Тешко тениско безобразие

На натпреварот од Отвореното првенство на САД меѓу Јулија Путинцева и Јасмин Паолини, оваа првава додека губела, во нервоза идиотски се понела со едно девојче задолжено за собирање топки.

28-годишната Путинцева подоцна се извинила за глупоста:

„Сакам да се извинам пред тоа девојче за тоа како се понесов себеси. Не беше поради неа. Бев лута на себе поради тоа што не освоив брејк топка. Бев разочарана и длабоко замислена, не сфаќав што се случува и кој ќе ми додаде топче“.

3 септември 2024 - 10:55