Првата маскота се појавила на Олимписките игри во Мексико во 1968-та година. Тоа бил гулабот на мирот (Paloma de la Paz) како придружен детал на слоганот на тогашната Олимпијада, „Игри на мирот". Од тогаш организаторите на Олимписките игри го прифатиле овој тренд и креирале свои маскоти.
1968 Мексико - Гулабот на мирот
1972 Минхен - Волди
1976 Монтреал - Дабарот Амик
1980 Москва - Мечката Миша
1984 Лос Анџелес - Орелот Сем
1988 Сеул - Тигарот Ходори
1992 Барселона - Кучето Цоби
1996 Атланта - Изи
2000 Сиднеј - Оли, Сид и Мили
2004 Атина - Атена и Певос
2008 Пекинг - Беибеи, Џингџинг, Хуанхуан, Јингјинг и Нини
2012 Лондон - Венлок и Мандевил