За да го доведе Блек Коулмен во своите редови, Тампа Беј се одрекла од правото на прв пик на следната драфт рунда. Блејк не разочарал сезонава: постигнал 4 гола и имал 5 асистенции на 17 меча.
Особено убав гол беше оној со алеј-ап на 4-от меч против Њујорк Ајлендерс.
Еден од потешките натпревари за Блејк и неговиот тим Тампа Беј се играше во првата рунда од плејофот: дури пет продолженија против Колумбус, скоро колку два цели натпревари. Хокеарите едвај стоеле на нозе, а Тампа некако собрала сили да победи.
Да го издржи целиот маратон и тежок напор на Коулмен му помогнала обична финта: пиел расолница.
„Мислев дека никогаш нема да заврши мечот. Во еден момент го прашав Палата: „Колку е резултат во продолжение“? Пиев се што најдев и ми изгледа како цела серија да ја одигравме во една вечер. На овој меч имаше многу тегли со кисели краставички. Дечките имаат грчеви а јас со себе носам пакет расолница. Испивме 7 или 8 тегли. Ги пиеа дури и дечките што не сакаат расол. Со себе донесов 50 тегли и за една вечер испивме многу“.
Coleman drinking pickle juice in penalty box. pic.twitter.com/pEmWWdam59
— megan YELI MVP brown (@thatgirlondeck) October 7, 2017
За ова откритие за враќање на свежината во телото, во организмот, Коулман раскажал:
„Почнав да пијам расол уште на колеџ (Универзитет Мајами), особено кога одевме да играме во Колорадо. Сум слушнал на времето за тоа од дечките на колеџ и од познати фудбалери. Кога станав професионалец, почнав да имам грчеви. Пробав се што може да се проба, ама реално само расолница ми помогна да се борам со грчеви“, раскажал Коулмен пред пар сезони.
Така го добил прекарот Мистер Краставичка и постепено ги навлекол и сите свои соиграчи на кисела туршија и расол. Дури и договорил соработка со еден производителите на маринирани краставички, па тој и солидно заработува од продажба на овој производ.
Расол пие и познатиот американски тенисер Френсис Тиафо кој рекол дека расолница многу повеќе му помага при напор отколку брендираните познати енергетски пијалаци.
ЗОШТО БАШ РАСОЛ И КАКО ВЛИЈАЕ НА ТЕЛОТО ПРИ ЗАМОР?
Овој народен рецепт за краставички помага не само навечер после прејадување, туку и за време на интензивен напор кој е присутен во секој професионален спорт.
Долгите и напорни хокеарски натпревари доведуваат до сериозна дехидратација на телото, намалување на водата и солта во метаболизмот.
Киселите краставички во тегла содржат натриумова и калиумова сол и на тој начин се дополнуваат електролитите кои човековото тело ги губи при сериозно потење.
Расолот не им е баш најомилен на многу луѓе поради својот силен вкус и мирис, но далеку побрзо воспоставува рамнотежа меѓу водата и солта од познатите слатки пијалаци на познатите брендови.
Покрај ова, силната острина на вкусот помага во борбата против грчевите - кога рецепторите доаѓаат во контакт со силна киселина и сол од расолницата, мозокот почнува да праќа нервни импулси во мускулите и да ја нормализира нивната состојба.
„Расолот може да биде кисел, остар па дури и горчелив, тоа предизвикува рефлекси кои помагаат мускулите да се опуштат. Ова е малку поинаков начин на гледање на мускулната спазма - не ги гледаме од гледиште на дехидратација, туку од гледиште на нервен систем.
Секако, расолот не е популарен како спортските пијалаци, но некои спортисти често го користат“, вели Мерилин Гордон од Универзитетот на Југо-источна Флорида.
Но од друга страна проблемот со прекумерно пиење расол е тоа што може да доведе до проблеми со високиот крвен притисок. Кај нас обично расолот се пие рано наутро од добро познати причини од претходната вечер.