Шахистка со жива труела противничка, фатена на камера

Шахистката Амина Абакарова од Дагестан се обидела да ја отруе својата противничка Умајганат Османова на шаховски турнир во оваа руска република.

Абахарова истурила жива од термометарот на шаховската табла и на масата со шаховски фигури, а набргу откако Османова седнала на маса, почувствувала мачнина и вртоглавица и на крајот колабирала.

На местото на настанот ѝ била укажана помош, па завршила во болница, а руските медиуми пишуваат дека за среќа нејзиниот живот е надвор од опасност.

„Сите информации ги собираме од еден извор. За жал, факт е дека ова навистина се случи. Супстанцата? Беше жива. Најпрво ѝ посакувам на повредената многу здравје и брзо закрепнување. Сигурен сум дека сѐ ќе биди добро и дека наскоро ќе му се врати на шахот. За среќа, со Османова сѐ е во ред. Докторите ги презедоа сите потребни мерки и шахоистката е пуштена дома. Нејзиното здравје во моментов не е во опасност“, рече Александр Ткачев, извршен директор на Руската шаховска федерација.

Главниот мотив за нападот е наводно лично непријателство кое трае веќе подолго време, а Абакарова ја обвини Османова дека се однесувала навредливо кон неа и кон нејзиното семејство.

Организаторите на турнирот го пријавиле инцидентот во полиција, која ја прегледала снимката од надзорната камера и открила дека зад сѐ стои Абакарова.

Во меѓувреме Абакарова доби доживотна забрана за учество на шаховски турнири, и се заканува губење на работното место и затворска казна до 3 години.

15 август 2024 - 15:46