Ако Сони Плејстејшн не излегува од мода и се одржува во живот меѓу гејмерите со вадење на нови верзии, тогаш има нешто што е скроз излезено, ама сепак го има.
Кој би рекол дека постои и може да се најде оваа зараза која беше дел од едно далечно детство полни со игри. Дел динамични во маало со или без топка, дел повторно динамични ама на флипери после школо и третиве по дома кои ти следуваат откако ќе напишеш домашно.
Некој цар на интернет продава Играчка конзола со дури 620 вградени игри.
Вие што се родени во 80-те нема шанси да не се сетите на овој драгоцен уред кој ги има(ше) познатите и најиграните:
Џоистиците правоаголни, нежни и незаборавни. Отиде ли еден од многу притискање, потоа мачи го татко ти да ти најде уште еден по пазари.
Ау какви времиња беа ова.