Мајк Тајсон не престанува да изненадува. Што и да направи или каже, ја разбранува цела јавност. Уште од разделбата со бенгалскиот тигар кој го чуваше дома и со кого мораше да се раздели откако овој ѝ скинал рака на некоја жена (доби отштета од 250.000 евра), па сè до пустинска жаба од Сонора.
До неодамна халуциногениот отров од жаба беше поврзуван со подземните трагачи по психоделични искуства, а таканареченото змијско психотропно масло станува сè попопуларно меѓу познатите личности како што се боксерот Мајк Тајсон, контроверзниот ликовен уметник Хантер Бајден (син на американскиот претседател Џо Бајден), тв водителката Кристина Хак од HGTV раскажувала за ефектите на ширење на умот од овој психоделичен изум.
Тајсон за оваа жаба рекол дека направила да „умре“ и „пак да се роди“.
„’Умрев’ за време на мојот прв трип. Во моите трипови видов дека смртта е прекрасна. И животот и смртта се убави, но смртта има лоша репутација. ’Жабата’ ме научи дека нема засекогаш да бидам тука. Има рок на траење.“
Супстанцата од жабата се добива од Bufo alvarius, мексиканска жаба позната и како Пустинска жаба од Сонора. Таа живее околу седум месеци годишно под земја, но кога е активна, односно кога лачи течност, нејзиниот отров може да се пуши или конзумира на друг начин со цел да се постигне краток но многу опасен психоделичен трип. (со прсти ѝ се тријат жлездите на вратот, таа при состојба на страв лачи млечна течност која се собира на парче стакло и се остава да се исуши за да го изгуби токсичното дејство. Тогаш се искристализирува и се пуши).
Отровот од оваа жаба со векови бил користен во алтернативни ритуали за лекување, но по популарноста на ЛСД и ајахуаска меѓу богатите и славните во САД, „жабата“ полека го земала приматот.
Мајк Тајсон го открил ова пред четири години. Во тоа време тој бил 100 килограми тежок, пиел и се дрогирал. Бил многу несреќен. Еден од неговите пријатели му предложил да проба со експериментот од жаба, а Тајсон набрзо бил воодушевен од „резултатот“.
„Се охрабрив да пробам. Сум правел разни тешки дроги како кокаин, па зошто да не и ова? Ама ова е друга димензија. Пред да направам „отров од жаба“ бев пропаднат. Најтешкиот противник со кој некогаш сум се соочил бев јас. Имав ниско мислење за себе. Луѓето со големи ега често слабо се ценат себе. Го користиме нашето его да го прекриеме тоа. “Отровот од жаба“ го разобличува нашето его, помага да го достигнеш максимумот“, рекол Тајсон пред новинарите во Мајами.
Тој раскажал и дека 53 пати пробал „отров од жаба“, понекогаш и по три пати во ист ден. Вели дека изгубил 45 килограми за три месеци, дека му се вратил на боксот пак и дека го обновил односот со жена му и децата. Станал и адвокат за психотропни супсанци, ги препорачувал насекаде низ САД.
„Ме направија покреативен и ми помогна да се фокусирам. Многу сум поприсутен како бизнисмен и како претприемник“, констатирал некогашниот боксерски светски шампион кој е сопственик на голема плантажи со канабис.