Македонски Телеком преку Влатко Манев до победа над ArcelorMittal
Македонски Телеком 7-3 (4-2) ArcelorMittal
Македонски Телеком: Влатко Манев 12', 17', 29', 37', 38', Душко Симоновски 14', Ивица Вељановски 14'
ArcelorMittal: Игор Мирчески 2', Александар Илиев 12', Методија Мијовски 25'
Доста турбулентно прво полувреме во кое во првите 10 минути екипата на Arcelor Mittal доминираше со својата игра за да во натамошниот дел од полувремето екипата на Македонски Телеком заигра во свој препознатлив стил и со 4-2 отиде на полувремето. Мора да напоменеме дека се играше чист фудбал, без ниеден прекршок во текот на целото полувреме, што првпат се случува на Бизнис Лигата на Македонија. Македонски Телеком продолжи со добрата игра и во вториот период преку расположениот Влатко Манев, кој прикажа брилијантна игра и ја водеше својата екипа до победа од 7-3.
ЕЛЕМ фуриозно против Глобко Логистик
ЕЛЕМ 8-0 (5-0) Глобко Логистик
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 2', Александар Николовски 3', 5', 24', Влатко Петровски 11', 27', Александар Бокан 17', Димче Димитријески 32'
Глобко Логистик: /
Екипата на ЕЛЕМ направи вистински подвиг во натпреварот против Глобко Логистик одигрувајќи перфектно како во нападот, така и во одбраната. Не и дозволи на екипата на Глобко Логистик која се чини дека немаше ден да постави игра со која би и се придружила на ЕЛЕМ. На крајот од натпреварот ЕЛЕМ издвојува победа со убедливи 8-0. Полувреме 5-0.
ЈСП со поефикасна реализација од Општина Карпош
Општина Карпош 2-5 (0-2) ЈСП
Општина Карпош: Стојан Андонов 22', Горан Даниловски 34'
ЈСП: Ивица Арсенов 8', 32', 39', Дејан Блажевски 11', Љупчо Павловиќ 35'
Бевме сведоци на доста брз и отворен фудбал од страна на двете екипи. Играа агресивно по целиот терен со голем притисок во делот на одбраната. Во ваквата игра повеќе се снајде екипата на ЈСП која ги искористи создадените шанси за гол и го доби овој натпревар со 2-5.