели два часа, Ѓоковиќ го збриша Холгер Руне со 3:0 и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Во говорот им се заблагодари од срце на сите навивачи кои покажуваа почит, а потоа фино ги подбра хејтерите. Мој мој па преку мој.

Радоста кога ќе срушиш рекорд стар 37 години

За вакви моменти макотрпно тренираат, се лишат од многу задоволства, прават жртви и едноставно водат спортски живот. На митингот во Дијамантската лига во Париз, Украинката Јарослава Махучик прескокна 210 сантиметри и го сруши рекордот на Стефанка Костадинова која во Рим 1987 прескокна 209 сантиметри, за испишување нова историја во оваа атлетска дисциплина. Во скос со стап светски рекорд и натаму е оној на Русинката Јелена Исинбаева од 5.06 метри, остварен во Цирих 2009.

Преврна? Нема проблем, Новак и Ник ќе помогнат

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос во операција роловање, откако преврна дождот на Вимблдон.

Полуфиналето на Англија се славеше и на Вимблдон, Ѓоковиќ со фудбалски потег

Во вториот сет од 3. коло на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Алексеј Попирин, имаше кус прекин проследен со аплаузи. Ноле сфати за што се работи, публиката ги славеше пеналите против Швајцарија вредни пласман во полуфинале на ЕП.

Радоста низ цела земја кога Мареј го освои Вимблдон

77 години Велика Британија чекаше нивен тенисер да го освои најголемиот тениски трофеј на планетата. Мареј го скрши проклетството во 2013-та и тоа во финале против Ѓоковиќ. Вимблдон и од тоа направи видео по повод неговото збогување.

Феноменално видео за Мареј со Новак, Рафа, Роџер и Серена

Вимблдон ептен се потруди за да го испочитува Енди Мареј, кој последен пат се појавува на елитниот турнир, а пензијата ја најавува за после Олимписките игри. Му организираше и церемонија, а направи и ептен убаво видео.

Енди Мареј со солзи се збогуваше од Вимблдон

На домашен терен, пред своја публика и во присуство на Новак, Енди Мареј раскрсти со Вимблдон.

Магијата на Вимблдон

Најстариот тениски турнир на светот, оној на Вимблдон започна на 1-ви јули од понеделник и ќе трае до 14-ти јули. Веќе активно се игра втората рунда и кај мажите и кај жените. Посебно внимание има на кулниот Централен терен.

Епски дуел Тадеј Погачар - Вингегард на Тур де Франс

Дваесет и пет годишниот словенечки велосипедист Тадеј Погачар си ја врати лидерската „жолта маичка“ по напорниот триумф во страшната четврта планинска етапа на Тур де Франс долга 139,6 км. Ова е 12-та етапна победа на Погачар кој водеше епска битка со ривалот Јонас Вингегард пред кого сега има 50 секунди во генералниот пласман.

Тејлор Фриц мајсторе од кај го извади ударов?

Американецот Тејлор Фриц како 13-ти на АТП целосно ја оправда фаворитската улога против Кристофер О'Конел во првото коло од Вимблдон и го збриша со 3:0. Погледне го што стигна и каков поен освои. Маестрално.

Вимблдон веќе го има најјакиот поен на турнирот

Што се вели уште не почнат, најелитниот тениски турнир во светот веќе ни го носи поенот на турнирот и дефинитивно еден од најатрактивните во историјата на Вимблдон. Празникот во должина од 40 секунди ни го носи Лојд Харис од Јужна Африка, 91-ви на АТП. Ни доаѓа и ние во канцеларија да му станеме.

Зарем ова е нормално после тазе оперирано колено?

Со триумф против Вит Коприва од 3:0, Новак Ѓоковиќ го стартуваше походот кон осмата титула на Вимблдон. Изјави дека е задоволен како играл и се движел. Како нема да биде задоволен. Гледајте го како клиза.

Кога ќе речат треба да работи со психолог

Рускиот тенисер Андреј Рубљов попи шамар со 3:1 уште во првото коло на Вимблдон од дебитантот на турнирот Франсиско Комесана. Да видиме како го прими поразот.

Новак прозборе и германски и ги насмеа новинарите

Најтрофејниот светски тенисер по број на Гренд слем трофеи стигна во Лондон и веќе неколку дена тренира пред Вимблдон. Новак Ѓоковиќ стартува утре во 1. коло против чешкиот тенисер Вит Коприва. Во разговор со Вишковиќ од Спортклуб ги насмеа присутните на крајот од муабетот.

Рони: Денес повеќе сакам тенис од фудбал, фудбалот ми е досаден

Бразилскиот феномен кој за многумина е најдобар техничар во историјата на фудбалот, веќе подолго време се занимава со разни нешта далеку од фудбалот. Го интересирал и тенисот.

Како коментатори го исмевале малиот и слаб дебитант Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ во 2005-та година го започна патешествието кое се испостави дека ќе биде неверојатно. Тогаш уште како млад 18-годишен неискусен тенисер тргна во борба со големите дивови како Марат Сафин на Род Лејвер Арена во Австралија, па после пар месеци и во Париз на дебито на Ролан Гарос.  Ѓоковиќ во првото коло го совладал Роби Џинепри со 6-0, 6-0, 6-3 за 80 минути, а после во 2. коло играл против познатиот Аргентинец и финалист од претходната година Гиљермо Чориа. Новак после 4-6, 6-3, 3-2 го предал мечот кој траел 1 час и 54 минути.

Диего Форлан стигна до четвртфинале на тениски турнир

Еден од најдобрите уругвајски фудбалери на сите времиња, Диего Форлан кој сега има 45 години, решил да се проба во тенис. На меѓународниот турнир МТ1000 во Лима (Перу) кој е признат турнир од светската тениска федерација, стигнал до четвртфинале.

Нов опасен случај на Европско - полицијата пукаше во напаѓач на холандските навивачи

Пред само неколку дена европската јавност беше шокирана откако некој лудак со потекло од Авганистан влегол со нож и направил 'ршум во соседниот двор каде се гледало Европско во фудбал. Полицијата него го усмртила на лице место. Денес додека траела убавата парада на холандските навивачи, нов лудак со мачета се залетувал накај Холанѓаните па полицијата го испукала со неколку истрели.

Електро шок и притвор за упад на бејзбол во САД

За време на меч од бејзбол лигата на САД меѓу Синсинати Редс и Кливленд Гардијанс некој млад гледач упаднал на терен и трчал додека еден полицаец не го сопрел. Навивачот кој носел на себе ретро дрес од Синсинати Редс со број 5 на Џони Бенч, не застанал на повиците на полицаецот па дури и направил салто во еден момент. Полицаецот според правилникот го совладал со електро шок а младиот Вилијам Хендон (19) денес бил изведен пред судија и се гони за загрозување на јавен ред и мир.

Карлос Алкараз е шампион на Ролан Гарос

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз триумфираше во големото финале на Ролан Гарос откако после голем пресврт го совлада Александар Зверев со 3:2 во сетови.