Пред почетокот на Олимписките Игри, во руската јавност имаше големи и долги дискусии околу тоа дали руските спортисти треба да се појават во Париз под такви недостоинствени услови.
Некои во Олимпиското село не сакале ниту да ги видат на Летните Олимписки Игри. Во Русија Игрите не се пренесувани на телевизија а дел од медиумите оние спортисти кои отидоа во Париз во борба за медал ги нарекоа предавници.
Во Токио на Олимписките Игри 2021-ва Русите имаа огромен екипаж со 335 спортисти кои освоија 20 златни медали, 28 сребра, 23 бронзи - вкупно 71 медал. Овојпат се далеку помалкубројни поради одлуката на МОК.
Во многу сложен амбиент за руските спортисти од кои некои се тинејџери, тие избегнуваат да зборуваат за политика и војна.
ШТО МИСЛАТ РУСКИТЕ ОЛИМПИЈЦИ?
„Моето семејство е гордо на мене, тоа е најважно“, вели младата тенисерка Дијана Шнаидер која со Мира Андреева станаа првите руски претставнички кои освоија медал на Олимписките Игри во Париз откако во големото финале во дубл освоија сребро после поразот од Италијанките Ерани/Паолини.
20-годишната Шнаидер вели дека е прекрасно да се биде на првите Олимписки Игри за неа.
„Има многу луѓе од мојата земја на трибините и ни пружаат голема поддршка. Слушнав охрабрувачки зборови денес“, рекла таа во четвртокот после четвртфиналето.
Победникот на УС Опен од 2021 и еден од најдобрите светски тенисери Данил Медведев веќе знае како да се справува со медиумите и како да игра ширум светот без руското знаме.
Другите биле збунети. 19-годишната трамполинистка Анжела Бладчева во петокот завршила на 5. место на нејзиниот турнир. „Има толку многу емоции, толку многу народ, секој е срдечен и среќен и услужлив“, рекла таа која во Олимпиското село поминувала време со другарка исто трамполинистка од Азербејџан.
На церемонијата на отворање сите земји беа претставени додека пловеа со бродови по реката Сена но Русите како неутрални поради одлуката на МОК не беа вклучени.
„Фрустрирачки е што не не пуштија нас, но што можеш да направиш?“, рекла Бладчева која за отворањето уште била во Русија и рекла да не го гледала.
МАЛКУ РУСИ И БЕЛОРУСИ НА ЛОИ ВО ПАРИЗ
Од 32 „неутрални“ олимпијци, 17 претходно настапуваа за Белорусија а 15 за Русија.
Од 300 и нешто олимпијци во Токио 2021, сега Русите и Белорусите очекувано се многу помалку. Пример, гимнастичарите, гимнастичарките како и кревачите на тегови ги одбиле квалификациите за ЛОИ 2024 во знак на протест што биле принудени да се натпреваруваат како неутрални а уште и од МОК им барале проверка на нивните профили на социјални мрежи.
Некои Олимпијци кои дури и се квалификуваа, се повлекоа од Олимписките Игри неколку недели пред почетокот. МОК соопшти дека 10 Руси и 1 Белорус прво обезбедиле настап, а после тоа одбиле.
Во јавноста во Руска Федерацја генерално преовладува мислење дека ниеден спортист не требало да се појави во Париз под такви уценувачки и срамни услови, но има и такви кои ги бранат оние кои решиле да отпатуваат под изговор дека еден спортист се спрема цел свој живот и кариера за настап за Олимписки Игри.
ШТО КОГА РУСИ ИЛИ БЕЛОРУСИ ЌЕ ОСВОЈАТ МЕДАЛ?
Тенисерките Шнајдер и Андреева во неделата станаа први атлети од Русија кои стигнаа до медал. Во тенис во женски дубл.
Тие се качија на подиумот во светло зелено-бела опрема и зелено знаменце со скратеницата AIN - односно француски акроним за Индивидуален Неутрален Атлет.
Белорусите претходно и подоцна освоија медали. Злато и сребро во машки и женски турнир во трамполина во петокот, а во саботата Белорусинот Јаухени Залати освои сребро во веслање.
За време на доделување не медалите за неутрални спортисти, кога е злато во прашање, во позадина свири „химната“ која МОК ја нарачал за ова натпреварување, мелодија која повеќе личи на звучна подлога за инспиративно видео отколку на државна химна. Нивните медали не се семтаат во официјалната табела на медали од организаторите на Олимписки Игри.
Русите на минатите Олимписки Игри во Токио 2021 се натпреваруваа под името „Руски Олимписки Комитет“ а не Русија поради рестрикциите и забраните од МОК поради наводен допинг скандал од претходни Игри.
Во Токио им дозволија да носат опрема во боите на руското знаме а за време на доделување златни медали во позадина одеше музика од рускиот композитор Пјотр Чајковски а не руската национална химна.
ДАЛИ РУСИ СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ЗА ДРУГИ ЗЕМЈИ?
Најмалку 82 олимпијци од Игрите во Париз се родени во Русија, меѓу нив и оние неутралните кои настапуваат под закрила на МОК, пишува норвешкиот NRK. Тоа значи дека повеќе од 60 Руси и Русинки се натпреваруваат за други земји.
Некои живеат надвор од Русија а некои се преселени во други земји како деца. Пливачката Антастасија Кирипчникова се натпреваруваше за Рускиот Олимписки Комитет во Токио. Во меѓувреме тренирала во Франција со години пред да реши да прифати понуда од француската репрезентација да плива за нив минатата година. Сега минатата среда на ЛОИ2024 освои сребрен медал во слободен стил на трката на 1.500 метри.