Разно

Нориаки Касаи, шампион за долговечност со 8 олимпијади

Има 53 години, скока од 1988-ма, а знаете што е најинтересно? Уште скока, но не успеа да обезбеди настап во Милано и Кортина.

Како Ивко Панговски стигнал до интервју со Кирк Даглас на ЗОИ Сараево 1984?

Познавате ли некој друг наш новинар кој седел на маса со легендарниот холивудски актер, пиеле виски и снимил интервју долго 4 и пол часа? Дрво се направил Даглас.

Јоханес Клебо го освои 10-то јубилејно олимписко злато!

Неверојатниот норвешки крос-кантри скијач Јонахес Клебо уште еднаш влезе во историските олимписки учебници откако на ЗОИ 2026 во Милано и Кортина денес со својот тимски колега Аинар Хедегарт го освои златото во екипниот спринт (6х1,6км) со што стигна до бројката од десет златни одличја од Олимписките Игри, подвиг каков што немал никој досега.

Хаски ли е волк ли е на Зимски олимписки игри?

Секакви сцени гледавме на Зимските олимписки игри во Милано и Кортино ама една предизвика големо внимание. Животно се појави на патеката за време на крос-кантри скијањето конкретно во спринт дисциплината. Додека Хрватката Тена Хаџиќ го привршуваше својот настап хаски кое многу личи на волк потрча по натпреварувачките од Хрватска и Аргентина.

Велемајсторскиот слалом на Томба кој чудесно се спаси од паѓање

Алберто Томба важи за легенда во скијањето кој доминираше во 80-те и 90-те и освои три златни олимписки медали, две Светски првенства и девет титули во Светскиот куп. На патеката Арлберг во Австрија 1994, оствари победа која му го отвори патот до триумф во Светскиот Куп, на неверојатен начин. Направи грешка која речиси секој друг скијач би го принудила да се повлече. Тој не само што ја издржа, туку успеа да заврши прв, на што се чудеше на крај и самиот.

Србин и Хрват со лекција за обединување

Петар Пејиќ и Марко Ивковиќ застанаа еден наспроти друг како ривали на ММА меч, а се разделија како пријатели. Српскиот и хрватскиот борач си ги разменија дресовите и покажаа дека спортот не познава поделби. Коментаторот се воодушеви.

Фото на денот

Пред 16 години, во 2010-та година фотографот Горазд Кавчиќ од Словенија направил фотографија која денес е култна. На неа се 17-годишниот Петер Превц, 13-годишниот Цене, 10-годишниот Домен и 4-годишната Ника Превц. Ова најславно семејство на скијачки скокови до денес освои 10 олимписки медали. Само во Милано и Кортина 2026 фамилијата Превц освои пет медали од кои дури три златни.

Швајцарски коментатор со коментар за боб санкачи од Израел

Додека Адам Еделман, боб санкач од Израел се натпреваруваше на ЗОИ2026 во Милано и Кортина каде го имал првиот настап на Олимписки игри, коментаторот на државната швајцарска телевизија РТС зборувал за ситуацијата со израелскиот тим кој не беше суспендиран од Меѓународниот олимписки комитет ниту му беше наложено да се натпреварува под неутрално знаме како руските олимпијци. Имале и член кој учествувал во геноцидот во Газа.

Сингапур за злато на Олимписки игри дава 792.000 долари, Полска 211.000 долари, стан и кола

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина влегуваат во финишот а полека се издвојуваат земјите кои ќе однесат најголем број медали дома и ќе добијат големи парични награди.

Трката за второ злато на неверојатната Брињоне на која и се поклонија ривалките

Бајката на Федерика Брињоне на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина 2026 продолжи. По супервелеслаломот, победи и во велеслалом и стана двоен олимписки првак после страшна повреда и голема неизвесност за настап. Трката ја заврши со време од 2:13,50 минути, а сребрени медали освоија Швеѓанката Сара Хектор и Норвежанката Теа Луизе Сјернестунд, кои имаа идентично вкупно време.

Алберто Томба го расплака бразилскиот олимписки првак по телефон

Бразил испиша нова спортска историја. Го слави првиот олимписки медал, воедно и прв за Јужна Америка, а за тоа е заслужен Лукас Пињеро Братен. Честитки на телефон доби од легендарниот Алберто Томба. Италијанецот му се обрати на англиски, а овој пукаше од возбуда и му се заблагодаруваше на италијански.

Знамето на Југославија на Олимписките игри во Милано

Поранешна Југославија има освоено 87 олимписки медали. Иако не постои 35 години, ниедна земја што произлезе од распадот на СФРЈ не освои до сега толку медали. Хрватска моментално е на 60, Словенија има 55, а Србија е трета со 28. Плус денес има многу повеќе олимписки спортови.

Тениска атракција на денот

Австралија опен заврши скоро, ама пак има тенис, како на пример во Далас. Францускиот ветеран Адриан Манарино, 52-ри на АТП, сака да ви покаже како се снаоѓа на 37 години.

Камењата за карлинг кои се произведуваат на ненаселен остров од 1851 година

За карлинг се вели дека е елегантна и жестока игра, која изгледа нежно, но всушност има темни струи. Тоа е тест за логиката и способноста на спортистот да се прилагоди на ситуацијата.

Како изгледа скок од 2.340 степени во сноубординг?

Се работи за екстремно тежок трик кој за прв во историјата го изведе Хирото Огивара за време на машкиот сноубординг биг ер на X Games Pacifico пред една година. Во превод, тоа се шест вртења по 360 степени и плус уште едно од 180. Огивара во Милано и Кортина влезе во финале, но не успеа да освои медал.

Херојскиот супервелеслалом на Федерика Брињоне вреден злато

24 скијачки не успеаја да ја завршат трката на тешката патека со многу ветер. 35 годишната Италијанка ги занемари временските услови и после ужасна повреда која и ја загрози кариерата, блесна на патеката „Олимпија деле Тофане“.

Ана Цветановска го подобри резултатот од Пекинг 2022 за повеќе од 3 минути

Вториот наш претставник на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, го освои 105. место во дисциплината крос-кантри во нордиско скијање.

Бугаринот запрен на контрола, медалот од Олимписки игри му свирел

Бугарите имаат мошне пристоен број олимпијци на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина каде дојдоа со 20 спортисти (12 мажи и 8 жени) во 6 спорта. Веќе освоија и две медали, две бронзи. Прв после 20 години на Бугарија медал од ЗОИ ѝ донесе 20-годишниот Тервел Замфиров во сноуборд. Три дена после него и Лора Христова направи голем подвиг со осовена бронза во бијатлон. Тервел имал комична ситуација со медалот на една контрола.

Украинец исфрлен од Зимски олимписки игри поради кацига

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го отстрани украинскиот скелетонист Владислав Хераскевич од Зимските олимписки игри во Италија. Причина за тоа е контроверзната кацига.

Олимпискиот сон во спомен на родителите на Максим Наумов

На мразот во Италија не се лизгаше само еден спортист и тоа не беше само спортски момент. Тоа беше човечка приказна. Трагедија што го промени животот. Публиката во Милано стана на нозе.

Се збуни колешке а?

И во пинг понг има по некој Јокиќ лик кој ги шокира оние од негова екипа.