Арманд Дуплантис од Шведска на свои 24 години стана најдобриот скокач со стап во историјата на овој спорт. Има 2 злата од Олимписки Игри (2020 и 2024), има 2 злата од Светски првенства (2022 и 2023) со рекорди, има 2 злата од Светски првенства на затворено (2022, 2024), има три злата од Дијамантска лига (2021, 2022, 2023) има 3 злата од Европски првенства (2018, 2022, 2024), има злато од Европско првенство на затворено (2021) и уште три злата во јуниорски категории.
Ништо послаб не е ниту Норвежанецот Карсен Вархолм, голема олимписка ѕвезда на 400 метри и 400 метри со пречки кој има злато и сребро на Олимписки Игри (2020, 2024), три злата од Светски првенства (2017, 2019, 2023), две злата од Дијамантска лига (2019, 2021), три од Европски првенства (2018, 2022, 2024), две злата од Европски првенства на затворено, и уште две злата и три сребра на младински Светски и Европски првенства.
Договараат трка на 100 метри во Цирих во пресрет на Дијамантска лига.
Дуплантис истрчал за 10.37 што е страшно чудесно време. Вархолм истрчал 10.47:
Watch Mondo Duplantis 🇸🇪 beat Karsten Warholm 🇳🇴 over 100m in a head to head at the Zurich Diamond League!!
— Track & Field Gazette (@TrackGazette) September 4, 2024
He clocked a remarkable 10.37s!
As a result of this defeat, Warholm has to compete tomorrow in Swedish kits, according to Colin Jackson.pic.twitter.com/eqTzqgVAOb
🎥 Pole Vaulter Mondo Duplantis 🇸🇪 defeats 400m hurdler Karsten Warholm 🇳🇴 over 100m, clocking 10.37s
— World Athletics Hub (@wldathleticshub) September 4, 2024
🔥
📸 @CitiusMag @WeltklasseZH pic.twitter.com/EV6NbuiwNB
„Ептен сум запален. Како да не бидам? Мислам, дај, не ме зафркавај“, во чудо бил и самиот Дуплантис после трката.
По триумфот Дуплантис како што била кладбата, му дал дрес од Шведска на Норвежанецот Вархолм кој ќе треба да го носи на трката 400 метри со пречки денес на Дијамантска лига.
„Му го дадов на Мондо, ме победи, фер и чесно, беше супер трка. Беше многу побрз, беше надвор од себе“, вели 28-годишниот Вархолм, 4 години постар од Дуплантис.
Со овие две времиња, Дуплантис и Вархолм ќе успееле да влезат и на главната трка на 100 метри на Олимписките Игри во Париз 2024 од квалификациите. Инаку државниот рекорд на Шведска на 100 метри годинава Хенрик Ларсон довел до 10,08 секунди.
Дуплантис го одбрани олимпиското злато летово во Париз откако постави нов светски рекорд, а потоа минатиот месец во Силесиа во Дијамантската Лига постави нов светски рекорд со скок 6,26. Вархолм, пак, е светски рекордер на 400 метри со пречки и трикратен шампион. Тој во Париз не ја одбрани титулата од Олимписките Игри 2021 во Токио затоа што заврши втор зад Американецот Раи Бенџамин.
Претходно на 100 метри скокачот Дуплантис имал најдобро време од 10.57 на една средношколска трка во САД во 2018, а Вархолм на 100 метри најдобро истрчал во 2017-та кога часовникот покажал 10,49 секунди.