Ова е трето европско злато за Полска во историјата. Првото го освоија во 2009-та, второто на претходното Европско во 2023-та исто под водство на српската одбојкарска легенда Никола Грбиќ.
Полјаците претходно ја одбранија и титулата освоена во Лига на нации па оваа сезона им е само продолжение на бербата на трофеи.
Откако Грбиќ стана селектор на Полска во 2022-ра година, освоија Светско првенство, три пехари во Лига на нации и две злата на Европски првенства. Вкупно ова е десетти медал по ред на Грбиќ од големите турнири како селектор на Полска.

Врвните Бартоломеј Болаж со 16 поени, Томаж Форнал и Вилфредо Леон со по 13 поени беа најзаслужни за триумфот во финалето против двократниот олимписки шампион Франција. Кубанецот одново беше клучна фигура на Полска, по којзнае кој пат правеше разлика на теренот, особено што го заврши дуелот со дури четири аса.
Panie i Panowie - JESTEŚMY MISTRZAMI EUROPY! 🥹 Coś pięknego! 🔥😎❤️ #GangŁysego pic.twitter.com/TAFRzgjYcl
— WP SportoweFakty (@WPSportoweFakty) September 26, 2026
Полска со оваа победа обезбеди пласман на Летните олимписки Игри во Лос Анџелес.
ФИНСКА ДО ИСТОРИСКИ МЕДАЛ

Одбојкарите на Финска претходно испишаа историја откако го освоија својот прв медал од европските првенства. Во дуелот за трето место ја победија Словенија 3-0 (25:24, 25:20, 28:26). Словенците првпат после 2019-та остануваат без медал.
Финска досега имаше само четврто место од Европско првенство 2007-ма година.
Финците беа најпријатно изненадување на Европското првенство. Во средбата за трето место браќата Лука и Ноа Мартила кои се врвни смечери, заеднички освоија дури 23 поени во првите два сета.
На крајот Ноа Мартила забележа 19 поени, Лука Мартила 17 поени, а Веика Линдквист 12 поени за Финците. Кај Словенија Можиќ со 15 и Мујановиќ со 11 поени беа најефикасни.