Новак Ѓоковиќ пред крајот на минатата година им даде поддршка на студентите во борбата за правда по страшната трагедија во Нови Сад.
Сега српскиот тенисер ја поддржа и студентката која за среќа излезе жива од страшниот инцидент во кој со кола ја прегази некој бесен и луд возач.
„Соња солидно ја мина ноќта, стабилна е и комуникативна. Немаше никакви влошувања па лекарите се надеваат на добар тек на опоравокот и покрај видот на пвореди. Денес пак строг надзор и контролни снимања“, пишал на Х Предраг Воштаниќ, татко на најдобрата другарка на Соња која имала и нималку пријатни повреди на главата, пишува Спортклуб.рс.